Јеховини Сведоци

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интимните односи се дар од Бог, дар во кој треба да се ужива кога за тоа ќе дојде време — во бракот. Како се чувствува Бог кога невенчани лица имаат интимни односи? Па, замисли си дека си купил подарок за некој пријател, а тој, уште пред да можеш да му го дадеш, ти го украде! Зарем нема да се разочараш? Тогаш, замисли само како се чувствува Бог кога некој има секс пред брак, и на тој начин го злоупотребува дарот што Тој му го дал.

Шо знам, it would be too presumptious of me to claim to know how God feels. If i was a believer that is ;)

Во некои култури на сексуалните активности меѓу двајца возрасни што не се во брак се гледа како на нешто најнормално доколку и двајцата го прават тоа по своја волја. Во некои места разни сексуални активности се прифатливи дури и кога станува збор за тинејџери што не се во брак.
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: Во Библијата зборот „блуд“ се користи за одредени облици на сексуална активност меѓу лица кои не се во брак. Бог очекува неговите слуги ‚да се воздржуваат од блуд‘ (1. Солуњаните 4:3). Во Библијата, блудот е вброен меѓу сериозни гревови, како што се прељубата, спиритизмот, пијанството, идолопоклонството, убиството и крадењето (1. Коринќаните 6:9, 10; Откровение 21:8).
ЗОШТО Е ВАЖНО ОВА: Според Библијата, „Бог ќе им суди на блудниците“ (Евреите 13:4). Што е уште поважно, кога ги следиме Божјите закони во врска со сексот, покажуваме дека го сакаме Бог (1. Јованово 5:3). А тој, пак, ги благословува оние што ги слушаат неговите заповеди (Исаија 48:18).

Јеховините сведоци ги почитувам повеќе него другите рисјани бидејќи солидно го познаваат св.писмо и се трудат да живеат према тоа.Walking the walk as they say...
И Адвентистите се ок во тој поглед.
Немаше нешто забрана за користење нет меѓу сведоците?
 
Последна промена од модератор:

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638

КАКО МИСЛИШ ЗАБРАНА?

Мудроста изразена во Библијата има моќ да го обликува нашето размислување, ни помага да ги решаваме проблемите, го подобрува квалитетот на нашиот живот и нѐ опремува со вештини да излеземе на крај со ситуациите кои не можеме да ги промениме. Што е најважно, Библијата ни овозможува да го запознаеме и да го љубиме Бог.Библијата е сила на добро. Таа им овозможува на љубителите на Бог да го доведат својот живот во склад со неговата волја и да најдат среќа во ‚одењето според Господовиот Закон‘ (Псалм 119:1). Без разлика какви се нашите околности, во Библијата се наоѓаат водството и советите кои ни се потребни (Исаија 48:17, 18). Читај ја секој ден, медитирај за она што си го прочитал и применувај го. Тоа ќе го одржи твојот ум бистар и фокусиран на работи кои се чисти и здрави (Филипјаните 4:8, 9). Ќе научиш не само како да живееш и да уживаш во животот туку и како да го љубиш Творецот на животот.
 
Последна промена од модератор:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Интимните односи се дар од Бог, дар во кој треба да се ужива кога за тоа ќе дојде време — во бракот. Како се чувствува Бог кога невенчани лица имаат интимни односи? Па, замисли си дека си купил подарок за некој пријател, а тој, уште пред да можеш да му го дадеш, ти го украде! Зарем нема да се разочараш? Тогаш, замисли само како се чувствува Бог кога некој има секс пред брак, и на тој начин го злоупотребува дарот што Тој му го дал.

Секоја година милиони млади се заразени од некоја венерична болест. Повеќе од половина од лицата што секојдневно се заразуваат со ХИВ (6.000 дневно) се на возраст од 15 до 24 години.Посебно жените се изложени на голем број проблеми поврзани со предбрачниот секс. Всушност, опасноста да се заразат од венерични болести (како и од ХИВ) е поголема кај жените отколку кај мажите. Освен тоа, ако една млада девојка забремени, се доведува себеси и своето неродено дете во уште една опасност. Зошто? Затоа што нејзиното тело можеби сѐ уште не е доволно развиено за да може да се породи без проблеми.

Во некои култури на сексуалните активности меѓу двајца возрасни што не се во брак се гледа како на нешто најнормално доколку и двајцата го прават тоа по своја волја. Во некои места разни сексуални активности се прифатливи дури и кога станува збор за тинејџери што не се во брак.
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: Во Библијата зборот „блуд“ се користи за одредени облици на сексуална активност меѓу лица кои не се во брак. Бог очекува неговите слуги ‚да се воздржуваат од блуд‘ (1. Солуњаните 4:3). Во Библијата, блудот е вброен меѓу сериозни гревови, како што се прељубата, спиритизмот, пијанството, идолопоклонството, убиството и крадењето (1. Коринќаните 6:9, 10; Откровение 21:8).
ЗОШТО Е ВАЖНО ОВА: Според Библијата, „Бог ќе им суди на блудниците“ (Евреите 13:4). Што е уште поважно, кога ги следиме Божјите закони во врска со сексот, покажуваме дека го сакаме Бог (1. Јованово 5:3). А тој, пак, ги благословува оние што ги слушаат неговите заповеди (Исаија 48:18).

