Дали Бог е незаинтересиран и бесчувствителен?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
А какви прашања се овие? Па Бог (кој е љубов) не направил такви да колеме, дереме, сечиме, сортираме, печеме и јадеме животинки и растенија. Исто такви ги направил и животинките, мачката ете пример... дави и ждере штакори и сличен дивеч...
Зарем не можел Бог (кој е љубов) да направи да живееме од воздух? Нели е семоќен?

Бактеријата ако не ја отепаш - таа ќе те отепа. Нема квоти за `оправдано убиени бактерии`. Тетка Јерсинија Пестис, отепала 1/4 од светското население за време на големата фрка позната како Црна Смрт во 14.век. Скоро extinction level ти е тоа. Шо кој ****** му требало да ја ствара Јерсинија бе? Досадно му било?
Каква интелегенција? Мнозинството раја по светот се глупави товарни животни опседнати од своето ропство, троа суеверие и павлови рефлекси. Креативноста е тежок исклучок кај луѓето. Оти не ги направил сите креативни и паметни, па сега ќе живеевме во вечен мир и просперитет, колонизиравме планети, ќе пиевме кафе и ќе муабетевме за смислата на животот со холографски проекции на вонземјани 300 светлосни години од нас и ќе живеевме фино по 200 години.

Некои ги напраил ружни како данок, некои убави. Шо така?

И шо сторил чекање, милиони години приглупи хоминиди и човеколики мајмуни, и на крај само 200.000 години од 4,5 милијарди години планета постои чоек. Зошто не го направил веднаш? Паметен, секси, креативен и долговечен.:kafe
По стоти пат ке го кажам истото и повеке нема да се повторувам затоа што ме мрзи едно исто да објаснувам цело време. Не е проблемот во тоа што и колку ни дава бог, туку во тоа како ке го прифатиме и искористиме истото.
Бог не ја створил Јерсинија како убиец, кажи ми ти убиец ли била кога се родила, или мало невино и чисто бебе... Не го заборавај фактот дека човекот има слободна волја и не го заборавај фактот дека со човекот управува егото и токму овие две нешта го прават ``злобен`` во однос на животните. (иако сметам дека вистинско зло не постои)
Бог не е крив што лугето се изопачуваат, никој не се родил изопачен...
А она што најмногу ми смета во твоите мислења е тоа што цело време човекот го ставаш во центар, забораваш дека се што постои е подеднакво битно.
Сметаш дека ние мора да ги убиваме бактериите затоа што во спротивно тие ке не убијат нас и така размисллуваш затоа што си човек. Како ке размислуваше да беше бактерија. Кој му е помил на бог? зарем мајката не си ги сака сите деца подеднакво?

Не не, чекај малку сега. Се уништува нешто за да се создаде нешто? Креативност? Зошто тогаш имаш против тоа човекот да уништи нешто (пример крокодил) за да создаде нешто (пример чизми од крокодилска кожа)?
И јас по втор пат ќе те прашам: Дали ако тие дарови од Бог го истребат човештвото тоа би значело дека Бог свесно ја уништил својата креација?

Околу убивање животни за бунди од мода, сето тоа е природно. Човекот не е суштество кое може да опстанува сосема гол. Еволуцијата направила влакната на телото кои ја задржуваат топлината да се изретчат, а тоа наметнува потреба од облека, а облека не паѓа од небо (добро, има исклучоци... пример бунда од пердуви). Да ја спомнам креативноста која според тебе Бог несебично му ја дал на човекот, а овој ја искористил за да направи облека која е естетски и функционално подобра од сушена кожа?

Да претпоставам, веројатно си против тестирањето лекови врз животни и против вакцинирање.
А зошто тогаш ти имаш против цунамито да им ги однесе домовите на 227,898 жители. Па замисли каква модерна плажа може да се изгради таму или било што... не е битно. Човекот одамна се покажал како многу креативен кога е искористувањето на просторот. Понекогаш сече големи површини на шуми за да гради, асфалтира таму каде што треба да вирее бујна вегетација... некако исто ми изгледа кога ке замислам дека го гледам сето тоа од повисоко.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,447
9,155
1,683
Кушкундалево
А зошто тогаш ти имаш против цунамито да им ги однесе домовите на 227,898 жители. Па замисли каква модерна плажа може да се изгради таму или било што... не е битно. Човекот одамна се покажал како многу креативен кога е искористувањето на просторот. Понекогаш сече големи површини на шуми за да гради, асфалтира таму каде што треба да вирее бујна вегетација... некако исто ми изгледа кога ке замислам дека го гледам сето тоа од повисоко.
Јас немам ништо против цунамито, напротив тоа го нагласува она што го зборам дека ако Бог е семоќен и сезнаен свесно ги уништува своите креации. Што знам дали е тоа љубов (think).
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
43
www.oto-mk.net
Безчуствителност, емоционалност, емпатија, хедонизам, садизам....се се тоа човечки карактеристики. Ако Бог е ентитет кој поседува апсолутни квалитети, тогаш овие карактеристики се надминати на тоа апсолутно ниво.
Универзумот е како шах а животот како шаховска игра. Бог ги поставил правилата и границите за можните исходи, се останато е една бесконечна игра. Нема цел, нема дестинација, само бесконечни искуства....бесконечен пат без дестинација, бидејќи самото патување е "дестинацијата".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,401
5,901
1,683
Disco
Бог не ја створил Јерсинија како убиец, кажи ми ти убиец ли била кога се родила, или мало невино и чисто бебе... Не го заборавај фактот дека човекот има слободна волја и не го заборавај фактот дека со човекот управува егото и токму овие две нешта го прават ``злобен`` во однос на животните. (иако сметам дека вистинско зло не постои)
Бог не е крив што лугето се изопачуваат, никој не се родил изопачен...
А она што најмногу ми смета во твоите мислења е тоа што цело време човекот го ставаш во центар, забораваш дека се што постои е подеднакво битно.
Сметаш дека ние мора да ги убиваме бактериите затоа што во спротивно тие ке не убијат нас и така размисллуваш затоа што си човек. Како ке размислуваше да беше бактерија. Кој му е помил на бог? зарем мајката не си ги сака сите деца подеднакво?


