1. Моментот кога за прв пат ке го видиш своето дете, мало, мокро и збрчкано, штотуку излезено од твоето тело... ти го даваат во прегратка и го подпираш на градите. Чувствуваш како мрда, му го слушаш тенкото зарипнато гласче, брзите одчукувања на малото срценце...
2. Кога си на дофат да завршиш некое свое дело. Му го чувствуваш крајот, ама си викаш ``уште малце, уште малце, уште овој потег...``
3. Чувството на неограничена блискост со саканиот. Се разбирате со поглед, нема потреба од зборови, тишината е некако... полна. Низ телата струи силна енергија и неопислива среќа. Не ти се верува дека толку можеш да сакаш, а истовремено знаеш дека си сакан...
4.Кога децата конечно ке заспијат, односно, мир, тишина, спокој, малку слободно време за себе...
5. Кога гледам изгрејсонце. Си ги полнам батериите со мирисот на свежото утро, се воодушевувам од глетката и истовремено се чувствувам како едно со целиот универзум. За момент не постојат проблеми и грижи. Постои само шареното небо од кое блика неверојатна светлина и се е претопено во него.