Култот кон постарите

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
У се се криви, а најмногу ми се криви тие што ги оправдуваат бе ..
Чекај малце....
Не ја прочитав, баба ми се испрде кога ја виде и се умре од смеење.
Ај вака малце да гледаме реално на некои работи, кога веќе се фативме за пензионерите:
На пензионерите им е дозволен бесплатен превоз во Скопје, со цел курчење по цел ден и безделничење по градот оти нема што да прават.
Лично со пензионери (четворица) имам правено муабет,и ни еден од нив не го оправдува ова. Иако се пензионери, не го сакаат, сметаат дека е воопшто неправедно.
Друго .. во нив е иднината бе ? Тие до прва деца треба да прават, па да ги чуваме како очите во главата? Тие утре треба семејство да ствараат?
Еве ќе ги земам за пример студентите. Зошто бе они да немат слободен превоз од понеделник до петок во одреден период? м?
Зошто за нив да не важи ? Нели во студентите е иднината ? Тие ли се следните кои треба да создадат своја фамилија ? Дали тие не го заслужуваат превозот ? Повеќето од нив се на факултет, и сакаат што побрзо да завршат, а нивните родители дома крај со крај врзуваат за да му го овозможат факултетот. И не ми вели за ова дка не сум во право затоа што знам дека сум. Само родителите знаат како е кога треба да школуваат студент, да ги плаќаат сите трошкови, партиципации, сместувања итн. Замисли, некој не може да најде сместување блиску до саканиот факултет, па патува по 40 - 50 минути со автобус,затоа што мора да патува и мора да го плати истиот. Замисли земено, месечно ако не извади карта, троши 1800 денари. Зборувам само да отиде и да се врати од факултетот. Не ми кажувај дека пензионерите живееле и работеле за нас, ако толку живееле и работеле, треба сами да се кренат против ова, ако толку гледаат да има за нас. Ама не, нив им одговара, еј, ајде ќе се качиме бе у автобус, беспари е ќе се возиме. Зошто ги нема во приватните автобуси ? Само затоа што треба да платат ? Епа ајде, да ги видам тогаш дека не им е дојдено до тоа, нека си се качат во приватен и нека платат. Дали 10тина души гледам во вторник/викенд во приватен. Едвај ги има и толку.

Доколку немаш уште некого пратено на факултет, посакувам тој ден да дојде и да видиш како е. Но безвредно зборувам ако си од Скопје.
Поздрав, се надевам ја употреби главата да го прочиташ ова, и не го помина само преку ред за да ми ја видиш поентата.
Кое сеа од овие две?

Многу многу има генерализација.
Дека се лесна маса за манипулација, се - факт.
Дека некој си игра шах со нивните „мали“ побарувачки и тука е факт. Мали се бе тие побарувачки. Бесплатен превоз е ништо во споредба во инвестиции во поквалитетно здравство, школство.
Но Аутрајдер тоа што погоре го спомна дека луѓето кои го оправдуваат ваквиот чекор како добробит и светла точка во општеството заслужуваат да им се лепи етикетата на хунза, калаш, арнаут, и тоа држи вода. Не можа бре да ми каже некој пензионер кој е израснат во еден систем кој му пружал буквално се` од најобична егзистенција, сега откако оваквиот транзициски го укинува тоа и воведува некој бесплатен превоз е добробит за државата. Самите тие треба да се свесни пошто се растени во едно сигурно општество дека сега егзистенцијата е сведена на површност и шалабајзерство, додека основните столбови кои го држеле ова општество и во кои они живееле се во тотален колапс. Но џабе е.... Знаеш зошто? Затоа што ситиот на гладниот не му верувал никогаш. Затоа што отсекогаш ова поднебје било подложно на турбулентни периоди и никогаш не може да помине барем одредено време да се стабилизира барем една генерација од почеток до крај. Цело време јаваме некои бранови, бркаме ветерници, исправаме криви дрини, суштината ја мешаме со (не)реалноста, правиме ирационални чекори на циганчење (give a man a fish and you`ll feed him for a day). Се` се базира на некој меѓу-простори, импровизориум, а-пе-пе.
Знам дека постов и не е баш за овде, но кога веќе вадиме аргументи сакав јас лично да ги извадам моите.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Eпа кај нас е све поразително на секое поле, тој очај им се сервира им се овозможува на таа категорија зш се најбројни а и лесни за манипулирање. Ај да рачистиме овде на темата што е проблемот почитување на постарите или слободниот превоз кој им е овозможен, мене некако оделно ми се гледаат овие две работи.


