Ми смета дека кочи додека се отвори темата затоа што ставате големи слики. Не знам зашто мора толкави слики да се ставаат кога доволно е името на филмот, а и поубаво би изгледала темата кога би било само името на филмот и после рецензијата, а не да чекам пола саат да се отвори темата затоа што си правите албум со сликички. Исто и за трејлерите, ако сака некој да погледне ќе си го најде и ќе го види, 5 секунди работа е. Рецензиите иначе може да се напишат појасно за да ги сфати секој, со слика и 3 реченици нормално дека нема да ни е јасно. Туку ај не замарам повеќе, сакав да кажам само дека поубаво би изгледало без слики.А што ти сметаат слики и трејлери? Ако не ти е јасна и доволна рецензијата, имаш трејлер сервирано на тацна да си го ѕирнеш ако сакаш. Никаде во темата не пишува дека не смее така. Јас лично, од сам почеток на темата си ставам слика и трејлер за да биде појасно кој е филмот и да може после читање на рецензијата веднаш да се изгледа трејлерот за филмот (по желба). А објаснението за рецензијата е како да изгледа, поточно што да (не)содржи текстот, а не дали може/смее да се додадат слика и трејлер.
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)