Девојките и метал музиката

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ако велиш ти така...
А што е тоа по што металците се разликуваат од другите луѓе?
Што е она што ги прави посебни?
Кои се едни основни карактеристики на еден металец...освен нормално музиката и стилот?
Светот го гледа низ друга приказма, не размислува исто како тебе, ни како мене, има пошироки сфаќања, може да разбере се.
Животот го сфаќа лежерно, не се замара со тажење и паники, туку се соочува со работите зрело и цврсто(уште од 12 години).
Сѐ најдобро ма.... Купи си црна маичка и кожни пантолони, стај пирс на нос, истапирај ја косата.... ќе ти се смени светот.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Тоа болдот е точен за секоја единка. Не постојат две единки кои размислуваат исто и кои имаат исти светогледи.
Подвлечено: Што ако не е глам-металец? Пример ако слуша ну-метал би требало многу поинаку да се облече. :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Тоа болдот е точен за секоја единка. Не постојат две единки кои размислуваат исто и кои имаат исти светогледи.
Подвлечено: Што ако не е глам-металец? Пример ако слуша ну-метал би требало многу поинаку да се облече. :kafe
На тоа и алудирав со болдот, не дека ги величам металците, само си мавам иронија бидејќи според мене темава оддамна требаше да биде избришана или воведот да биде сменет.
Подвлеченото: Тогаш нека облече фармерки и некое маиче на кое ќе му ги скине ракавите.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Зошто да биде избришана и воведот сменет?
Ете девојкава за своите години си има тема за дискусија која ние постарите во години сосема различно ја гледаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Onkel

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
На тоа и алудирав со болдот, не дека ги величам металците, само си мавам иронија бидејќи според мене темава оддамна требаше да биде избришана или воведот да биде сменет.
Подвлеченото: Тогаш нека облече фармерки и некое маиче на кое ќе му ги скине ракавите.
Too grungy to be metal xD
Не помислив дека ги величиш туку муабетот е дека тоа е точен факт дури и да го кажала девојка која слуша метал.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Зошто да биде избришана и воведот сменет?
Ете девојкава за своите години си има тема за дискусија која ние постарите во години сосема различно ја гледаме.
Затоа што во правилникот на форумов што сега не знам кај сте го скриле, не можам да го најдам, стоеше убаво дека не смее да има таков вовед, башка треба да се разработи темата... колку пати до сега е тема затворана од таа причина или е изменуван воведот, ама овој пат ради мртвоста на форумот и една од ретките теми кои функционира останува вака, а не е убаво така, не е фер :)
Too grungy to be metal xD
Не помислив дека ги величиш туку муабетот е дека тоа е точен факт дури и да го кажала девојка која слуша метал.
Не требаше да се сконцентрираш на тој дел, го пишав како „темел“ на она што сакав да го постигнам со вториот коментар
Обично сите тинејџери Металци, Панкери(малку поразлични од останатите) ми објаснуваат како тие имаат пошироки погледи од целата нивна генерација, како затоа се несфатени оти овие другиве не знаат да живеат.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не требаше да се сконцентрираш на тој дел, го пишав како „темел“ на она што сакав да го постигнам со вториот коментар
Обично сите тинејџери Металци, Панкери(малку поразлични од останатите) ми објаснуваат како тие имаат пошироки погледи од целата нивна генерација, како затоа се несфатени оти овие другиве не знаат да живеат.
Ај сеа ќе ти кажам една случка. Коа бев прва на факултет, средина на декември, се враќам од Скопје со автобус. Кај нас автобуската станица е веднаш до гимназијата и зашто беше 5 саат, реков ај да му се јавам на другар ми ако е на чколија да излезе да се видиме. И излегува тој, облечен сосема нормално и имаше коса над раменици. Седнати едни во сендвичарите надвор почнуваат да се дерат „Оуууу јеааа металик ауууууу“.

Јас девојчето што ја отворило темата донекаде го сфаќам затоа што во помали места да слушаш метал, ако си сам си предмет на заебанција на остала раја. Демантирај ме и ќе ти дадам безброј примери.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Затоа што во правилникот на форумов што сега не знам кај сте го скриле, не можам да го најдам, стоеше убаво дека не смее да има таков вовед, башка треба да се разработи темата... колку пати до сега е тема затворана од таа причина или е изменуван воведот, ама овој пат ради мртвоста на форумот и една од ретките теми кои функционира останува вака, а не е убаво така, не е фер :)

Не требаше да се сконцентрираш на тој дел, го пишав како „темел“ на она што сакав да го постигнам со вториот коментар
Обично сите тинејџери Металци, Панкери(малку поразлични од останатите) ми објаснуваат како тие имаат пошироки погледи од целата нивна генерација, како затоа се несфатени оти овие другиве не знаат да живеат.
Обично повеќето тинејџери...
Генерализирање еквливалентно на ниво на девојката во првиот пост дека сите металци биле уникатни.
Дека повеќето тинејџери пробуваат да се пронајдат во светот кој сега тек допрва ја прифаќа нивната парцијална самостојност. Како продукт на ова се појавува тоа што се вика „уникатност“. Секој тинејџер барем еднаш си рекол во себе дека не припаѓа никаде, највеќе од поради продуктот на преголемото располагање на „слободно“ време на креативност. Кога доаѓа моментот - судир со реалноста и зависноста во едно општество, тек тогаш доаѓа до широко отворените очи дека човекот не е целосно слободен со својата уникатност и дека мора да опстои во неколку групи на т.н. конфедерации. Човекот како единка припаѓа онолку во заедништво копку самиот негов живот е зависен од истото. Дека денес е тешко реално да си уникатен, многу потешко е, и слушањето на метал нема апсолутно никаква врска со тоа.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ај сеа ќе ти кажам една случка. Коа бев прва на факултет, средина на декември, се враќам од Скопје со автобус. Кај нас автобуската станица е веднаш до гимназијата и зашто беше 5 саат, реков ај да му се јавам на другар ми ако е на чколија да излезе да се видиме. И излегува тој, облечен сосема нормално и имаше коса над раменици. Седнати едни во сендвичарите надвор почнуваат да се дерат „Оуууу јеааа металик ауууууу“.

