Може ли животот да има смисла?
„Деновите наши траат седумдесет години, а кај силните — осумдесет, но исполнети се само со неволји и тешкотии“ (
Псалм 90:10)
КОЛКУ само се вистинити овие зборови! Нашиот живот честопати е исполнет со „неволји и тешкотии“.
Исус покажал која е смислата на животот-‚Живејте онака како што живееше и тој‘ (
1. Јованово 2:6)Исус имал смисла во животот. Затоа, ако сакаме и нашиот живот да има смисла, треба да го следиме неговиот пример и да ги слушаме неговите совети.Исус спомнал начела кои можат да ни помогнат да се угледаме на неговиот пример. Многу од тие начела ги кажал во својата прочуена Проповед на гората.
НАЧЕЛО: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своитедуховни потреби“ (
Матеј 5:3)
КАКО ОВА НАЧЕЛО НИ ПОМАГА ДА ВОДИМЕ СМИСЛОВЕН ЖИВОТ: Исус покажал дека луѓето имаат духовни потреби. Природно сакаме да го дознаеме одговорот на прашањата како што се: Зошто постоиме? Зошто има толку многу страдања? Дали Бог се грижи за нас? Постои ли живот по смртта? За да најдеме смисла во животот, треба да го дознаеме одговорот на овие прашања. Исус знаел дека само една книга може да ни ги даде точните одговори. Тоа е Божјата Реч. Кога му се помолил на својот Татко, Исус рекол: „Твојата реч е вистина“ (
Јован 17:17). Може ли Божјата Реч да ни ги задоволи духовните потреби?
НАЧЕЛО: „Среќни се милосрдните“ (
Матеј 5:7)
КАКО ОВА НАЧЕЛО НИ ПОМАГА ДА ВОДИМЕ СМИСЛОВЕН ЖИВОТ: Да се биде милосрден значи да се покажува сочувство, добрина и обѕир кон другите. Исус покажувал милосрдност кон луѓето што биле во неволја. Бидејќи имал длабоко сочувство, секогаш правел нешто за да им ги олесни маките (
Матеј 14:14; 20:30-34). Кога сме милосрдни како Исус, нашиот живот има поголема смисла, бидејќи оние што покажуваат милосрдност се среќни (
Дела 20:35). Ќе покажеме дека сме милосрдни со нашите убави зборови и добри дела. Така ќе им ги олесниме тешкотиите на оние што се во неволја.
НАЧЕЛО: „Среќни се миротворците“ (
Матеј 5:9)
КАКО ОВА НАЧЕЛО НИ ПОМАГА ДА ВОДИМЕ СМИСЛОВЕН ЖИВОТ: Да се биде ‚миротворец‘ значи да се биде мирољубив. Како тоа што ќе бидеме мирољубиви ќе ни помогне да имаме поголема смисла во животот? Една работа е тоа што ќе имаме подобри односи со другите луѓе. Мудро е да го следиме библискиот совет: „Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (
Римјаните 12:18). Изразот „сите луѓе“ ги опфаќа и членовите на семејството и другите кои немаат исти верски убедувања како нас.
Ако ги применуваме мудрите совети на Исус, ќе бидеме среќни и задоволни. Меѓутоа, за да имаме вистинска смисла во животот, мора да знаеме и што ни носи иднината. Зар животот може да има смисла ако знаеме дека кога-тогаш ќе остариме, ќе се разболиме и ќе умреме? Сепак, тоа е реалноста во овој свет.
Бог многу ќе ги благослови оние кои се трудат да ‚живеат како што живеел Исус‘. Бог ни ветува дека наскоро ќе донесе еден праведен нов свет, во кој верните луѓе ќе имаат вечен живот и совршено здравје — како што била Божјата намера во почетокот. Во Библијата пишува: „Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето! Бог ќе живее со нив и тие ќе бидат негов народ и самиот Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (
Откровение 21:3, 4).