Девојките и метал музиката

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Тоа се пропаднати случаи кои не успеале да се пронајдат во металот, ама дрогата им останала аманет од тоа време.
Легендата вели дека Аца Лукас и Амадеус се металци во душа. Погледни им ја облеката, you can't get more metal than that.

За мене, металец не е оној што ги знае најголемите хитови на Metallica (имаат бе уште фанови овие, или името само им остана?), Iron Maiden, Kiss, Slayer...па што знам, тука се протнуваат и Ганси т.е. Ексл или Слеш, евентуално Даф, Скид Роу т.е. Бах, Нирвана :eek т.е. Курт, мада мора од некаде да се почне, а овие се први на удар. Не го прашавме девојчето што слуша, одма нарипавме да се докажуваме. :ladno

За да е во контекст, мислам дека подобо ќе е темава да биде „Младите и метал музиката“, има и машки што минуваат низ истиов несфатен период, ама нека, да видиме како ќе се одвива.

Да беше насловена темата така како што си ја навела,немаше да се крене никаква фама околу сегашнава тема,Јас си ја зедов темава врз свој грб.--драгаши итн
иначе од наведениве групи ти фалу уште шкорпиите.;).
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Болдот... токму тука вметни ја и музиката. Лично, и те како музиката влијаела врз оформувањето на мене како личност и тоа каква сум денес. Веројатно на тоа мисли авторката на темата. Понекогаш се што имаш е музиката...
Зависи кој како гледа на тоа...и како го доживува...
Јас сум јас...таква каква што сум, независно каква музика слушам...
Јас на пример сакам да слушам рок...ама јас не се декларирам како рокерка, не се однесувам како рокерка...туку едноставно сум го нашла рокот како нешто што ми одговара и што е најблиску до мене...
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да, да... ако сакаш да ти се смени животот почни да слушаш метал...е сега ќе бидеш несфатен од околината ама јбг тоа ти е....:)
Не можам да разберам како може музиката да те дефинира карактерно...Таков си каков што си...Имаш сфаќања какви што имаш...тие се основани врз база на образованието, литературата што ја читаш, околината, животното искуство...а музиката е само нешто што ти е пријатно за уво и што те расположува и прави да се чувствуваш убаво...а не е нешто што те дефинира како човек...

Тешко музиката дека би дефинирала некого ама во многу случаи може да послужи како симптом, на пример ако некој рокне шабанерија во голф тројка, веднаш неповикани асоцијации почнуваат да кружат низ невронската мрежа...:zelen
Имам слушано за ратот во Босна и Хрватска дека кога четниците оделе да палат село, силуваат и масакрираат - ечела шабанерија, Цеца, Драгана Мирковиќ, Шабан Шаулич и слични на нив, па дури имало и концерти по ратни подрачја... колку и што е точно не знам ама од друга страна тешко дека имало, има или ќе има војна во која некој ќе пушта Клеш или Џој Дивижн да ечи од звучници додека коле старица во забаталено село :eek

Иако и тоа не мора да значи, во Шиндлерова листа ако не се лажам имаше еден нацист кој тепаше евреи уз музика од Бетовен...

Како бре од каде? Секаде тоа го знаат, металци=дрогаши.

...и хонорарни припадници на Црна Ружа :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and MoonFairy

Е тоа ми беше поентата...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tedii

Tedii

Нов член
5 јуни 2014
11
6
3
Obicno okolu rokerite,metalcite,pankerite i tn i tn lugjeto imaat predrasudi deka se narkomani,sektasi i slicno ,no nemora da znaci imam mn drugarki koi slusaat rok a ne se ni narkomanki ni sektaski.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Да, да... ако сакаш да ти се смени животот почни да слушаш метал...е сега ќе бидеш несфатен од околината ама јбг тоа ти е....:)
Не можам да разберам како може музиката да те дефинира карактерно...Таков си каков што си...Имаш сфаќања какви што имаш...тие се основани врз база на образованието, литературата што ја читаш, околината, животното искуство...а музиката е само нешто што ти е пријатно за уво и што те расположува и прави да се чувствуваш убаво...а не е нешто што те дефинира како човек...
Не е точно, музиката и те како те дефинира карактерно, односно твојот карактер е крив за тоа кој стил на музика тебе ке ти се допадне иако секој стил на музика не би можел да опфати само еден тип на луѓе, обично тоа се повеќе по малку слични видови на карактери...
А сосема друго е тоа што едни со други не се разбираат меѓусебно и се критикуваат.

Метал слушам само затоа што ми се допаѓа. Тие што слушаат метал имаат многу поразлино гледање на нештата, но не мора и да значи. Тие не се замараат со оговарање и со кој што рекол за нив, но сепак ги интересира мислењето и не сакаат да бидат погрешно сфатени. Не сакаат драми. Повеќе од нив се облечени во црно и со маици од бендови и за тоа се многу критиковани од страна на луѓе кои немаат разбирање за некој што е малку поразличен од нив. И тие што слушаат метал имаат срце и душа и знаат да сакаат не се ѓаволи. Тие не се плашат и не се срамат да го искажат своето мислење, но многу често можат и да се воздржат.
Ова е само мое мислење.
Фактот дека се замараш како луѓето гледаат на тебе само покажува колку предрасуди и ти имаш. Треба да разбереш дека каква и да си никогогаш нема на сите да им се допаднеш, оној што сака да ти најде маана ке ти ја најде по секоја цена. Твоево размислување ми е слично на она на хомосексуалците кога се бунат дека немаат права. Ако тебе ти се допага метал музиката, слушај ја, облекувај се така... едноставно е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не е точно, музиката и те како те дефинира карактерно, односно твојот карактер е крив за тоа кој стил на музика тебе ке ти се допадне иако секој стил на музика не би можел да опфати само еден тип на луѓе, обично тоа се повеќе по малку слични видови на карактери...
А сосема друго е тоа што едни со други не се разбираат меѓусебно и се критикуваат.
а како тоа ? Слични по карактери ама меѓусебно не се разбираат ?
 
Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Eве дека металците и металките ич не чинат ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Ме интересира вашето мислење за девојките кои слушаат метал музика и кои малку поразлично го разбираат животот.
Ништо посебно секој си има свој начин на живеење, вкус на музика , облекување не треба за тоа да се критикува
 
Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Скраја да е , немам ништо против нив само што вистинска девојка која подоцна ќе биде вистинска дама тука не ја гледам !!! :eek