Последен гледан филм со рецензија

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
The Man Who Knew Too Little
Леле лудница е филмов сакам вакви филмови ако некој знае слични нека ми каже :) Воленц решава да го изненади својот брат токму за неговиот роденден бидејќи тој секогаш му праќа поклон. Брат му има многу важна вечера со германски инвеститори , па ќе реши да му најде занимација до полноќ. Во градот има театарска група во која вие глумите спасителот на девојка во неволја, но Воленц ќе добие повик за Спенсер кој треба да убие љубовница на министерот за одбрана..... Интересен филм солиден хумор и навистина уживав во него 10/10
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Go и 11:14
Ги споив зошто се филмови со слична тематика , а различно сценарио. Значи во филмовиве треба да ја склопите приказната преку различни гледишта до одреден момент во филмот. Додека 11:14 според мене е полесен и поубав за гледање со тоа што нема баш некој солиден крај ко недокажан е на пример што се случи има две тела кој и како одговраше? Потоа за грабежот призна или не.... Go пак малку е така потежок за гледање ама барем имаш добар крај и разврска на настаните како и да е добри за тепање време оцена 6/10.
Date night
Фил и Клер се најобичен брачен пар кој живее во преградието. Еден ден дознават дека нивни пријатели ќе се разведуват заради здодевноста во бракот. Со цел да направат нешто поразлично ќе отидат на вечера во еден отмен ресторан каде за резервација се чека со месеци. Сплет на околности и тие ќе земат туѓа резервација само што семејството што ќе го изберат е барано од мафијата... Што знам онака за тепање време и ништо повеќе. Не е некоја комедија , романса или крими филм повеќе ми е ко цензурирана акција :) 5/10
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Con Air
Камерун По е војник кој една вечер ќе биде нападнат на паркингот пред бараот каде работи неговата жена. Во тепачката тој ќе убие еден од напаѓачите и ќе биде осуден на 10 години затвор. Во затворот тој живее за денот кога ќе излезе и ќе ја види неговата ќерка за првпат, па по 7 години ќе добие условна казна и тој оди дома во авион полн со најлошите криминалци . Набрзо затворениците ќе го превземат авионот , а едниствениот кој може да ги спречи е Камерун... Одличен филм ина неколку онака филмски сцени ама тоа е 8/10.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Brick Mansions (2014)
Action/Crime/Drama
Brick-Mansions-Movie-Poster.jpg
Ме зачуди кога го видов Вокер на пoстеров со французинов од Б13...почнав да го гледам и сфатив дека ми делуваше нешто познато со сторијата на филмот...сфатив дека скоро ист беше со Б13, само што Вокер е замена за другиов французин од Б13 :zelen
мене искрено повеќе ми се допадна Б13, отколку оваа верзија, но секој си има вкус, а и добро се покажа Вокер овде :sreken
 

MATEJA

Член со 30 казнени поени
29 мај 2014
280
247
353
The Man Who Knew Too Little
Леле лудница е филмов сакам вакви филмови ако некој знае слични нека ми каже :) Воленц решава да го изненади својот брат токму за неговиот роденден бидејќи тој секогаш му праќа поклон. Брат му има многу важна вечера со германски инвеститори , па ќе реши да му најде занимација до полноќ. Во градот има театарска група во која вие глумите спасителот на девојка во неволја, но Воленц ќе добие повик за Спенсер кој треба да убие љубовница на министерот за одбрана..... Интересен филм солиден хумор и навистина уживав во него 10/10
Гледајте го филмов.
 
