Есен

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Есен есен, златна есен, в гости пак ни идеш, сите велат дека многу богата ќе бидеш.... така некако идеше една песничка од забавиште што ја учевме :kafe
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ма ја обожавам. Шушкаат лисја, пуцкаат костени, мирис на огревно дрво, се растураат врски, печена тиква, палто.... Мераци.
Ме потсетува на онаа слатка мала меланхолија, коа нештото ти е на дофат ама заминува со што се раѓа неописив копнеж по истото. Како што ги обожавам пролетните вечери, ги обожавам и есенските утра, полни со неизвесност. Изгрева сонцето, недоволно силно да те разубеди дека денот ќе е сончев, нема веќе вруќини, планираш што да облечеш, планираш кога да излезеш и кога да се вратиш... ја нема веќе онаа разлабавеност до мера на заборав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin and MoonFairy

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
526060_489802214373993_1506087367_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Succubus

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Се што кажа обожавам од есента! Омилено годишно време ми било од секогаш и секогаш и ќе ми биде... Само да не ја снема со глобалново затоплување и се ќе биде во ред ;)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Есента е прекрасна..
посебно октомври,златниот октомври..
природата преку есента ја докажува својата креативност,ја покажува на сите можни начини во сите можни прекрасни бои и тонови...
еве нешто што напишав одамна за есента..
Прекрасна дожделива вечер..дождот капе,.. капка за капка,опушта..
Ја посматрам играта на ветрот во мојата улица..
Како елегантен господин со посебен стил,ги оголува дрвјата..
Полека,нежно како да несака да ги повреди,ги гали нивните стебла и тивко им шепоти колку се прекрасни и единствени..
И тие како мали девојчиња,ја менуваат бојата на лисјата,дали од срам или
можеби сакаат да го заведат ветрот на тој начин,со својата магична убавина..
Им се допаѓа таа игра..им се допаѓа ветрот..
Целата година чекаат на тој момент,чекаат да дојде есента,копнејки по него..
Секој ден возбудено си шепкаат приказни за него...живеат со спомените од претходната есен и есента пред тоа...
А тој возбуден од таа игра ,ги оголува,ги прегрнува,ги бакнува,и се свива околу нив..
Тие пак како возбудени дами му се потчинуваат и дозволуваат да ги оголува дел по дел,лист по лист..се додека не стојат потполно голи пред него и горди го нудат она што го имаат..му шептат дека го сакаат и дека засекогаш ке биде така..
и водат љубов..дождот ја сокрива таа игра на природата,и ја прави прекрасна и романтична..
Во целиот тој чин на љубов,заборавам дека гледам преку прозорот..
Мислам дека сум во театарот на природата и ја следам таа прекрасна возбудлива игра...
Прекрасна есенска љубовна игра..

17.10.2011
Во воздухот се чувствува мирисот на есента..
Играта на ветрот повторно почнува..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Есен....моето време....слатко Октомвриски утра...чај од овошје и крцкав тост наутро. Кога маглата прави се наоколу да изгледа магично и филмско....кога паркот потсеќа на некое сценарио од филм. Кога сеуште можеш да си седнеш на некоја клупа надвор и да си го одмараш мозокот. Книги...многу книги...чорапи и пижами .) ...врне а ти си ги негуваш кактусите и цвеќињата и ги внесуваш дома, и го вадиш мекото покривче пред удобно да се пикнеш во старата добра фотеља и да потонеш во омилениот филм. Тогаш и филмовите на Одри се најубави за гледање. Тогаш најрадосен чекаш да го носиш омиленото сако. И веднаш помислуваш на замаглените ноќи во твојот омилен Паб. Помислуваш на чаша црвено вино и на печени бадеми. И слатко ти се пријадува. Да да, од капини. доцна берени во Источна. Големите , окер-златести лисја на јаворот. Сакаш да направиш слика. Сакаш да црташ. Есен! Таа има моќ да те направи ранлив и романтичен , да те направи силен и миризлив. Камини и дебели персиски теписи...есента те прави пијан...пијан од уметност , пијан од убавини...од љубов, од топлина...а порцеланот на баба, и старите фотографии од твоите предци ти дишат нов воздух...старо- нови чувства секоја есен....и многу многу здрави и румени образи. Среќа.


227361481159270044NH5wAF1nc.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rêveur and Lena

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Сите се изјасниле на темава дека ја сакаат есента, еве јас како прв член да кажам дека:
МРАЗАМ ЕСЕН!!
И еве ако милувате да си прочитате десет причини зошто ја мразам есента!
  1. Заврши летото
  2. Ладно е, врне
  3. Почнува сезона на настинки
  4. Не можам веќе да пушам по кафичи/ресторани морам да дремам надвор на ладно
  5. Не знам како да се облечам, рано е за чизми, студи во патики, рано за јакни, студено за палтенца
  6. После нејзе доаѓа зимата
  7. Луѓето се подепресивни, иде зима нема пари, нема дрва
  8. Многу луѓе и животни без покрив на глава, мора и некој да мисли на нив, не е само шарени листенца, мирис на ајварче..
  9. Морам да лупам пиперки
  10. Ова за мене не важи, ама важи за пола население : ) Почнува школооо!