И што се криви пензионерите објасни ми ???

Самиот бесплатен превоз се темели на поштовање, така да тоа е дел од темата.

Лесни за манипулирање? Па нели тоа се луѓе со огромно животно искуство, кои поминале низ сите животни школи, мудрост и тие ствари, нели стереотипите кои се присутни за постари особи.....кад видиш ги подлажувале со бесплатен бус :rofl
Тоа ми е муабетот, не можеш да прелажеш навистина мудар човек со такви глупавштини, можеш да манипулираш само со морони. Стари или млади, сеедно...

Проблемот е што за млад морон е прифатливо да се каже дека е морон. За стар морон.......е некако непријатно, неприфатливо, непристојно во најмала рака. Мене ми е исто, со таа разлика што за 19 годишен морон има надеж, а за 80 годишен нема. Настрана автобусите, какви глупости сум слушал од постари особи, какви ретардирани бескичмањачки `совети`, туџи ме срам убија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Electra

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Soldner, Сајко, @malo, мислам дека лаете на погрешно место.
Целата работа започнува од „законот“ што е донесен за пензионерите, не од самите тие. Таа старосна група не се жалеше поради потребата да се вози, но по некој сплет на политички околности и на некој кому му одговара, се донесе таа одлука. Пензионерите се најголемата „администрација“ тука нема сомнеж - бидејќи тоа е таа старосна група која зависи искључиво од државната милост и немилост. Е сега кога државата доделува нешто што е „од бога дадено“ зашто да не се искористи. Викате за повикување на разумност? Па во сиромашен народ „леб и игри“ се најдобрата награда и мир во државата.
Целата грешка е што оваа држава не се потрудила подлабоко да го изанализира целиот проблем со јавниот превоз. Алба погоре добро пиша за структурата на нашето општество а Аутрајдер мислам више ко пења му фати устата од повтарање all over again, дека секоја одлука што се донесува тука во нашава држава е донесена чисто по автоматизам да се задоволи рајата на краткорочен план, притоа не постојат никакви анализи (економски) само политички и лупање на рејтинзи.
Ова со автобусите е само еден пример, дека е по свеж и затоа најверојатно повекето од нас се фатија за него. Бидејки потекнувам од мал град, поточно од уште помало село, можам да приметам дека тие стари луге таму значително се разликуваат од старите луге овде во Скопје. Секоја чест на селаните. Наполниле по 80 години и сеуште одат на нива, одгледуваат домашни животни, тераат некој занает, но она што најмногу ме фасцинира кај нив е тоа што имаат прекрасен однос кон природата, а тој однос се пренесува и кон околината, семејството, пријателите и така натаму. Од нив може да се научи многу, не само поради тоа што умеат и знаат многу корисни нешта, туку и имаат неверојатно чувство за основна култура, за почит, добри манири. Знаат да сочувствуваат и да ценат. Од друга страна пак познавам и такви кои не погледнале подалеку од шишето ракија и заколеното свинче, а и сеуште постојат баби врачарки кои прават магии од завидлук или баби кои мегу себе ке се испотепаат за титулата ,,најголем верник,, а секој втор збор им е клетва.
Исто така и овде во големиот град... Сум се сретнала со вистински господа, џентлмени, интелектуалци на кои културата им е на високо ниво, пензионери кои си го пополнуваат времето хранејки гулаби со остатоците од вчерашниот леб, дедовци и баби кои си ги шетаат внучињата, но и онакви улични фраери кои од сабајле `ркаат по пола саат на улица, со стапови ги гонат кучињата бидејки лаеле, манијачат млади, згодни девојки, се туркаат по автобуси, се расправаат со малите деца бидејки се играле пред зграда...
Било кој од овие примери да го земеме ке дојдеме до заклучок дека човек кој заслужува почит е човек кој може да биде добар пример за околината и обратно, човек кој не е добар пример не може да биде почитуван без оглед на неговата возраст.
