Ете гледаш: јас ти велам бог си ти ми велиш помеѓу тебе и богот има огромна разлика... ако мислиш дека си јајце - биди...
Нека биде твојата волја
Сега баш се зачленив,но кажи ми од што прво да почнам да читам,основата на телемата,значението,рачунај дека сум "труп" .Малку ми е тешко,дури се навраќам на една реченица по пет пати за да ја разберам,а има и многу зборови кои треба да си ги најдам во речник.
Ако јавно се покаже божественото ќе се појават следбеници и ете не пак на старата сказна... НЕ; Тие што се богови - ќе бидат тајни, инаку ќе бидат исмевани и нивните имиња „напразно ќе бидат споменувани“, а тоа не го сакаме, научиве од старите школи...
Промената на светот секогаш оди без скокови и тајно...
Тоа е и за да нема обожување и вера, бидејќи „Дојдете кон мене” е будалест израз: зашто јас сум тој што оди. Кој го обожуваше Херу-па-краат ме обожуваше мене; погрешно, оти јас сум обожувателот“ Второ поглавје од Книгата на Законот каде што Хор зборува за другата крајност на постоењето.... вака малку да бидам „центар на чума“ и да давам коментари за „Книгата на Законот“
Нормално дека мора да се стане бог (или да си на таа патека на пракса и надминувања) за да се укаже на другите дека и тие имаат божествена искра во нив и дека мора да бидат најдоброто што постои во нив (нормално некои не сакаат да ја одминат сенката на Земјата, но тоа е нивна волја, нема простор за осуда).
Ова е слично со есејот за смртта на мојог блог, ете може да послужи за целта (
линк).
Некои достигнале да гледаат на себе си како да се јајце и нормално дека ќе зборуваат како во нив како јајце, спие бог и чека да биде разбуден. Се надевам нема врска твоето со старо-еонските концепти на умирачките богови !
Темава оди на сите страни...