кратко и едноставно недостаток на секс
и кај мажите и кај жените може да е најчеста и е најчеста причина за неверство
и мажите имаа 101 причина за неверство не се само жените
Сексот е само последица од (горе-долу подолговремено) надокнадување на другите недостатоци. Со сите што сум разговарала што дошле до степен на неверство, причините претежно биле монотонија во врската, недостаток на внимание, љубомора и/или посесивност, а тоа некој од страна го искористува, давајќи го тоа што на другиов недостига. Неверството (бар емоционалното) се развива со време, не е само чук-чук-чао.
Стриктно физичкото ми е уште по малку необјасниво.
Мене порано ми беше страшна работа, дури не седнав со луѓе што имаат муда отворено да го дискутираат она што секој го помислил бар еднаш, но поради некои морални норми, не сака ни себе да си го признае, пошто нели, мора да сме светци ко и останатите. Секогаш, секаде, иде до таа сигурност во врската каде настанува монотонија и бар едниот се запрашува што би било кога би било. Врската може и перфектна да е, но не сме имуни на надворешниот свет, а со самото тоа и секогаш ќе налетаме на некоја интересна личност што ќе ни се допадне, но тоа не значи дека не го сакаме партнерот или дека ќе го изневериме.
Понатамошните чекори со предумисла ја прават разликата. Случајно беше и само еднаш/одеднаш се деси, тешко дека е легитимен одговор.
Мажи, жени, нема некоја разлика во причините, иако секогаш разделбата е подобра опција од забивањето нож во грб.