Ама кога ке видам некој млад како се однесува несоодветно, пак ке си помислам дека има време да си ги научи лекциите, но кога ке видам стар човек со животно искуство, со се она кое вие го сметате како вредност и пак плука на улица, пуши цигара во лифт или пола саат ја држи вратата бидејки се сретнале со комшијата пред лифтот (а ако ти ја задржиш ке те пцуе, ке те колне)... едноставно нема оправдување.
Инаку секоја чест на една бабичка со која имав прилика да патувам во градски автобус... иако беше пензионер, си плаќаше карта бидејки не сакаше да биде една од оние ,,привилегираните,, Велеше ,,кога имам потреба се возам, си плаќам бидејки не се качувам во автобус затоа што немам што да правам, а овие другите, ако се толку болни за да стојат во автобусот, што не седеле дома,,
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Не ја прочитав, баба ми се испрде кога ја виде и се умре од смеење.
Ај вака малце да гледаме реално на некои работи, кога веќе се фативме за пензионерите:
На пензионерите им е дозволен бесплатен превоз во Скопје, со цел курчење по цел ден и безделничење по градот оти нема што да прават.
Лично со пензионери (четворица) имам правено муабет,и ни еден од нив не го оправдува ова. Иако се пензионери, не го сакаат, сметаат дека е воопшто неправедно.
Друго .. во нив е иднината бе ? Тие до прва деца треба да прават, па да ги чуваме како очите во главата? Тие утре треба семејство да ствараат?
Еве ќе ги земам за пример студентите. Зошто бе они да немат слободен превоз од понеделник до петок во одреден период? м?
Зошто за нив да не важи ? Нели во студентите е иднината ? Тие ли се следните кои треба да создадат своја фамилија ? Дали тие не го заслужуваат превозот ? Повеќето од нив се на факултет, и сакаат што побрзо да завршат, а нивните родители дома крај со крај врзуваат за да му го овозможат факултетот. И не ми вели за ова дка не сум во право затоа што знам дека сум. Само родителите знаат како е кога треба да школуваат студент, да ги плаќаат сите трошкови, партиципации, сместувања итн. Замисли, некој не може да најде сместување блиску до саканиот факултет, па патува по 40 - 50 минути со автобус,затоа што мора да патува и мора да го плати истиот. Замисли земено, месечно ако не извади карта, троши 1800 денари. Зборувам само да отиде и да се врати од факултетот. Не ми кажувај дека пензионерите живееле и работеле за нас, ако толку живееле и работеле, треба сами да се кренат против ова, ако толку гледаат да има за нас. Ама не, нив им одговара, еј, ајде ќе се качиме бе у автобус, беспари е ќе се возиме. Зошто ги нема во приватните автобуси ? Само затоа што треба да платат ? Епа ајде, да ги видам тогаш дека не им е дојдено до тоа, нека си се качат во приватен и нека платат. Дали 10тина души гледам во вторник/викенд во приватен. Едвај ги има и толку.

Доколку немаш уште некого пратено на факултет, посакувам тој ден да дојде и да видиш како е. Но безвредно зборувам ако си од Скопје.
Поздрав, се надевам ја употреби главата да го прочиташ ова, и не го помина само преку ред за да ми ја видиш поентата.

Им одговара или не им одговара? Во еден ист пост не знаеш што пишуваш...да не спојувам повеќе постови. - Или пак може баш тие 4ца што ти си ги прашал биле против, а сите останати за. А?:zelen


Лесни за манипулирање? Па нели тоа се луѓе со огромно животно искуство, кои поминале низ сите животни школи, мудрост и тие ствари, нели стереотипите кои се присутни за постари особи.....кад видиш ги подлажувале со бесплатен бус :rofl


А со што можеш да ги задоволиш ако не со покачени пензии, бесплатен превоз и здравство? - Тоа им е потребно.
- ваљда нема да паднат на бесплатно школување, карти за премиери во кино, хепи авр по дискотеки или нови работни места со повисоки плати.
Освен тие 4ца што ги знае бушавиот од горе, другите сигурно нема да наседнат на ова ]:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Самиот бесплатен превоз се темели на поштовање, така да тоа е дел од темата.

