Библијата содржи детален опис на осум случаи кога воскреснале лица што биле вратени во живот како луѓе на Земјата. Овие чуда не биле извршени тајно туку јавно, честопати пред очевидци. Исус го воскреснал Лазар, кој бил мртов четири дена, пред цело мноштво ужалени луѓе — без сомнение роднините, пријателите и соседите на покојникот. Овој доказ дека Исус бил испратен од Бог бил толку силен, што ни Исусовите верски непријатели не одрекле дека Лазар воскреснал. Наместо тоа, сковале завера да го убијат не само Исус туку и Лазар! (
Јован 11:17-44, 53; 12:9-11). Да, можеме да бидеме уверени дека сигурно ќе има воскресение. Бог се погрижил да бидат запишани случаите на воскресение во минатото за да нѐ утеши и за да ни ја зајакне верата.
Библијата е духовна книга,сите приказни се искажани во духовна смисла,тоа му доаѓа како да го разделиш секој дел од телото и на секој орган да му дадеш лик (препознаен од секој дневниот живот за неговата улога) и од тоа да составиш приказна .Истото е и со душата,разделувајќи ја на делови, на секој дел му дадеш облик и улога во приказната,така се создава духовна приказна,и не само од душата туку и од сето тоа кое не го гледаме и истот е без временски уочено.
Пример ,на секој период од човекот дади му посебен лик,од времето состави војска со началници или именувај ги како народ минутите и сааттие,
двата змеја нека се борат на земјата,едниот бел другиот црвен (лето и зима) и ред други работи кој секој дневно човекот ги живее,но истите поради силната врска со телесното,не ги уочува,односно за него такво расудување е лудост,па затоа прифатливо толкување е телесното.
А кој си ја познава душата од што е составена,онака како што знае за телото,па да може духовно да толкува?
Токму кажанот на Исус кој вели царството божјо е во вас дава јасна насока каде треба човек да го насочи својот поглед.
Таму лежи еден "мртов" кој треба да воскресне!