Сум приметила дека кога одредени предмети,работи,човечки карактеристики не ми се допаѓаат тоа останува така засекогаш.
Колку и да се трудам,колку и да пробувам да биде поинаку,не бива.
Не сакам зборување во демунитив ни од женски а камоли од машки.(само од еден маж може).
Не сакам да јадам или пијам од пластични садови.
Не сакам да премолчувам кога знам дека ме лажат(а знам дека треба понекогаш).
Не сакам и неможам да користам јавни вецеа,и имам голем проблем оти е така.
Не сакам кога газдата ми е присутен на работа,кога заборава да ми одговори на мејловите.
Не сакам да носам униформи,а сакам друѓите наоколу да носат.