Јеховини Сведоци

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Во врска со Христовотодоаѓање, Библијата вели: „Еве, доаѓа со облаците, и ќе го види секое око“ (Откровение 1:7). Луѓето нема да го видат во буквална смисла на зборот. Откако се вознел на небото, Исус е духовно суштество „и престојува во непристапната светлина“. Оттогаш „никој од луѓето не го видел, ниту може да го види“ (1. Тимотеј 6:16).Исус не мора да се појави во човечко тело за да можат жителите на Земјата да го ‚видат‘,Исус ќе дојде, односно ќе се појави во иднина, за да ги награди праведните и да ги казни злите.
Зошто тогаш во евангелијата Исус вели дека тоа поколение нема да помине, додека не се исполни кажаното?
Марко 13
30 Вистина ви велам, ова поколение нема да помине, додека сè ова не се збидне.

Колку поколенија поминаа од тогаш?
 
Последна промена од модератор:

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
@balerina разбрав дека набргу ќе се одржи конгрес на јеховини сведоци,нешто повеќе околу тоа да не информираш.
Фала!
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
@balerina разбрав дека набргу ќе се одржи конгрес на јеховини сведоци,нешто повеќе околу тоа да не информираш.
Фала!
:) Да да, веке имавме сега конгрес на 5,6 април и многу убав и поучен беше, Темата беше Божјата реч е корисна за поучување, имаше предавања за тоа На кој начин Божјата реч е корисна за поучување,за поправање,и за воспитување во праведноста! и така натаму.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
:) Да да, веке имавме сега конгрес на 5,6 април и многу убав и поучен беше, Темата беше Божјата реч е корисна за поучување, имаше предавања за тоа На кој начин Божјата реч е корисна за поучување,за поправање,и за воспитување во праведноста! и така натаму.....
Го пропуштив настанот :(

Добив една книга со дебели црвени корици " Откровение " во кој се толкуваат цитатите од истата книга од библијата.
Прашањето ми е ,кој ви ги толкува цитатите ?
Фала!
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Го пропуштив настанот :(

Добив една книга со дебели црвени корици " Откровение " во кој се толкуваат цитатите од истата книга од библијата.
Прашањето ми е ,кој ви ги толкува цитатите ?
Фала![/ од кој ви е таја книга?
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Околу 40 мажи ја пишувале Библијата во период од 1.610 години — од 1513 год. пр.н.е до 98 год. од н.е. Некои од нив биле пророци кои ‚ги водел светиот дух‘Пророците и писателите на Библијата ‚биле водени одсветиот дух‘ во таа смисла што Бог ја користел својата сила за да комуницира со нив, да ги мотивира и да им дава водство. Според тоа, тие не ги запишувале своите мисли, туку Божјите. Понекогаш пророците и писателите дури и не го разбирале она што го претскажувале или пишувале.

Кога Божјите слуги денес не се сигурни за значењето на некое пророштво, се молат за Божјиотдух и внимателно ја проучуваат и темелно ја истражуваат вдахновената Божја Реч. Бог ги води да ги пронајдат стиховите што го разјаснуваат значењето нанекои пророштва. Толкувањето не доаѓа со чудо преку некој човек, туку доаѓа од Бог затоа што значењето станува јасно само со помош на неговиот свет дух и неговата Реч. Ниеден Божји слуга не дава толкување на своја рака, независно од Библијата.

Да ја имам интересна книга е и баш за сега во нашево време е,
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Вистинската религија не е само едностран напор на човекот да се обиде да задоволи некаква психолошка потреба или да потисне извесен страв. Напротив, со оглед на тоа што вистинскиот Бог е Творец, кој му дал на човекот способност за размислување и моќ на резонирање, сосема е логично Тој да му обезбеди и начин за да дојде во еден задоволителен однос со Него. Тоа, според Павле, било токму она што го сторил Бог. „Од еден човек ја создаде секоја човечка нација да живее по целата површина на земјата . . . за да го бараат Бог, та некако да го напипаат и навистина да го најдат, иако, всушност, тој не е далеку од никого од нас“

Многу е важно да се знае разликата меѓу вистинската религија, односно религијата што е прифатлива за Бог, и лажната религија. Вистинската религијатреба да им помага на луѓето да ги надвладеат своите ниски склоности. Таа треба да ги поттикне на самопожртвувана љубов, мир, љубезност, доброта, благост, самосовладување, брачна верност и почит кон другите (Галатите 5:22, 23). Од друга страна, лажната религија обично се прилагодува на популарните трендови. Таа, како што вели Библијата, ‚им го зборува на луѓето она што им годи‘ и ги толерира лошите работи кои Исус ги осудил (2. Тимотеј 4:3).
 
Последна промена од модератор:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Многу е важно да се знае разликата меѓу вистинската религија, односно религијата што е прифатлива за Бог, и лажната религија. Вистинската религијатреба да им помага на луѓето да ги надвладеат своите ниски склоности. Таа треба да ги поттикне на самопожртвувана љубов, мир, љубезност, доброта, благост, самосовладување, брачна верност и почит кон другите (Галатите 5:22, 23). Од друга страна, лажната религија обично се прилагодува на популарните трендови. Таа, како што вели Библијата, ‚им го зборува на луѓето она што им годи‘ и ги толерира лошите работи кои Исус ги осудил (2. Тимотеј 4:3).
Која е поентата ако ја знаеме разликата,која е вистинската а која е лажната религија?Спас нема за правите верници,колку и да му се молат на Бога,пак ќе изгинат од луѓето што се (како ти што мислиш)од лажната религија. И што ........