Најмногу ми пречи мирисот на прегорено млеко. Погрдо нешто - здравје. Уште полошо е што тој мирис трае.
Потоа, мирис на риба. Не поднесувам риба. Ретко која риба ја јадам. Секако, посебно ми пречи мирис на тезги со расипана риба. Можеби затоа толку го љубам изразот „овде нешто смрди на риба“.
Мирисот на варено пилешко месо. Ова не се поднесува. Ми се лоши кога ќе помислам.,
Потоа, мирис на млеко и месарница.
Па мирисот на јавен тоалет и мирисот на свежо исчистена со мокро ќебе(натопено со доместос) училница.
И секако, мирисот на штала и домашни животни.
За малку ќе заборавев на мирисот на гнила лубеница во контејнер.
За мирисот на здив, чорапи, цигари, леш и кромид подобро да не зборувам.