Светско првенство во фудбал, Бразил 2014

Ваш фаворит за освојување на титулата:


  • Вкупно гласале
    26
  • Poll closed .

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Очекувам победа на Германија...ради моментот дека се поквалитетни.На ливче ја пишав 2 : 2 точен резултат надевајќи се дека ќе биде понеизвесно.Ќе се изначекаме 4 години до следното
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Onkel

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мислам дека кој и да освои би било заслужено, Аргентина можеби не одигра нешто многу добро во полуфиналето ама па и Германија не беше нешто јака до натпреварот со Бразил. Само да не е досадно финалево како што беа полуфиналињата. Германија нема победено финале надвор од Европа, Аргентина ги освоила 2те титули надвор од Европа, мислам дека и сега ќе е така :zelen. Еве и првите 11 кои ќе почнат.

Германија: Neuer, Howedes, Hummels, Khedira, Schweinsteiger, Ozil, Klose, Muller, Lahm (c), Kroos, Boateng
Аргентина: Romero, Garay, Zabaleta, Biglia, Perez, Higuain, Messi (c), Mascherano, Demichelis, Rojo, Lavezzi
Бирај, до наредниот четврток ќе го носам.
Немав нет овие денови, нема смисла да менуваш сега а и не знам што да ти одберам, така да нека ти стои аватарот :zelen.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Бразил повторно се посрамоти, десет гола во две утакмици доволно зборува дека беа залутани во полуфинале поради икс причини а доколку не беа домаќини ќе си испаднеа најмногу во 1/8 финале. Холандија добар пласман но останува прашањето што ќе беше ако играа поофанзивно по полуфинале. Изгледа никогаш нема да бидат шампиони :rolleyes:

Аргентина одигра три прилично досадни меча во нокаут фаза на кои поднаа дури 2 гола вкупно. Кулминацијата беше во полуфинале кога ја видовме можеби најдосадната утакмица во последниве барем пет години ако не и повеќе. Смола. Срање. Нешто како Грција во 2004 само што грчиштата го немаа Меси.
Германија иако не ми е нешто симпатична екипа поради минат труд, сепак би требало да победи, најефикасна екипа се на првенството и одиграа неколку ок меча. Во интерес на фудбалот е да победи немачка, i guess...

На анкетава гледам за немачка гласале 6 члена

а за Аргентина...

никој.

Ќе видиме како ќе испадне и кој ќе биде во право :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Многу јаки Германциве бе :D, милион пасови имаат а шанси слабо, последнава само што беше нешто. Изгледа не била толку јака Германија против Бразил туку Бразил не знаел кај тера :D. Овој Игуаин па како можеше да утне сам пред голман, ама добро има уште за играње.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Бразил повторно се посрамоти, десет гола во две утакмици доволно зборува дека беа залутани во полуфинале поради икс причини а доколку не беа домаќини ќе си испаднеа најмногу во 1/8 финале. Холандија добар пласман но останува прашањето што ќе беше ако играа поофанзивно по полуфинале. Изгледа никогаш нема да бидат шампиони :rolleyes:

Аргентина одигра три прилично досадни меча во нокаут фаза на кои поднаа дури 2 гола вкупно. Кулминацијата беше во полуфинале кога ја видовме можеби најдосадната утакмица во последниве барем пет години ако не и повеќе. Смола. Срање. Нешто како Грција во 2004 само што грчиштата го немаа Меси.
Германија иако не ми е нешто симпатична екипа поради минат труд, сепак би требало да победи, најефикасна екипа се на првенството и одиграа неколку ок меча. Во интерес на фудбалот е да победи немачка, i guess...

На анкетава гледам за немачка гласале 6 члена

а за Аргентина...

никој.

Ќе видиме како ќе испадне и кој ќе биде во право :)
Јас гласав за Аргентина,зошто ме нема или сум Никој?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Можеби сум и грешка,на некој форум беше ама на кој? Извини!


Аргентина
0 глас(а)
0.0%

А може било и на фејсбук, твитер или на мирц :zelen

Повторно проба Аргентина да ја угуши играта, во нокаут фаза на 4 меча + 3 продолженија (facepalm) (3*30 уште еден комплетен меч) значи на 5 меча дадоа 2 а примија 1 гол....кој што ги сјеба на крај. Иако сега беа нешто поактивни него на претходните мечеви и пробуваа на контри, на крај си чекаа пенали. Не ги дочекаа за среќа. Како и да е, Немачка беше најефикасна и освен на првиот меч и немаа некоја судиска помош.
Аргентина на крај посегна по касапење, да беше Веб ќе имаше некој црвен сигурно.
Играч на утакмицата - Боатенг. Epic tackles, на Меси му скина од нога неколку топки на центар кога излегуваа 3 на 2.

