Изгледа дека само јас сум хејтерот овде на есента.
Се ок тоа, печени костени, насмеани лица, прошетки на дожд и жолто-златните декорации околу нас. Ама ја би повеќе за песок, плажа, мохито и сонце.
Како прво мразам дожд. Мразам да носам чадор и да прескокнувам вирчиња.
Мразам кога незнам што да облечам, зашто шо и да е, или ми е ладно во него или пак претопло.
Мразам кога штотуку испегланата коса планираш да ја прошеташ низ град и почнува да врне од нигде никаде.
Мразам што е ладно. Колку и да е златен октомври
.