Затоа реков Волјата во Телемата, не волјата во секојдневниот жаргон. Тоа што ти го опишуваш како волја или безволност е намера, желба, мотивираност...тоа нема врска со концептот за кој се зборува тука. Чистата - вистинска волја е метафизички аспект што ја опишува квлитативната суштина на битието. Таа е предодреденоста....
На пример желбите, намерите и мотивите што ги има некој на 5, 25 и 55 години не се исти, но волјата да биде композитор, сликар или писател е константна иако не секогаш свесно манифестирана. Друга работа по што се разликува овој концепт со желбите е немањето на цел или страст за резултат. За да бидеш безволен или волен за нешто, треба да постои тоа "нешто", со други зборови позади секоја желба постои цел или мотив за резултат, но волјата на сликарот да слика е цел самата за себе....кога тој слика не го прави тоа за да постигне некој резултат, туку самкиот акт на извршување на неговата волја да слика е цел и резултат за себе.