Последен гол на Аргентина беше против Белгија во 1/4 финале, во 8.минута (facepalm):rofl322 минути без гол и за малку ќе се довлечкаа до титула.
Ок, теоретски е можно и без постигнат гол воопшто да се освои титула :D со 2 или сите 3 нерешени 0-0 во група, и оттаму се по 0-0 и на пенали (party)
Мислам дека Иран имаа таква амбиција...

Еве една фина песничка на тема фудбал мејд ин ингланд :)

 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Малце досадно второ полувреме за разлика од првото каде видовме неколку шанси. Во второ и двете репрезентации немаа некоја јака игра, изгледа се спремаа за продолженија :). Игуаин и Паласио можеа да и донесат злато на Аргентина. Игуаин не знам што мислеше ама можеше да ја шутне поубаво, тоа ќе беше гол сигурно. Паласио изгледа се изгуби малце па сакаше да лобува а можеше да му ја шутне по земја и чист гол. Требаше да мисли малце дека со лоб нема да помине кај Ноер. Меси како да не беше баш присутен при крајот, имаше неколку шанси ама сепак можеше и подобро од тоа. Според мене не требаше да излезе Лавеци, се виде во прво полувреме како поминуваше покрај одбраната на Германија, Паласио не знам зашто толкава минутажа доби на светсково, најголема грешка на тренерот е што го викнал за репрезентација. Се виде и уморот кај играчите во второто продолжение, и да стигнеа до пенали мислам дека ќе изгубеа, пак ќе пишам дека Игуаин и Паласио можеа да ја победат Германија со тие две шанси што ги промашија, тешко ќе се вратеше Германија ако примеше 2 гола. Некои викаат дека има следно светско и пак ќе имаат шанса, ама јас мислам дека ова им беше последна шанса за светско злато, 4 години се многу и не верувам тогаш Меси да игра подобро од сега, ама добро ништо не се знае :).

Германија не изгледаше како тогаш против Бразил, во прво полувреме немаа некои јаки шанси освен таа на крајот кога одбраната на Аргентина не знаеше каде се наоѓа :). После во второ заради затворената игра на Аргентина не можеа баш нешто да направат. Добри измени направи Лев, не брзаше како аргентинецов кој го става Паласио (facepalm). Не знам само како можеше судијата да досуди фаул од Игуаин кога Ноер му се влезе како брус ли :). Сепак како и да е честито на навивачите на Германија, прва титула надвор од Европа. Ноер заслужено си зема награда за најдобар голман, како само бранеше на претходните утакмици, штета ќе беше да не земе. Меси не знам како зема награда за најдобар играч :rofl овие од фифа се луди.

Ептен брзо помина светсково, кој ќе чека сега 4 години. Јас си останав баксуз до крај, погодив само 2 утакмици мислам :zelen. Навивав за Шпанија и ете што се случи, си отидоа дома уште одма. На крај изгледа ова беше најдобро светско. Клосе го помина Роналдо и стана најдобар стрелец, Бразил изгуби пред своја публика со 7:1, Алжир за прв пат ја помина групата, Колумбија ги изненади сите и стигна до четвртфинале исто и Костарика би рекол дека беше изненадување, Мексико ги измачи сите со кои играше, Германија се израмни по бројот на титули со Италија, Суарез дојде гладен и почна да јаде. Исто така видовме и милион судиски грешки и многу глумци кои подобро би се снашле во филм отколку на терен. Посакував повисок пласман на Колумбија и Мексико, мислам дека заслужија барем до полуфинале да стигнат. Ај за 4 години во Русија можеби и тоа ќе се случи. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Конечен пласман :

1.Германија
2.Аргентина
3.Холандија
4.Бразил

5.Колумбија
6.Белгија
7.Франција
8.Коста Рика

9.Чиле
10.Мексико
11.Швајцарија
12.Уругвај
13.Грција
14.Алжир
15.САД
16.Нигерија

17.Еквадор
18.Португалија
19.Хрватска
20.Босна
21.БСК
22.Италија
23.Шпанија
24.Русија
25.Гана
26.Англија
27.Ј.Кореја
28.Иран
29.Јапонија
30.Австралија
31.Хондурас
32.Камерун

Англија наслаба европска репрезентација (facepalm)
Италија втор најлош пласман евер (полош само оној на претходното:D)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence