Толкување на сонови

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
@malo
Во сонот се наоѓав во куќата на баба ми и дедо ми на село.Иначе тоа место го сонувам обавезно барем еднаш неделно.Во неа имаше затворски ќелии.
Во едната бев јас заедно со еден непознат човек кој ми беше маж.Баравме излез некако и еден зид падна,се сруши самиот а ние излеговме од таа просторија и влеговме во друга исто без излез.Но по некое време успеавме да ги тргнеме решетките од прозорците и да излеземе и од таму.
Со мене цело време носев една торба и знам само кога излагав почнав да плачам и да му викам каде е ќерка ми.Повеќе не се сеќавам.
 
dusica3

Нов член
22 август 2014
27
4
3
27
Сакам да прашам што значи кога сонуваш дека на другарката мајката се самоубила ?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133

Убав е сонот. Покажува дека имаш разсеани мисли и чувства, но и дека имаш среќа. Имаш многу животни искуства и не ги забораваш лекциите кои ги учиш од нив. Тие лекции сега ти се од големо значење, а она што го доживуваш моментално ке ти се најде во иднина. Можеби за не многу долго време ке добиеш прилика да си ги покажеш способностите. Во тие моменти потпри се на досегашното искуство, нема да погрешиш.
Единствено негативно е што има затворски решетки, тие можат да значат безизлезна ситуација, но другите симболи од сонот се добри така да ситуацијата само тебе ти изгледа како таква. Пак ке кажам, потпри се на досегашните искуства.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Сакам да прашам што значи кога сонуваш дека на другарката мајката се самоубила ?
Може да значи многу нешта, обично појасно ми е кога се опишани повеке детали од сонот, но вака ми изгледа дека или имаш негативно мислење за таа жена (можеби другаркати ти се пожалила на нејзе) или си малку посесивна кон другарка ти, не ти е мило кога те запоставува поради други луге.
 
dusica3

Нов член
22 август 2014
27
4
3
27
Не немам негативно мислење, напротив. Значи јас дома нешто си работам и ми звони телефонот, се јавувам и другарка ми ми вика ќе дојдам кај тебе и плачеше. Кога дојде почна да раскажува ккако мајка и се самоубила. Се чудевме зошто бидејќи таа не е некоја несреќна жена. Се разбудив потоа
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не немам негативно мислење, напротив. Значи јас дома нешто си работам и ми звони телефонот, се јавувам и другарка ми ми вика ќе дојдам кај тебе и плачеше. Кога дојде почна да раскажува ккако мајка и се самоубила. Се чудевме зошто бидејќи таа не е некоја несреќна жена. Се разбудив потоа
Вака веке е друго.
Плачењето на другарка ти е побитно во случајот одколку причината поради која плачела. Тоа може да значи дека таа или вие две заедно ке постигнете некој успех, или вашиот однос ке се зацврсти. Солзите можат да бидат чистење, исцелување, промена на подобро, успех, среќа или откривање на некоја тајна, доверување, исфрлање на тежина... Можеби во последно време повеке време поминувате заедно или пак посакуваш да биде така. Сеуште не го менувам мислењето за посесивноста од погоре.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хм...носталгичен си посебно кога е во прашање детството? Се плашиш да не го изгубиш детето во себе или добрината и љубовта која некогаш неизмерно си знаел да ја даваш?
Јадењето покажува некоја внатрешна тежина...
Најверојатно често се воздржуваш да им ја кажеш вистината во лице на лугето кои те опкружуваат или пак обратно, ти пречи што секогаш си сурово искрен.
Сакаш да направиш промена, подолго време размислуваш за тоа, но го чекаш вистинскиот момент, а таман кога мислиш дека е време за дејствување, ти се појавуваат препреки кои не зависат од тебе. Подсвеста најверојатно се обидува да ти укаже дека ти одлучуваш за вистинскиот момент и најверојатно длабоко во себе размислуваш на кој начин да ги совладаш препреките следниот пат, но секогаш има некој кој те спречува...
Можеби и се потајно се прекоруваш самиот себе зошто секогаш го одбираш полесниот пат. (полесниот за себе или за другите)
Змијата исто симболизира промена...
Направи ја.
Ако прашањата не беа реторички, тогаш не сум баш носталгичен по детството и не се ни плашам да го „изгубам“ детето во мене. Добрината и љубовта која неизмерно сум ја давал? Ааа не, нити давав неизмерна љубов нити бев нешто посебно добар. Злопамтило сум од кога знам за себе и ретко останував без одмазда, па дури и да требаше да значи дека ќе ја расипам фамилијарната вечера или викендот на моите со нивното друштво.

Сонов кој ти го раскажав е стар 2 години (памтам многу соништа), за 2 години не сум баш нешто сменет, не сменив ни опкружување баш... истите луѓе ги дружам, истите луѓе ме дружат, истиот карактер го имам, исто се облекувам, иста музика слушам итн итн.
Полесниот пат скоро и да не ми бил опција. Кај мене иде „испитај ги сите можни ситуации и припреми се убаво за најлошите“.