Пред се, не изневеруваат сите.Па сигурно имаат некоја причина за истото. Да биле задоволни немало да изневеруваат. Истото важи и за другиот пол.
Никогаш не би простила неверство, а и со сигурност не би си дозволила да ја изневерам личноста со која сум прифатила да бидам во врска.
Читам и си мислам дека овие размислувања одговараат на возраста. Нормално е така да е.И јас не го оправдувам неверството...Но да се дефинира прво што е неверство е исто друга тема. Зошто жените изневеруваат? Жената се додека љуби со голем интензитет не изневерува , па каква и да е врската. Но кога ќе ја потроши љубовта , а не е задоволна од врската -таа изневерува. Жената бара внимание, љубов, разговор, насмевки, допири, споделување секој ден. Ако мажот или момчето заборави дека има девојка или жена таа ќе го изневери. Среќна жена никогаш не изневерува. Изневеруваат несреќните жени. На несреќните луѓе се им е дозволено за да се направат себе си малку посреќни. Не осудувам никого, ниту тој што изневерува , ниту изневерениот. Секој си има причина за својата ситуација. Можам се да простам. Кога жената изневерува , таа има расчистено со прашањата од типот на дали ќе и простат или не. Не и е гајле,зашто тоа што го прави ,го прави поради потреба од малку среќа. А гревот-гревот е само чувството на несреќа кое се носи и пред изневерувањето. Друг грев не постои. Се е човечки и никогаш не мислите дека нешто никогаш нема да направите во животот.
Многу ретко жените изневеруваат без чувства кон партнерот со кој изневеруваат. Жената и кога изневерува има чувства.
Животот носи разни ситуации и ќе ве убеди дека не се познавате себе си.
Сексот е само последица од (горе-долу подолговремено) надокнадување на другите недостатоци. Со сите што сум разговарала што дошле до степен на неверство, причините претежно биле монотонија во врската, недостаток на внимание, љубомора и/или посесивност, а тоа некој од страна го искористува, давајќи го тоа што на другиов недостига. Неверството (бар емоционалното) се развива со време, не е само чук-чук-чао.кратко и едноставно недостаток на секс
и кај мажите и кај жените може да е најчеста и е најчеста причина за неверство
и мажите имаа 101 причина за неверство не се само жените
Не се согласувам со тебе дека Срекна жена е верна жена и обратно,Несрекна жена е неверна или улетува во неверство барајки срека кај друг.Можеби порано жените влетувале во афери поведени од емоции,или незадоволни од партнеротбарале утеха кај друг,но и тука времињата и однесувањата,размислувањата,еманципацијата направија свое.Жените изневеруваат како и мажите,бараат страст,возбуда,пеперутки во стомакот.Водата во чаша испарува,па и страста во еден брак.Затоа ке се повторам,понекогаш неверството може да го зацврсти бракот.Сексот не е среката и не го прави бракот.постојат долгогодишни бракови каде нема интимни односи поради икс причини ама има душевна љубов а з а тоа требаат години на старост.кратко и едноставно недостаток на секс
и кај мажите и кај жените може да е најчеста и е најчеста причина за неверство
и мажите имаа 101 причина за неверство не се само жените