А зошто тогаш ти имаш против цунамито да им ги однесе домовите на 227,898 жители. Па замисли каква модерна плажа може да се изгради таму или било што... не е битно. Човекот одамна се покажал како многу креативен кога е искористувањето на просторот. Понекогаш сече големи површини на шуми за да гради, асфалтира таму каде што треба да вирее бујна вегетација... некако исто ми изгледа кога ке замислам дека го гледам сето тоа од повисоко.

:rofl
Болдираното бе.......хаххахахаааааааааа бактеријата на Црната Смрт (бубонска чума) мало и невино бебенце, bless her, којзнае каква била како тинејџерка :rofl
Да можев ќе кликнев 20 лајка прејако е :zelen

За другото после ќе одговорам :) пак дојдовме на проблемот на постоење на злото при постоење на бог кој е љубов, врти сучи нема бегање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
:rofl
Болдираното бе.......хаххахахаааааааааа бактеријата на Црната Смрт (бубонска чума) мало и невино бебенце, bless her, којзнае каква била како тинејџерка :rofl
Да можев ќе кликнев 20 лајка прејако е :zelen

За другото после ќе одговорам :) пак дојдовме на проблемот на постоење на злото при постоење на бог кој е љубов, врти сучи нема бегање.
(facepalm)Имаш право да ми се смееш , прочитав ``тетка`` и одма се загнав да одговорам без да размислам за што пишуваш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Наместо однапред да ни ја одреди судбината, Бог ни дал прекрасен дар — слободна волја, односно способност сами да донесуваме одлуки.
  • Бог ги создал луѓето според својот лик (1. Мојсеева 1:26). За разлика од животните, кои се водат според своите инстинкти, ние сме слични на нашиот Творец во таа смисла што можеме да ги покажуваме неговите особини, како што се љубовта и правдата. Освен тоа, исто како Бог, и ние имаме слободна волја. Во голема мера, сами си ја одредуваме иднината. Библијата нѐ поттикнува да го ,избереме животот, така што ќе го слушаме Божјиот глас‘, односно ќе ги слушаме неговите заповеди (5. Мојсеева 30:19, 20). Ова би било бесмислено, па дури и сурово, кога би немале слободна волја. Бог не нѐ присилува да го слушаме, туку љубезно ни вели: „О, да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река“ (Исаија 48:18).
    • Судбината не е одговорна за она што ни се случува во животот. Ако сакаме да успееме во нешто, мораме да вложиме труд. Во Библијата пишува: „Сѐ што ќе ти дојде до рака да правиш, прави го со сета своја сила“ (Проповедник 9:10). Исто така, во неа пишува дека „замислите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист“ (Изреки 21:5).
    • Слободната волја навистина е скапоцен дар од Бог. Само со неа можеме да го сакаме Бог со „сето свое срце“ без да сме присилени на тоа (Матеј 22:37)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Авраам

Староседелец
11 јуни 2013
22
9
603
39
Бог не може сите да ги гледа и управува. Неверниците се водени од лоши мисли кон лоши дела и за нив нема помош, ниту Бог ќе е милозлив зошто првично тие не веруваат во него! Само вистинските чеда го знаат патот до Господовата милост.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Бог не може сите да ги гледа и управува. Неверниците се водени од лоши мисли кон лоши дела и за нив нема помош, ниту Бог ќе е милозлив зошто првично тие не веруваат во него! Само вистинските чеда го знаат патот до Господовата милост.
Постојат вистински и невистински чеда?
Ако вистинските ги создал бог, тогаш кој ги создал невистинските?
По твоево мислење заклучив дека и покајанието не помага за неверниците. А од раѓање ли се такви?