Бог никогаш немал намера човештвото да страда од природни катастрофи. Тој сака луѓето да живеат засекогаш во мир на Земјата.Денес Бог не ги предизвикува природните катастрофи за да го казни човештвото. Како Бог на правдата, никогаш ‚не би го погубил праведниот заедно со злиот‘ (1. Мојсеева 18:23, 25). Тој ги штител оние што му биле послушни. Денешните природни катастрофи не ги бираат жртвите.Таквите непредвидени настани не се во склад со Божјата личност. Во Јаков 1:13 пишува дека Бог не ги искушува луѓето со зло, а 1. Јованово 4:8 многу јасно и едноставно ни кажува каков е Бог: „Бог е љубов“. Тој никогаш не може да биде одговорен за страдањата на невини луѓе предизвикани од случајни бури, земјотреси и други катастрофи.
Ајде сега пак...
Не ги прави воопшто цунамите или не ги прави за да го казни чоештвото? Ако не ги прави воопшто, зошто не ги спречува? Ако ги прави, зошто ги прави да убиваат раја? Тоа е од љубаф?!
Злото постои. Бог е семоќен и може да го спречи, бидејќи како семоќен и креатор на све и го создал. Тоа не го прави. Или не е семоќен или не е љубов.
Исаија 45/6 - Нека се знае од исток до запад дека се; вон Мене е ништавило. Јас Сум Господ и нема друг;
Исаија 45/7 - Јас ја творам светлината и ја создавам темнината. Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата, Јас, Господ, го правам се тоа.
Не може, дали сфаќаш. Не може. Не. И не. Не оди. Глупаво е. Или е семоќен или е љубов, трето нема. Се осеќам како хрчак во тркало кога пишувам за ова
Катарите, Албижаните и Богумилите барем биле поискрени, увиделе дека мејнстрим рисјанската теологија е како создадена за шимпанза па го довеле злото како антитежа на доброто. The Church dislikes this. `Убијте ги сите, Бог ќе ги препознае праведните.exe`
Никој нив не ги казнува, а најмалку бог. Не се работи за тоа дали направиле грев или не. Гревови не постојат, тоа е една голема човечка измислица создадена со цел да ги управува лугето, нели одсекогаш постојат тие што управуваат и тие што се упрвувани, а благодарение на најголемата манипулација наречена грев тоа лесно се постигнува, без никаква мака. Е, во природата го нема тој процес. Тука се е едноставно и се се случува од едноставни причини (па нели нештата не исчезнуваат само се претвараат од еден вид во друг и тоа не важи само за енергијата туку и за материјата) или на друг начин кажано за едно нешто да се создаде прво мора нешто да биде уништено, во спротивно ке нема движење, кругот ке се затвори и повторно ке бидеме ништо.
Никој не би можел да разбере зошто. Човекот не е доволно моќен за да ја согледа големата слика од високо, човекот едвај гледа и пред својот нос и не би требало да го обвинува бог за својата несреќа.
Нема да зборувам за ниту еден измислен бог од било која религија бидејки и за нив го имам истото мислење како и за гревот, всушност тоа е едно исто...
Ке зборувам за оној ``бог`` кој не создал, кој и да е, што и да е... тој кој со својата интелегенција и љубов го создал универзумот и нас лугето како дел од него и освен сета таа разнолична, обоена, восхитувачки убава материја, вдахнал дух за да ја придвижи истата и оставил и дел од себе во сето тоа со цел и неговото дело да создава дела... наречете го како сакате сеедно... Тој ``бог`` неможе да биде неправеден, да мрази, да казнува. Дури и сите тие примери кои ги наведуваш да се негово дело, не би можеле да имаат злоба за основа.
Тоа е веќе друго ако не веруваш во Бог даден од некоја религија, туку во некоја универзална сила, ентитет одговорен за стварањето но без никаков посебен однос кон својата креација, тогаш логички би било во ред. Но во тој случај треба да кажеш дека не е праведен и не е неправеден, не наградува ама и не казнува, не мрази ама и не сака.
Инаку пак ќе дојдеме на левел 1 и проблемот на злото