Телема

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
„Прво и најбитно е ПРАКСА! Мора да се истражете самите себе! Мора да нурнете во Вашето море од разни ставови за се околу Вас, за разните комплекси кои сте ги граделе несвесно дејствувајќи во животот. Мора да дознаете зошто за било што Вие имате било каков став! Потребно е да ги откриете врските кои ги градите и сте ги изградиле со вашето дејствување во универзумот!

За да се постигне ова, оваа прва патека наречена пракса се дели на две патеки: МАГИКА и ЈОГА. Цврсто сум убеден дека единствениот начин кон откривање на вашата Волја е преку овие две навидум спротивни патеки! “ - За Волјата во философијата на Телема
Срам не срам,но признавам дека сум"дудук"за Телема,и првпат слушнав за неа во форумов.Сакам да прашам дали вољата за која зборуваш е таа која им недостасува на зависниците,коцкарите,алкохоличарите,депресивните луѓе,исто ли е кога ке се каже -нема карактер?мислам дека ме разбра што прашувам,а ако е глупо поставено, извини.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net

Волјата во Телемата е динамичкиот аспект на битието, таа е тоа што те дефинира, таа е твојата најдлабока суштина или предодреденост. Таа е нешто кое инстинктивно го препознаваме како наш идентитет, дури и тогаш кога "идентитетот" што ни е наметнат од околината ќе се измени, избрише или отфрли.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Волјата во Телемата е динамичкиот аспект на битието, таа е тоа што те дефинира, таа е твојата најдлабока суштина или предодреденост. Таа е нешто кое инстинктивно го препознаваме како наш идентитет, дури и тогаш кога "идентитетот" што ни е наметнат од околината ќе се измени, избрише или отфрли.
Навистина не разбирам,ниту она"прави што ти е воља,но ке има последици".Како може вољата да биде наш идентитет,кога знаеме дека таа може да варира,од јака воља до безвољност.Има ли начин таа да се зајакне,дали во вашата филозофија го има тоа.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Навистина не разбирам,ниту она"прави што ти е воља,но ке има последици".Како може вољата да биде наш идентитет,кога знаеме дека таа може да варира,од јака воља до безвољност.Има ли начин таа да се зајакне,дали во вашата филозофија го има тоа.
Затоа реков Волјата во Телемата, не волјата во секојдневниот жаргон. Тоа што ти го опишуваш како волја или безволност е намера, желба, мотивираност...тоа нема врска со концептот за кој се зборува тука. Чистата - вистинска волја е метафизички аспект што ја опишува квлитативната суштина на битието. Таа е предодреденоста....
На пример желбите, намерите и мотивите што ги има некој на 5, 25 и 55 години не се исти, но волјата да биде композитор, сликар или писател е константна иако не секогаш свесно манифестирана. Друга работа по што се разликува овој концепт со желбите е немањето на цел или страст за резултат. За да бидеш безволен или волен за нешто, треба да постои тоа "нешто", со други зборови позади секоја желба постои цел или мотив за резултат, но волјата на сликарот да слика е цел самата за себе....кога тој слика не го прави тоа за да постигне некој резултат, туку самкиот акт на извршување на неговата волја да слика е цел и резултат за себе.
 
Неможам да ја сфатам таа ВОЉА,мене ми е исто со карактер,вера,љубов нада и желба.(се заедно)Алистер бил најпорочниот човек и незнам каде он својата воља ја употребил?Извини само баш се заинтересирав и утре ке пролистам да поднаучам нешто,колку да можам да те разберам тебе ако си во право.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Неможам да ја сфатам таа ВОЉА,мене ми е исто со карактер,вера,љубов нада и желба.(се заедно)Алистер бил најпорочниот човек и незнам каде он својата воља ја употребил?Извини само баш се заинтересирав и утре ке пролистам да поднаучам нешто,колку да можам да те разберам тебе ако си во право.
А според што ќе одлучиш дали сум во право? :) Веќе ти кажав дека не е исто со карактер, вера, надеж и желба.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
А според што ќе одлучиш дали сум во право? :) Веќе ти кажав дека не е исто со карактер, вера, надеж и желба.
Тогаш ми преостанува да заклучам деја Јас таква Воља не поседувам,не познавам.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Тогаш ми преостанува да заклучам деја Јас таква Воља не поседувам,не познавам.
Дека не ја познаваш да, дека не ја посдедуваш не. Невозможно е да непоседуваш волја, тогаш не би постоела.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Дека не ја познаваш да, дека не ја посдедуваш не. Невозможно е да непоседуваш волја, тогаш не би постоела.
Дали немам концентрација или ти стварно ми направи чвор со мислите.Човек не постои поради вољата,во моментот мене ми е таа на најниско ниво падната,па живеам ко зомби,ко машина.Што е суштината на вољата,на тој закон да живееш и правиш што сакаш и како сакаш,тика има некој простор неразјаснет.Дали таа воља е нешто слично со порив,нагон,?
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Дали немам концентрација или ти стварно ми направи чвор со мислите.Човек не постои поради вољата,во моментот мене ми е таа на најниско ниво падната,па живеам ко зомби,ко машина.Што е суштината на вољата,на тој закон да живееш и правиш што сакаш и како сакаш,тика има некој простор неразјаснет.Дали таа воља е нешто слично со порив,нагон,?
Веќе потенцирав дека не е нагон, желба или мотив и дека неможе да биде на нивоа - да паѓа и да се дига. Ти зборуваш за располежение, волјата нема врска со расположението на луѓето.
Дали го разбра примерот со сликарот? Тој одсекогаш имал волја да слика, кога ја открил е ирелевнтно, таа одсекогаш постоела како негова предодреденост.
Волјата во случајов е предодреденоста која не дефинира, таа нема врска со желби и мотивации, депресии или еуфории. Кога живееме според неа, сме исполнети, кога не, чуствуваме дека нешто ни недостига.