Сношти и денеска, мислам дека дури и компјутеров ми стана патриотски свесен од што на секој можен вебсајт, па дури и по Скајп, се збори за инциденти, политика и патриотизам. Македонското новинарче тоа го искористува да направи сензација за своето порталче и да добие кликови.
Дел од импресивните наслови:
Дали Србите се почувствуваа како Македонците кога им вееја грчко знаме? (бонус: очајна структура на реченицата)
Што имаше на знамето што го „запали“ цел регион? Па и фото!!!
И водителот Иван Ивановиќ удри по Албанците - погледнете што напиша
Џабе се фалите, Орфи Рама е снимен додека го лета дронот
Ој, куку, го летил дронот.
Додека ситуацијава што се крчка и повремено претекува од лонче, не е баш смешна, „вестиве“ се трагични...и смешни. Во состојба се една
вест да ја поделат на три дела со по три реченици, само за повеќе кликови, а ништо корисно или информативно не прочитав досега.
Сосема друго е што Србите не се замараат кога кај нас се случуваат вакви инциденти, па дури ни носат и подарок - грчки знамиња, а ние си ги преплавивме медиумите со глупи коментари. Сепак, +3 денари од клик се +3 денари. makeitrain.gif