Со задоволство би зборувала и за ова, всушност моите ставови за добро и зло не се подтикнати само од тоа што ни се случува сега и тука во нашите животи на земјата, туку од она што следи понатака. Многу нешта имам да кажам на темава, ама се воздржувам затоа што едноставно не сакам да дебатирам на ваква тема со луге кои сосема различно од мене гледаат на работите. Зборовите одат во ветер. Едноставно се разминуваат и секој од нас е погрешно разбран или воопшто не е разбран...
Ајде прв почни ти.
Човековиот организам е совршен и совршено функционира ако на правилен начин се однесуваме кон него.
Еве ти нешто околу тоа, ќе почннам од бактериите и болестите кои ги предизвикуваат.
Посебно внимание посвети на деловите кои што се болдирани!
Бактериите се многу ситни организми составени само од една клетка, која е поедноставна и значително поинаква од растителните и животинските клетки. Тие живеат и се размножуваат
таму каде што можат да најдат извор на енергија за живот. Некои живеат во или на друго живо суштество, било да се штетни (предизвикуваат болести) или корисни, на пример, заштитуваат од некои штетни бактерии. Повеќето од бактериите, меѓутоа, живеат во или на угинати растенија или животни
и нивнито дејство предизвикува распаѓање (гниење).
Во поглед на исхраната, имаме автотрофни и хетеротрофни бактерии. Дел од автотрофните содржат бактериохлорофил и можат да вршат фотосинтеза, а дел кои не содржат фотосинтетски пигменти,
ја користат хемиската енергија за синтеза на органските соединенија, во процесот хемосинтеза. Хетеротрофните бактерии се исхрануваат сапрофитски или паразитски. Сапрофитите се хранат со органски материи од изумрени организми,
при што ги разложуваат до неоргански материи, потребни за процесот фотосинтеза кај растенијата. Сапрофитските бактерии (уште наречени и редуценти) се главните алки во синџирот на кружење на материите во природата. Паразитските бактерии паразитираат на растенијата, животните и човекот, предизвикувајќи притоа најразлични заболувања.
Некои бактерии се составен дел од организмот на човекот, животните и растенијата, без кои тој не може да функционира.
Бактериите се размножуваат бесполово (со проста делба, а некои со спори) и полово.
Спорите служат за заштита на бактериите при неповолни животни услови, а при поволни се развиваат нови единки и тоа за многу брзо време. Сончевата светлина, температурата и некои други фактори како ограничена количина на храна, влијаат за намалување на нивната бројност. Половото размножување се одвива само во многу поволни услови по пат на конјугација.
Од овој текст можеме да заклучиме дека бактериите се населуваат, хранат и размножуваат само кога за нив има поволни услови. Како се создаваат поволните услови (за бактериите) во нашето тело?
Нашиот организам е совршен кога се однесува на сосема природен начин, онака како што бог, природата му налага. Кога нашиот организам се однесува на тој начин не е подложен на болестите кои бактериите ги предизвикуваат.
Како се создаваат поволни услови за бактериите во нашето тело? бактериите населуваат површини кои се закиселени. Истите не опстојуваат во базни средини.
Кога човековиот организам се храни со исклучиво свежа и сирова храна ( тука се вклучува и месото, ама консумирано веднаш после настанување на смртта на животното додека е топло, пред да започне процесот на распаѓање кој настанува многу брзо...) тогаш телото не ни е закиселено туку базно или алкално.
Тогаш бактериите не се населуваат во организмот затоа што таму немаат храна. За пример погледни како опстојуваат дивите животните. Тие не користат лекарства, вакцини и се совршено здрави. За разлика од нив домашните животни кои ги храниме со вештачки добиена храна заболуваат од болести.
Секоја термички обработена храна која ја внесуваме го закиселува нашиот организам. Недоволното изложување на сончева светлина исто така.
Што правиме ние со нашиот организам? Го малтретираме во буквална смисла на зборот. Внесуваме се и сешто и со тоа создаваме одлични услови за населување на бактериите.
Исто така и личната хигиена игра голема улога. Сметам дека за тоа на сите им е јасно па нема да објаснувам.
@Outrider! Кој е виновникот? Каде лежи проблемот? Во даденото или во нашиот однос кон она што ни е дадено?