Како се чувствува Бог,кога си спиел со некој пред да се земеш?
Како се чувствува Бог?
Не можам да замислам ништо под чувствата на Бог.
Ако не ти е тешко подобјасни нешто на таа тема.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
КАКО МИСЛИШ ЗАБРАНА?

Мудроста изразена во Библијата има моќ да го обликува нашето размислување, ни помага да ги решаваме проблемите, го подобрува квалитетот на нашиот живот и нѐ опремува со вештини да излеземе на крај со ситуациите кои не можеме да ги промениме. Што е најважно, Библијата ни овозможува да го запознаеме и да го љубиме Бог.Библијата е сила на добро. Таа им овозможува на љубителите на Бог да го доведат својот живот во склад со неговата волја и да најдат среќа во ‚одењето според Господовиот Закон‘ (Псалм 119:1). Без разлика какви се нашите околности, во Библијата се наоѓаат водството и советите кои ни се потребни (Исаија 48:17, 18). Читај ја секој ден, медитирај за она што си го прочитал и применувај го. Тоа ќе го одржи твојот ум бистар и фокусиран на работи кои се чисти и здрави (Филипјаните 4:8, 9). Ќе научиш не само како да живееш и да уживаш во животот туку и како да го љубиш Творецот на животот.

Не знам имам слушано разни муабети дека не гледале телевизија и не користеле нет, дека паѓале во молитвени трансови, плаќале десетина од плата за `каузата`, трансфузијата била ѓаолска работа и слично, не знам што и колку е точно.
Пред неколку години доаѓаа две девојки, фини и симпатични со брошури и книги, од врата до врата и така се замуабетивме неколку пати само ми беше незгодно да ги прашувам за предбрачни сексој, порези и интернети...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Не знам имам слушано разни муабети дека не гледале телевизија и не користеле нет, дека паѓале во молитвени трансови, плаќале десетина од плата за `каузата`, трансфузијата била ѓаолска работа и слично, не знам што и колку е точно.
Пред неколку години доаѓаа две девојки, фини и симпатични со брошури и книги, од врата до врата и така се замуабетивме неколку пати само ми беше незгодно да ги прашувам за предбрачни сексој, порези и интернети...нема врска тоа
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
А што ако се дел од јеховини сведоци и сега сакаат да стапат во брак младите,ама тие преходно имале односи ?
Тогаш каква е процедурата? Жените на шиење а на мажите и онака не им се приметува или пак не смееат да се венчаат ?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не знам имам слушано разни муабети дека не гледале телевизија и не користеле нет, дека паѓале во молитвени трансови, плаќале десетина од плата за `каузата`, трансфузијата била ѓаолска работа и слично, не знам што и колку е точно.
Пред неколку години доаѓаа две девојки, фини и симпатични со брошури и книги, од врата до врата и така се замуабетивме неколку пати само ми беше незгодно да ги прашувам за предбрачни сексој, порези и интернети...
Со оглед на тоа што до после втора светска војна илјадници умирале од трансфузија (поради грешна крвна група, „болна“ крв, нестерилизирани инструменти и сл.), баш и не ме чуди што така сметале.
 
balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
А што ако се дел од јеховини сведоци и сега сакаат да стапат во брак младите,ама тие преходно имале односи ?
Тогаш каква е процедурата? Жените на шиење а на мажите и онака не им се приметува или пак не смееат да се венчаат ?
Порано било сто било, идат далје. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Каков е ставот на јеховините сведоци околу второто Христово доаѓање? Нешто е споменато во новиот завет но има различни интерпретации па ме интересира што мислат околу тоа?
Јас мислам дека второто доаѓање веќе се случило, но поминало помалку бучно отколку што се претпоставувало.
Имено, второто доаѓање се отелотворило во телото на Ернесто Гевара, но овој пат наспроти прогнозите не бил роден во Витлеем туку во Росарио, Аргентина, а неговиот пат по Голгота бил патот по Ла Игера во боливиските планини каде бил распнат од неговите прогонители и маченички го завршил животот откако ја поделил последната вечера со своите апостоли од Боливиската народна револуционерна организација.

b_che%20Jesus.gif

Дури и физички многу наликува на ликовните интерпретации на Исус кои ги среќаваме по икони и фрески низ светот, на некој начин општоприфатената норма за можниот изглед на Христа.
 
Во врска со Христовотодоаѓање, Библијата вели: „Еве, доаѓа со облаците, и ќе го види секое око“ (Откровение 1:7). Луѓето нема да го видат во буквална смисла на зборот. Откако се вознел на небото, Исус е духовно суштество „и престојува во непристапната светлина“. Оттогаш „никој од луѓето не го видел, ниту може да го види“ (1. Тимотеј 6:16).Исус не мора да се појави во човечко тело за да можат жителите на Земјата да го ‚видат‘,Исус ќе дојде, односно ќе се појави во иднина, за да ги награди праведните и да ги казни злите.
 
Последна промена од модератор: