Зошто жените изневеруваат?

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
зшто жене изневеруеф ? затој што ги снаваѓа иста причина као и мушки, а тај е...
НЕ СЕ ЕДЕ ГРА СФАК ДН !
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Изневеруев од љубопитност, људи. Друг можда има рогови... мора да проверив. :p
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Па сигурно имаат некоја причина за истото. Да биле задоволни немало да изневеруваат. Истото важи и за другиот пол.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Yvette

Истакнат Член
26 јануари 2014
144
276
73
Па сигурно имаат некоја причина за истото. Да биле задоволни немало да изневеруваат. Истото важи и за другиот пол.
Пред се, не изневеруваат сите.
По мое мислење, оние кои изневеруваат прво не се почитуваат себе си, а потоа партнерот. Ако јас го изневерам мојот партнер со тебе, како ќе ми веруваш понатаму ако останеме заедно? Секогаш ќе бидеш со резерва. Не постои причина за изневерување и ништо не може да го оправда неверството. Подобро седни и машки кажи: слушај, не оди. Готово, совеста ти е чиста и не мораш да се оптеретуваш со прашањето да не ме виде некој?
Туку, околу прашањето зошто изневеруваат? Затоа што ни самите не знаат што сакаат.
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Неверство никако не оправдувам.. :nah Никогаш не би простила неверство, а и со сигурност не би си дозволила да ја изневерам личноста со која сум прифатила да бидам во врска.
Е сега зошто жените изневеруваат? Некако прашањето не ми е добро постовено. И жените и мажите изневеруваат. А причина? Хмм... Тој што изневерува според мене е слабак, личност без карактер и без грам мозок (ова зборувам за сериозни врски). Колку и да е голема причината, колку и да не има повредено партнерот, неверството е нешто најдолно што може да си го дозволите. Боље прекинете секакви контакти со таа личност, на тој начин дупло ке му се одмаздите. :)
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Читам и си мислам дека овие размислувања одговараат на возраста. Нормално е така да е.И јас не го оправдувам неверството...Но да се дефинира прво што е неверство е исто друга тема. Зошто жените изневеруваат? Жената се додека љуби со голем интензитет не изневерува , па каква и да е врската. Но кога ќе ја потроши љубовта , а не е задоволна од врската -таа изневерува. Жената бара внимание, љубов, разговор, насмевки, допири, споделување секој ден. Ако мажот или момчето заборави дека има девојка или жена таа ќе го изневери. Среќна жена никогаш не изневерува. Изневеруваат несреќните жени. На несреќните луѓе се им е дозволено за да се направат себе си малку посреќни. Не осудувам никого, ниту тој што изневерува , ниту изневерениот. Секој си има причина за својата ситуација. Можам се да простам. Кога жената изневерува , таа има расчистено со прашањата од типот на дали ќе и простат или не. Не и е гајле,зашто тоа што го прави ,го прави поради потреба од малку среќа. А гревот-гревот е само чувството на несреќа кое се носи и пред изневерувањето. Друг грев не постои. Се е човечки и никогаш не мислите дека нешто никогаш нема да направите во животот.
Многу ретко жените изневеруваат без чувства кон партнерот со кој изневеруваат. Жената и кога изневерува има чувства.
Животот носи разни ситуации и ќе ве убеди дека не се познавате себе си.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991, Iris* and HAZARDER

