Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Да,:(
Само ќе остане мистерија кој е виновникот,Алистер или другиот.:(
Секогаш е Кроули - и мртов тој е крив за било што... (facepalm)
Кај смее човек сам себе да се прогласи за лудак и зло?

Секогаш е така - како беше она, Кроули е најзлобниот човек на Земјата кој што го пренел зборот: Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон, кој што го објаснил на многу места дека не значи да правиш што сакаш и како сакаш и дека има многу подлабоко значење кое не го опфаќа само поединецот ами и неговата интеракција со се останато :)

Ама вие тоа го знаете тука, нели ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не бе, зашто. Нека си живеат у заблуда дека Кроули и О.Т.О е опасност за нив, а некој ќе ги користи нивниот труд, време и животи за свои цели.

NONE ARE MORE HOPELESSLY ENSLAVED THAN THOSE WHO FALSELY BELIEVE THEY ARE FREE

By S.R. Shearer
Твојата слобода е нечие ропство и vice versa :)
Помири се со тоа дека ти си зло за овие луѓе тука... се надевам не се сериозни, но и да се : тоа е нивни проблем, зарем ќе се докажуваме на форум кои сме и што сме?
Батали :)
Зборувај Телема и биди човек :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не бе, зашто. Нека си живеат у заблуда дека Кроули и О.Т.О е опасност за нив, а некој ќе ги користи нивниот труд, време и животи за свои цели.
Љељеее сериозно ова мислиш дека луѓето мислат дека Кроули и ОТО е опасност? Затоа ли ако му спомнеш на некого „Телема“ те гледа збунето? Сеа ми е јасно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Љељеее сериозно ова мислиш дека луѓето мислат дека Кроули и ОТО е опасност? Затоа ли ако му спомнеш на некого „Телема“ те гледа збунето? Сеа ми е јасно.
Тоа што го мислев, го кажав. Колку си разбрал твое си е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Уште два дена до настанот кој го промовиравме изминатиов период. Малку повеќе инфо во текстот што следува:

СООПШТЕНИЕ И ПОКАНА
Почитувани,


Здружението на граѓани АЛЕФ ве поканува на дводневна работилница на бестселер авторот Лон Мајло Дукет (Lon Milo DuQuette).
Станува збор за Мајстор Масон и 32-ри Степен од Шкотскиот Ритуал на Слободно Ѕидарство кој доаѓа од Калифорнија. Од 1975 година Дукет е национален и интернационален офицер на Ordo Templi Orientis, едно од највлијателните магиски друштва на 20-тиот век. Во моментот служи како Заменик Голем Мајстор на овој окултен Ред во Соединетите Држави.

Неговите 16 досега објавени книги се преведени на 12 светски јазици, а критичарите го нарекуваат еден од најпочитуваните и најзабавните писатели и предавачи од областа на западна езотерија. Рецензентите го споредуваат духовитиот и досетлив стил на Дукет со оној на Марк Твен. Публиката на неговите работилници и семинари го опишува искуството како каскада на информации, смеа и страв.

Дукет е меѓународно признаен авторитет за Тарот и Церемонијална Магика. Иако овие предмети ги сфаќа многу сериозно, се обидува себеси да не се сфаќа премногу сериозно. Оваа ретка комбинација на ученост и хумор во изминатите 20 години му овозможи едно уникатно и почитувано место во светската духовна и езотерична литература.

Неговото најпопуларно дело, автобиографијата "My Life with the Spirits" е задолжителна литература за 2 студиски програми на универзитетот Де Пол од Чикаго. Футуристот и автор Роберт Антон Вилсон ја нарекува "најдобриот вовед во Западен Окултизам - разумен, приземен и чудесно забавен."

Во периодот од 23-ти мај до 19-ти јуни авторот ќе гостува во 11 градови од 10 европски држави, меѓу кои и во Скопје, Македонија. По тој повод има подготвено серија предавања на теми како што се: Слободно Ѕидарство, тајната на витезите Темплари, традиција на западните Мистерии, сексуална алхемија, Иницијација и Тарот.

На 9 јуни, со почеток од 19 часот во салата Даре Џамбаз ќе го одржи своето прво предавање за македонската јавност под наслов "Goetia, Solomonic Magick, and the Evocation of Evil Spirits". Гоеција се однесува на сите операции од онаа Магика која се занимава со грубите, зли или непросветлени сили. Штом ќе се совлада, тоа е вештина која може да послужи како едно од најмоќните и најкорисни оружја од арсеналот на Магичарот. Зошто некој возрасен човек од 21-виот век би имал потреба да ја призива помошта на “зли духови?” Одговорот може да изненади.

На 10 јуни, со почеток од 19 часот во салата Даре Џамбаз ќе го одржи своето второ предавање под наслов "Enochian Vision Magick". Енохијанската Магика е можеби најмоќниот и најелегантниот систем на западна магика. Дукет, кој го практикува овој систем повеќе од 27 години, открива елементи од оригиналниот материјал на оваа тема, запоставен од адептите на Златна Зора, Алистер Кроули и останати модерни магичари и ги претставува во ново светло. Ова 90 минутно предавање завршува со практична сесија во која може да учествуваат и присутните.
Вебсајт за настанов се наоѓа на следниов линк: http://londuquette2014.alef-mk.org/. Цената на поединечна влезница за секое од предавањата изнесува 300 денари, а блок влезница за двата дена 500 дена.



P.S. Ќе може воедно да се купат и насловите кои беа на овогодинешниот саем на книгата, со истиот саемски попуст, плус пакет од 4 книги за 400 денари (Преку понорот, Мали есеи кон Вистината, Атлантида и Препород на магиката).
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
@Abraxas , добро ти текна да споделиш инфо... можеби ќе помине некој од форумџиите:svirka, да слушне и дознае нешто повеќе
Полесно е од "реномирани" весници да се дознаваат нештата, вака треба лично да се види што луѓе се овие масони и телемити.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Полесно е од "реномирани" весници да се дознаваат нештата, вака треба лично да се види што луѓе се овие масони и телемити.
Е што лично кога пак нема да се знае кој е кој... :)
Освен Мајло, нормално... ако некој слушнал за него тука...

Знам 6-7 луѓе од кајгана форум што ќе дојдат... сигурно нема за нив да се мисли дека се Телемити или масони...
Не секој што ќе дојде на предавање со вакви тематики е иницијант во О.Т.О. или било каде.
Знам „осамени“ тајни истражувачи кои не сакаат да бидат вознемирувани :)