Јас девојчето што ја отворило темата донекаде го сфаќам затоа што во помали места да слушаш метал, ако си сам си предмет на заебанција на остала раја. Демантирај ме и ќе ти дадам безброј примери.
Честа појава за помалите места и кај нас се случувало истото затоа знам дека останатите дечки што слушаат метал се жртва на оние кои што од шалабајзери газат сѐ пред себе поради гордоста што слушаат метал музика.
Кажи ми, немаш пример каде што дошол некој со прв муабет „што музика слушате?“ одговарате „па не знам сѐ што е добро за увце, зависи од расположение, некогаш реге, некогаш латино, некогаш можам и ретро македонско“, па да добиете одговор „пфффф, ништо не знаеш ти?“
- ако тебе ти се нема случено мене ми се има.
Бев во извидничкиот одред, правевме попис на нови членови и доаѓа девојче со црн кармин црвена коса, некое интересно ланче на врат, долга маичка искината и прво прашање што го поставува беше тоа, за истата девојка подоцна да ја исмеваат на една акција нејзини соученици, како се правело муабет за Боб Марли на час по Англиски, па девојката кажала дека го знае Боб, ама не му ги знае многу песните пошто тој Дет метал праел, а не била таа по тоа.
- цело време зборувам за ваков тип на „металци“ што молаат за да бидат поразлични, уникатни, ама тоа го прават само со облеката, затоа што не знаат со што друго.
Истото го сметам и за авторката на темата, нека горам во пеколот ако клеветам лажно.
Обично повеќето тинејџери...
Генерализирање еквливалентно на ниво на девојката во првиот пост дека сите металци биле уникатни.
Дека повеќето тинејџери пробуваат да се пронајдат во светот кој сега тек допрва ја прифаќа нивната парцијална самостојност. Како продукт на ова се појавува тоа што се вика „уникатност“. Секој тинејџер барем еднаш си рекол во себе дека не припаѓа никаде, највеќе од поради продуктот на преголемото располагање на „слободно“ време на креативност. Кога доаѓа моментот - судир со реалноста и зависноста во едно општество, тек тогаш доаѓа до широко отворените очи дека човекот не е целосно слободен со својата уникатност и дека мора да опстои во неколку групи на т.н. конфедерации. Човекот како единка припаѓа онолку во заедништво копку самиот негов живот е зависен од истото. Дека денес е тешко реално да си уникатен, многу потешко е, и слушањето на метал нема апсолутно никаква врска со тоа.
Сите тинејџери кои се декларирале како различни (пред мене) подоцна сум сфаќал дека се само дечиња кои се обидуваат да бидат уникатни, а се исто што и јас на нивни години исто што и секое дете што слуша турбо фолк на нивни години. - така да не е генерализирање, туку давање оттчет на сите „металци“ со кои сум правел муабет, а имале максимум 19 години.
Е во тоа „сите“ има еден исклучок. Девојчето мислам сега е втора или трета на факултет така некако. Ја запознав исто на извидници, во истата ситуација што ја кажувам погоре, тогаш беше тазе средношколка, немаше нешто впечатлив металски стил ама ете ми гледаше како и таа да е дел од погоре наведената „дед металка“. Ја среднав повторно пред неколку месеци и сите ја викаа сите „Металика“ и ја прашувам зошто ја викаат така, па ми го објасни тоа дека ја завикале така кога почнала да слуша рок и метал, а почнала да слуша ради победата на Лорди на Евровизија, како вау ѝ се допаднало како изгледале, ја фасцинирало, ама после татко ѝ ѝ купил цд од Slayer и од тогаш си ги обожава тие треш звуци, ама дечињата останале да ја викаат Металика иако денеска воопшто не ги слуша, ама така ја викаат ради младешката глупост.
Уште е значи во тој фазон, ама сѐ уште не видов на неа црн кармин, чудна облека...сѐ во текот на нормалното.
Цело време кажувам дека она што го носиш и она што го правиш се тотално две различни работи.
А дека постои време кога пекаме по индивидуалност поголема од планетата, постои, не ти викам не, за тој дел си во право.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Аркантос
Јас не ги величам металците ко да се виша сила и извор на целото знаење. Јас сум запознал металци кои после ми било срам да кажам дека ги познавам затоа што ми направиле досаден и глупав муабет. Јас постојано сум во црно облечен (не зборам црни маички со бендови, туку чисто само црно), не поради тоа што слушам метал туку затоа што ете ми се допаѓа таа боја.
Еве замисли:
јас: -Што музика слушаш?
ти: - па не знам сѐ што е добро за увце, зависи од расположение, некогаш реге, некогаш латино, некогаш можам и ретро македонско.

Следно прашање од мене би било „Што е тоа што е добро за увце?“. Јас искрено прибирам музика и тоа многу и коа некој ќе ми каже дека слуша се` мој прв впечаток за таква личност е дека ни сам не знае што слуша затоа што гарантирам дека не слуша се`. Имав еден пријател кој ми викаше дека слушал се` и еднаш му пуштив дет-метал (онака за да му ја тестирам тезата дека слуша се`) и почна да прави гримаси на негодување.

Забегавме офтопик ама поарно вака отколку да нема никаков муабет :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Onkel