Дали ви се случило да се запознаете со некоја личност на интернет, мубаетот да ви оди од ракав, а кога ќе се сретнете во живо (и се договорите да одите на кафе) ни две реченици да не можете да склопите? Мене порано уште кога немав појма за форумите доста често ми се случуваше ова. На интернет супер, а во живо мислиш во манастир за молчење сме. Основни работи само ќе се прашат-кажат и после молк, пола саат така со неколку неуспешни обиди и толку од кафето.
Зашто е тоа така? Од моја страна јас секогаш гледав да најдам некоја заедничка тема ама па кога ти враќаат само со аха, да, така е не можеш да најдеш ни два збора заеднички не па тема.
Според вас зашто така реагираат луѓето? Знам дека не сме сите совршени но кога се оди на кафе се збори, ако планираат да ќутат зашто воопшто си го губат своето па и времето на другата личност?
Дали и вие така ќутите кога ќе искочите со некој/а на кафе или па сте од тие што ги влечат зборовите?
Дали мислите дека интернетот е причина за тоа?
И некое решение за тие што ќутат?
(Насловот на темава ми е треснат од ракав, ако мислите дека некој друг повеќе би одговарал сменете го)

Леле... како убаво се смееш... ха ха ха .. и толку! Јас кога ќе се засмејам почнувам да скокам, да тапшам со рацете ко ретардирана фока и на крај ќе се засркнам и ќе грофнам, ќе ги исплашам сите околу мене!

Мене ова ми е прв форум каде што сум била зачленета па затоа можам да дискутирам само за моето ,,скромно" искуство. Да на форумов може сум се правела/правам (за некого можеби и делувам) како некоја затуцана па се до Васка Илиева, сеедно тоа не е тема на дискусија тоа е само лично гледање кон еден виртуелен лик. Сакам да кажам дека неколку пати сум ветувала присуство на собиранки и ред други глупости, да не испадне дека се фалам со нив, зошто не. И да, ми врши притисок што со некого постојано контактираш виртуелно a не се запознаваш лично исто како и самата на себе што знам да си извршам. Ама тоа си е мој проблем, очигледно за кој некој ќе најде начин одма да ти залепи етикета. Основните работи за да запознаеш некого се во ред, ама оние од типот имаш дечко ( да не ги дискутирам зошто немаш/колку време сте заедно како ви е) а каде излегуваш, каде се движиш најчесто бла бла..Таквите муабети навистина ме тераат да се чувствувам крајно непријатно за некој што го запознавам првпат. А па сигурно нема да правам муабет за состојбата во Украина, стабилноста на лирата во Турција, пишувањето или општо теми што мене ме интересираат. Ниту сум била спонатана некогаш кога запознавам некој за првпат ниту пак верувам дека ќе бидам. Не сакам да бидам сфатена погрешно, дека на некој од форумов баш му е гајле за мене што ми е и како ми е туку општо кажувам. Е сега, главната цел на мојов пост тоа дека ме прави цитирам ,,Луѓе несмешани со свет, несоцијализирани битија што растеле без никакви манири на однесување" е чист апсурд дури гротеска. Како што кажав еднаш во темата за молчеливи луѓе, смешно е да се лепат такви етикети зошто никој не знае поради кои причини одредена личност не е комуикативна, и прични кои можат а и не мора да значи се поврзани со соговорникот/соговорниците. Ниту пијам, ниту ме интересира дали нечија соба е розева. Не знам што да кажам, гледам чај од шипка нема да помогне