Последна промена од модератор:

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Clay Pigeons
Озбилно кој ги дава категорите на ИМДБ треба да се запраша како филм како овој влегол во жарн комедија/ крими:tapp:. Настрана тоа за приказната Клај и Ерл се пријатели кои додека пукат со пиштолите во шишиња Ерл ќе му каже дека знае дека тој спие со неговата жена и дека ќе го убие. Немајќи храброст за тоа тој ќе се самоубие, а Клај ќе побара помош од жена му за што да прави. Тој ќе го притаи убиството, но вдовицата Аманда не го остава на мира. Во еден бар тој ќе го запознае Лестер Лонг кој е се освен обичен дечко... Ми се допадна ја би го ставил како некој тежок психопатски филм со мали недостатоци.7/10
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
The Crying Dead (2011)
Horror/Thriller
MV5BNTk0NTMzMzU1M15BMl5BanBnXkFtZTgwNzExNjU0MDE@._V1_SX640_SY720_.jpg
Во 2008 година членови на екипажот снимааат документарно шоу за опседнатата болница. За време на првата вечер нејасни привиденија стануваат насилни кон нив. Шепот на мртвите е дневник на конечниот мачен момент на екипажот во незамислива ситуација...
meeh....веќе секаков сличен филм e снимeн како и овој, некако потсеќа и на Grave Encounters.. :eek
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Ново Love Potion No. 9
Една романса е филмов со поента тоа што го бараш е пред тебе. За приказната една бубалица ќе добие напиток од една гатачка за привлечност и успех кај жените. Со неговата другхарка ќе го испитуват дејството и моќта која тој ја има. Што знам онака за тепање време 7/10.
Saving Silverman
Дарен е обично момче кое се дружи со Вејн и Џ.Д од секогаш па дури имат и бенд, но тоа ќе се промени кога тој ќе ја запознае Џудит која целосно ќе го контролира. За да го спасат ќе ја киднапират Џудит. Што знам добар за тепање време не е некоја страшна комедија ама ај 6/10.
Mickey Blue Eyes
Е јак филм е нема што Мики е вработен во аукциска куќа , а истовремено излегува со Аманда која е ќерка на мафијашко семејство. Кога ќе ја побара за жена таа ќе побара да не прифаќа никаква помош од нивното семејство ... Добар стварно 8/10.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Slumdog Millionaire (2008)

http://m.imdb.com/title/tt1010048/

Slumdog Millionaire е љубовна приказна за проблемите на еден човек низ кои поминува за да биде со жената што ја сака. Џамал е натпреварувач во квизот Кој сака да биде Милионер, кој ќе биде испрашуван од полиција откако ќе одговори точно на сите прашања. Тој ни објаснува како ги знаел одговорите на сите прашања и не запознава со животот во Индија.

Филмов е прекрасен, уште од првите сцени каде се прикажани сиромашните индиски квартови, па се до оние насилни и депресивни сцени. Ептен ми се допадна филмов, уште од првото гледање се осеќав како стварно да сум таму.

Актерската екипа не ја знам но можам да кажам дека глумеа супер. Секој лик е прикажан во различни фази од неговиот живот, ми се допаднаа и малите актери кои многу добро глумеа. :)

Филмов не е перфектен, има некои грешки но никој филм не е перфектен, сите имаат по некоја грешка. Прашањата од квизот на пример беа премногу лесни, но сепак приказната е супер и тоа е тоа што го прави овој филм добар. :)

Оцена: 9
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Intolerable Cruelty
Добро филмче мора да признам има само неколку дупки :) Мајалс е адвокат чија работа се разводите т.е предбрачните договори и досега нема изгубено случај. На едно судење ќе ја запознае Мерлин која нема да и остави ниту денар , но ќе се заљуби во неа , а таа пак има план за него... Искрено мала ми е замерката околу она кинење на документи и демек само еден примерок потпишуваш и тоа е тоа :) 7/10,

Stakeout
Крис и Бил се просечни детективи кои ќе добијат задача да наблјудуваат куќа на девојка по имеМарие очекувајќи да ја посети затвореник кој е во бегство , а таа е негова девојка. Во главно тоа е приказната филмов е одличен со солиден хумор се надевам дека вториот дел е исто толку квалитетен 8/10.

So I Married an Axe Murderer
Очекував јака комедија по насловов ама филмов невреди да се гледа еден од најглупите што сум ги гледал во последно време. 1/10
 
Последна промена од модератор: