Есен есен, златна есен, в гости пак ни идеш, сите велат дека многу богата ќе бидеш.... така некако идеше една песничка од забавиште што ја учевме
Во воздухот се чувствува мирисот на есента..Есента е прекрасна..
посебно октомври,златниот октомври..
природата преку есента ја докажува својата креативност,ја покажува на сите можни начини во сите можни прекрасни бои и тонови...
еве нешто што напишав одамна за есента..
Прекрасна дожделива вечер..дождот капе,.. капка за капка,опушта..
Ја посматрам играта на ветрот во мојата улица..
Како елегантен господин со посебен стил,ги оголува дрвјата..
Полека,нежно како да несака да ги повреди,ги гали нивните стебла и тивко им шепоти колку се прекрасни и единствени..
И тие како мали девојчиња,ја менуваат бојата на лисјата,дали од срам или
можеби сакаат да го заведат ветрот на тој начин,со својата магична убавина..
Им се допаѓа таа игра..им се допаѓа ветрот..
Целата година чекаат на тој момент,чекаат да дојде есента,копнејки по него..
Секој ден возбудено си шепкаат приказни за него...живеат со спомените од претходната есен и есента пред тоа...
А тој возбуден од таа игра ,ги оголува,ги прегрнува,ги бакнува,и се свива околу нив..
Тие пак како возбудени дами му се потчинуваат и дозволуваат да ги оголува дел по дел,лист по лист..се додека не стојат потполно голи пред него и горди го нудат она што го имаат..му шептат дека го сакаат и дека засекогаш ке биде така..
и водат љубов..дождот ја сокрива таа игра на природата,и ја прави прекрасна и романтична..
Во целиот тој чин на љубов,заборавам дека гледам преку прозорот..
Мислам дека сум во театарот на природата и ја следам таа прекрасна возбудлива игра...
Прекрасна есенска љубовна игра..
17.10.2011