Беше еднаш кога една малечка, штотуку пркната земја, се „осамостои“ со свои медиуми кои имаа за цел да ја држат јавноста информирана за секојдневните случувања во регионот. Слободата на изразување, секако, им беше лимитирана, а вестите филтрирани, но доволни за добивање некоја генерална слика, иако неретко и погрешна.
Веднаш потоа почнаа да се развиваат и забавните медиуми кои имаа за цел да го расположат Македончето, да му предложат филм, неколку совети за здравје и изглед, позитивен хороскоп за утеха, по некое интервју и трач.
Денеска, кога секој има пристап до интернет и талент (читај: желба) за „пишување“ или не дај Боже - давање конструктивна критика/сопствено мислење на одредена тема, имаме низа од познати и помалку познати медиумски печурчиња кои крадат едни од други, крадат и ужасно лошо преведуваат од странски (претежно српски) портали, па дури и одат на работ на очајот да објават рандом слика со едвај четири збора - пример: сообраќајка во Коњевич Поље.
Нивото на писменост и способноста за изразување се речиси израмнети со нула, но тоа и не е проблем, битна е желбата „чу да изаџем у новина“ на едните, и желбата за брза заработка од триста реклами кои ги гушат страните, за другите.
Неколку впечатливи дно примери на кои налетав само во последниве неколку дена:
Лажам за последното, очигледно, ама затоа надокнадуваат објавите што се повторуваат од 2007ма.
Уште едно интервју со Мис Бавча 2014 и таман сме.
За жал, на ова не се имуни ниту печатените и ТВ медиуми, и најтрагично - тука некаде се и медиумските „официјални“ гиганти. Само тука поактуелна е превртената политика.
И? Го достигнаа/достигнавме дното или секогаш може да се оди и подолу?
А, ко читатели, толку ли сме затупавени што во огромен број ги читаме тие т.н. вести, или сме само мрзеливи и незаинтересирани за истражување, па се фаќаме за она што ни се сервира? Колку ни се потребни и корисни информациите што ги добиваме?
Чаре да излеземе од овој медиумски мрак и затуцаност?
Слободно споделете и по некој сронат бисер од вест.
Се мислев и за тема во насока дали медиумиве го уназадуваат и „облачат“ здравиот мозок, ама нека седи вака. Може да се зборува и за тоа.

Фото: Згодна Скопјанка позирајќи ќе паднеше од чамец на Матка
Фото: Обожавателка на Карлеуша со шокантна тетоважа (цвеќиња некои низ цел грб, колку што се приметуваше од линкот)
Еве по што се гледа дали сте имале секс
Како да привлечете пари во вашиот дом? (17.000+ споделувања)
Светот во шок. Погледнете што направи ова дете (рандом, нормална работа)
Секси газиња во жешки панталончиња по скопските улици (сликано од пола надолу, да не можеш да ги тужиш )
Информирајте се за движењето и акциите на ИСИС/Што е АЛС/Македонија во 18ти век...