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Нема поштен човек на планетава,нема верност,а ако има тогаш не му се пружила прилика.Една изрека вели :Сите се поштени додека не им дадеш прилика.Неможеш да го живееш животот без да ги испрљаш рацете.Познавам многу бракови каде двете страни изневеруваат и изневериле па пак функционираат супер(зборам за ситуација кога никој не се сомнева во другиот)Многу се разликуваме во години и нема да ме сватите,но умно неверство знае и да ја зацврсти врската понекогаш.Кое е умно а кое не оставам да му ја мислите,инаку кога бев помлада во брак мислев дека ако сопругот ке ме изневери дека ке му фрлам солна киселина во лице но со годините се "смирува топката".Жените изневеруваат од исти причини како и мажите само се разликуваат во тоа што ние не се фалиме туку криеме.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Читам и си мислам дека овие размислувања одговараат на возраста. Нормално е така да е.И јас не го оправдувам неверството...Но да се дефинира прво што е неверство е исто друга тема. Зошто жените изневеруваат? Жената се додека љуби со голем интензитет не изневерува , па каква и да е врската. Но кога ќе ја потроши љубовта , а не е задоволна од врската -таа изневерува. Жената бара внимание, љубов, разговор, насмевки, допири, споделување секој ден. Ако мажот или момчето заборави дека има девојка или жена таа ќе го изневери. Среќна жена никогаш не изневерува. Изневеруваат несреќните жени. На несреќните луѓе се им е дозволено за да се направат себе си малку посреќни. Не осудувам никого, ниту тој што изневерува , ниту изневерениот. Секој си има причина за својата ситуација. Можам се да простам. Кога жената изневерува , таа има расчистено со прашањата од типот на дали ќе и простат или не. Не и е гајле,зашто тоа што го прави ,го прави поради потреба од малку среќа. А гревот-гревот е само чувството на несреќа кое се носи и пред изневерувањето. Друг грев не постои. Се е човечки и никогаш не мислите дека нешто никогаш нема да направите во животот.
Многу ретко жените изневеруваат без чувства кон партнерот со кој изневеруваат. Жената и кога изневерува има чувства.
Животот носи разни ситуации и ќе ве убеди дека не се познавате себе си.


кратко и едноставно недостаток на секс
и кај мажите и кај жените може да е најчеста и е најчеста причина за неверство
и мажите имаа 101 причина за неверство не се само жените
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
кратко и едноставно недостаток на секс
и кај мажите и кај жените може да е најчеста и е најчеста причина за неверство
и мажите имаа 101 причина за неверство не се само жените
Сексот е само последица од (горе-долу подолговремено) надокнадување на другите недостатоци. Со сите што сум разговарала што дошле до степен на неверство, причините претежно биле монотонија во врската, недостаток на внимание, љубомора и/или посесивност, а тоа некој од страна го искористува, давајќи го тоа што на другиов недостига. Неверството (бар емоционалното) се развива со време, не е само чук-чук-чао.
Стриктно физичкото ми е уште по малку необјасниво.

Мене порано ми беше страшна работа, дури не седнав со луѓе што имаат муда отворено да го дискутираат она што секој го помислил бар еднаш, но поради некои морални норми, не сака ни себе да си го признае, пошто нели, мора да сме светци ко и останатите. Секогаш, секаде, иде до таа сигурност во врската каде настанува монотонија и бар едниот се запрашува што би било кога би било. Врската може и перфектна да е, но не сме имуни на надворешниот свет, а со самото тоа и секогаш ќе налетаме на некоја интересна личност што ќе ни се допадне, но тоа не значи дека не го сакаме партнерот или дека ќе го изневериме.
Понатамошните чекори со предумисла ја прават разликата. Случајно беше и само еднаш/одеднаш се деси, тешко дека е легитимен одговор.
Мажи, жени, нема некоја разлика во причините, иако секогаш разделбата е подобра опција од забивањето нож во грб.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
кратко и едноставно недостаток на секс
и кај мажите и кај жените може да е најчеста и е најчеста причина за неверство
и мажите имаа 101 причина за неверство не се само жените
Не се согласувам со тебе дека Срекна жена е верна жена и обратно,Несрекна жена е неверна или улетува во неверство барајки срека кај друг.Можеби порано жените влетувале во афери поведени од емоции,или незадоволни од партнеротбарале утеха кај друг,но и тука времињата и однесувањата,размислувањата,еманципацијата направија свое.Жените изневеруваат како и мажите,бараат страст,возбуда,пеперутки во стомакот.Водата во чаша испарува,па и страста во еден брак.Затоа ке се повторам,понекогаш неверството може да го зацврсти бракот.Сексот не е среката и не го прави бракот.постојат долгогодишни бракови каде нема интимни односи поради икс причини ама има душевна љубов а з а тоа требаат години на старост.