Малце досадно второ полувреме за разлика од првото каде видовме неколку шанси. Во второ и двете репрезентации немаа некоја јака игра, изгледа се спремаа за продолженија
. Игуаин и Паласио можеа да и донесат злато на Аргентина. Игуаин не знам што мислеше ама можеше да ја шутне поубаво, тоа ќе беше гол сигурно. Паласио изгледа се изгуби малце па сакаше да лобува а можеше да му ја шутне по земја и чист гол. Требаше да мисли малце дека со лоб нема да помине кај Ноер. Меси како да не беше баш присутен при крајот, имаше неколку шанси ама сепак можеше и подобро од тоа. Според мене не требаше да излезе Лавеци, се виде во прво полувреме како поминуваше покрај одбраната на Германија, Паласио не знам зашто толкава минутажа доби на светсково, најголема грешка на тренерот е што го викнал за репрезентација. Се виде и уморот кај играчите во второто продолжение, и да стигнеа до пенали мислам дека ќе изгубеа, пак ќе пишам дека Игуаин и Паласио можеа да ја победат Германија со тие две шанси што ги промашија, тешко ќе се вратеше Германија ако примеше 2 гола. Некои викаат дека има следно светско и пак ќе имаат шанса, ама јас мислам дека ова им беше последна шанса за светско злато, 4 години се многу и не верувам тогаш Меси да игра подобро од сега, ама добро ништо не се знае
.
Германија не изгледаше како тогаш против Бразил, во прво полувреме немаа некои јаки шанси освен таа на крајот кога одбраната на Аргентина не знаеше каде се наоѓа
. После во второ заради затворената игра на Аргентина не можеа баш нешто да направат. Добри измени направи Лев, не брзаше како аргентинецов кој го става Паласио
. Не знам само како можеше судијата да досуди фаул од Игуаин кога Ноер му се влезе како брус ли
. Сепак како и да е честито на навивачите на Германија, прва титула надвор од Европа. Ноер заслужено си зема награда за најдобар голман, како само бранеше на претходните утакмици, штета ќе беше да не земе. Меси не знам како зема награда за најдобар играч
овие од фифа се луди.
Ептен брзо помина светсково, кој ќе чека сега 4 години. Јас си останав баксуз до крај, погодив само 2 утакмици мислам
. Навивав за Шпанија и ете што се случи, си отидоа дома уште одма. На крај изгледа ова беше најдобро светско. Клосе го помина Роналдо и стана најдобар стрелец, Бразил изгуби пред своја публика со 7:1, Алжир за прв пат ја помина групата, Колумбија ги изненади сите и стигна до четвртфинале исто и Костарика би рекол дека беше изненадување, Мексико ги измачи сите со кои играше, Германија се израмни по бројот на титули со Италија, Суарез дојде гладен и почна да јаде. Исто така видовме и милион судиски грешки и многу глумци кои подобро би се снашле во филм отколку на терен. Посакував повисок пласман на Колумбија и Мексико, мислам дека заслужија барем до полуфинале да стигнат. Ај за 4 години во Русија можеби и тоа ќе се случи.