Лесни за манипулирање? Па нели тоа се луѓе со огромно животно искуство, кои поминале низ сите животни школи, мудрост и тие ствари, нели стереотипите кои се присутни за постари особи.....кад видиш ги подлажувале со бесплатен бус :rofl
Тоа ми е муабетот, не можеш да прелажеш навистина мудар човек со такви глупавштини, можеш да манипулираш само со морони. Стари или млади, сеедно...

Проблемот е што за млад морон е прифатливо да се каже дека е морон. За стар морон.......е некако непријатно, неприфатливо, непристојно во најмала рака. Мене ми е исто, со таа разлика што за 19 годишен морон има надеж, а за 80 годишен нема. Настрана автобусите, какви глупости сум слушал од постари особи, какви ретардирани бескичмањачки `совети`, туџи ме срам убија.

А од кај тоа некој што седи во добро посакувана фотеља и си игра курташак со милион и нешто луѓето што воведе превоз за пензионерите е врз основа на почитување ама внимавај само тие во Скопје се потичуване оние од внатрешношта не се. Старост =мудрост ???????????? Види сега мудроста се стекнува низ годините ама незначи дека секој стар човек е мудар или интелектуалец ја се водам според она само два пати воживот биди паметен еднаш кога бираш професија и друг пат кога го бираш партнерот и мене ми е доволно :zelen Еве јас неможам да ве разберам како тоа пензионерите ви се криви за јавниот превоз па одете со такси бе или пеш зарем негледате колку избор имате. А тоа некој да си зема за право да одредува кој каде и колку да се движи без разлика на старосната граница мало морген:zelen Кога е гага кај нас нешто сите гледаат да зграбат што е можно повеќе без разлика дали тоа ни иде во корист или ќе наштетиме на некој друг, затоа на погрешни се лутите за превозот.

У се се криви, а најмногу ми се криви тие што ги оправдуваат бе ..
Кој што и кого брани ај у повеќе реченици зш вака со една не ми се игра :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Пак се обрна темава на пензионерите и автобусите.:)
Заклучок:Сите постари лица а и вие помладите да си знаете во иднина,ЌЕ ЖИВЕЕТЕ ВО СТАРЕЧКИ ДОМОВИ И НЕМА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ДВОРОТ.
Пензионерите не се виновни за удварањето на владата кон нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Џабе ти е, подобро да не пишуваш ништо зашто ќе ти речат дека си луд.
Кој тоа ке ти каже дека си луд?Не гледам некој така да се изрази кон тебе.Чему толкав
Самиот бесплатен превоз се темели на поштовање, така да тоа е дел од темата.

Лесни за манипулирање? Па нели тоа се луѓе со огромно животно искуство, кои поминале низ сите животни школи, мудрост и тие ствари, нели стереотипите кои се присутни за постари особи.....кад видиш ги подлажувале со бесплатен бус :rofl
Тоа ми е муабетот, не можеш да прелажеш навистина мудар човек со такви глупавштини, можеш да манипулираш само со морони. Стари или млади, сеедно...

Проблемот е што за млад морон е прифатливо да се каже дека е морон. За стар морон.......е некако непријатно, неприфатливо, непристојно во најмала рака. Мене ми е исто, со таа разлика што за 19 годишен морон има надеж, а за 80 годишен нема. Настрана автобусите, какви глупости сум слушал од постари особи, какви ретардирани бескичмањачки `совети`, туџи ме срам убија.
Поминале и тоа како,само незнам околу интелегенцијата,дали за инат или којзнае зошто ги генерализираш работите?
Зарем со помладите не се манипулира како и со постарите?Или кој колку сака да признае.
Ваљда ни е на сите јасно дека мозокот не не држи на постари како на помлади и зрели години.
Џабе ти е, подобро да не пишуваш ништо зашто ќе ти речат дека си луд.
Кој тоа ке ти каже дека си луд?Не гледам некој така да се изрази кон тебе.Чему толкав револт?Само си дискутираме.

А што е морон уствари?:unsure
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Чекајте малце другари...утре, кога ќе дојдат тие критични години, некое креле мајка ми да ја навреди пошто, здравје, доживеала 80+ години и со силата која ја има, за да не ме мачи мене, решила сама да заврши некоја работа по град...живо има да го спалам на плоштад. Бесплатен роштиљ.
Кога веќе збориме за превозот, како најголем проблем, нели...

Мада, темава е баш за оној култ кој се наметнува дека старите се помудри и поискусни, па поради тоа не треба никој да им се противи.
Без разлика на годините, ако едно нешто дало добар/лош резултат за едниов, не значи дека ќе е исто и кај другиов, па само да климаш со глава и да правиш ко што ти е кажано од паталец, а не гаталец, нели...
А, почитта се заслужува. Малку глупаво Еминем да го цитирам, ама се сложувам со она дека без разлика што возраст, боја на кожа, религија, или било каква определба си, ако не пружаш почит, нема ни да ја добиеш истата. (ова не важи само кога државата те дупчи, а ти аплаудираш од почит :giggle)
Никој не дозволува да е деградиран за адет на некој друг.
Може имам пишувано некаде, ама ми се погоди на забар да сретнам бивш колега на мајка ми.
И онака дрско и директно ме прашува што учам, што работам, што телефон имам, бла бла, по што следеше нешто у стил:
- Пф, и што ќе работиш со тоа? Илјадници ве има. Џабе само ги трошиш твоите. Да си запишеш ХХ, па Господ да те види. Сега без два факултета си ништо.
- Па, со ова имам можност да раб...
- Абе нееее ми кажувај ти мене, имала она. Што знаете бе вие сега?
Не ти ни дава бре да довршиш/објасниш, битно ми го оправи животот за 15 минути. :eek:

Значи, те прашува, културно и лаконски одговараш, по што влече најлоши заклучоци и ти си никаквиот пошто си едноставно млад.
Па бар самиот да си ги послушал советите ко млад, не сега на 50 да лечи фрустрации. Не почит, клоца во вилица да му опрлиш.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Според повеќето постови работава му доаѓа ...на секој човек за 60 роденден или со самиот чин на пензионирање да му се дава поклон по една јамка и фино лепо да си ја стават околу врат и ајде ...пошто нели се вишок и се непотребни за општеството...
Јас не мислам така...
Во секоја работа ти требаат постарите, оние со повеќе искуство да те насочат и да те внесат во самата работа...
Како еден доктор ќе стане добар (иако бил со сите 10ки) ако не застане негов постар колега (ментор) да го подземе и да го внесе во работата...да му ги пренесе сите тертипии марифети...едноставно е невозможно...
Така и во било која друга професија...
И јас имам нетрпение кон постарите, на работа ме вадат од такт, свекрва ми ме вади од такт, дури и сопствената мајка ме вади од такт....ама што да направам, да земам пиштол и тоа сето да сотрам?!
Тоа е, и ние ќе остариме, и ние ќе им бидеме терет на нашите деца, и за нас ќе превртуваат очи младите дури чекаме на шалтер, во аптека, во градски...сеедно...
Мислам дека е неблагодарно да се има таков негативен став кон старите...сепак како стареат така цел организам им откажува и ја немаат енергијата која е имале...
И скроз е апсурдно да се стават сите стари во ист ќош...затоа не сакам генерализирање на работите...годините и третото доба им се заеднички, да, ама секој си е индивидуа сама за себе...
Има стари, на газ да паднеш кога ќе ги видиш, скоцкани, стокмени, намирисани, си се држат под рака, господа, разбрани, одмерени едноставно интелектуалци, цивилизирани луѓе...а има се разбира и баби (слезени од планина) со шамии, со два или три заба, или со ниеден (зашто никако да и се погоди вилицата) што освен за ручекот кој го правела денес, не знае да скрсти две реченици, капењето е за неа научна фантастика...ги има секакви, ама тоа не е до годините, тоа е до карактерот...