Моментално читам...

Tumblr

Истакнат Член
21 мај 2014
8
13
103
Бетонска Градина - Ian McEwan

„Не го убив татко ми, но понекогаш чувствував дека му го олеснив патот кон смртта. Ако се земе предвид дека тоа се поклопи со еден значаен момент од мојот физички развој, неговата смрт изгледа сосема безначајна.“

Во средиштето на романот се наоѓаат четирите деца чие родители умираат (таткото добива срцев удар додека ја цементира градината, а мајката умира неколку месеци подоцна); децата решаваат да ја закопаат својата мајка во подрумот и да го скријат тоа од надворешниот свет за да не бидат згрижени во социјална институција.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
“Папата Јована” од Дона Вулфолк Крос
Папата Јована, легендарната жена-понтиф која се тврди дека била крунисана под името Јован VIII, се’ уште останува легенда и срам за римокатоличкиот свет. Јована, под името Џон Англикус, се преправала во маж и успеала да стигне до тронот на Ватикан.
Речиси 25 месеци, од 855 до 858 година, помеѓу владеењето на Лео IV и Бенедикт III, постои временски период во кој постои празнина. Во ниту еден документ или историска книга во билблиотеките на Ватикан не постои податок за владеење на било кој папа во тој период.
Оваа мистерија се обиделе да ја обелоденат многу автори кои пишувале за папата Јована, образована, амбициозна и успешна жена, која живеела претставувајќи се како маж во манастири во Англија, и подоцна во Ватикан, една од нив е и Дона, чија книга предизвика безброј негативни критики од Ватикан и се разбира постоењето на женски папа беше негиран.
Интересна книга, описна, ми го задржа вниманието и тоа како...во секој случај вреди да се прочита.
 
Samurai

Нов член
24 април 2014
17
13
3
Кодот на Да Винчи - Ден Браун

колку сакам книгава да ја прочитам... Многу ми ја имат фалено дека била ептен добра, пораката посебно добра.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Кодот на Да Винчи - Ден Браун

колку сакам книгава да ја прочитам... Многу ми ја имат фалено дека била ептен добра, пораката посебно добра.
Да, да книгата е навистина вредна за читање...Ја имав купено пред некои 2-3 години и никако не дојде на днвен ред да ја прочитам ама и тоа дојде :)...Ти ја препорачувам, обавезно да ја прочиташ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Samurai

Samurai

Нов член
24 април 2014
17
13
3
Да, да книгата е навистина вредна за читање...Ја имав купено пред некои 2-3 години и никако не дојде на днвен ред да ја прочитам ама и тоа дојде :)...Ти ја препорачувам, обавезно да ја прочиташ....
криво ми е што не ја купив пред 2-3 месеци кога ја најдов на намаление беше 260ден али ајде.. сигурно ја има и во библиотека..
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Византиски Комонвелт - Димитрије Оболенски
Препрочитувам одредени периоди од историјата на Византија, чисто онака од потсетување. Сеуште интересен период ми е 9тиот век - времето на покрстувањето на старите Словени и иконоборството во Константинопол.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Кодот на Да Винчи - Ден Браун

колку сакам книгава да ја прочитам... Многу ми ја имат фалено дека била ептен добра, пораката посебно добра.
Преубава книга на која се истурив од плачење,ти предлагам да ја прочиташ,нема да погрешиш.