Дали ви се случило да се запознаете со некоја личност на интернет, мубаетот да ви оди од ракав, а кога ќе се сретнете во живо (и се договорите да одите на кафе) ни две реченици да не можете да склопите? Мене порано уште кога немав појма за форумите доста често ми се случуваше ова. На интернет супер, а во живо мислиш во манастир за молчење сме. Основни работи само ќе се прашат-кажат и после молк, пола саат така со неколку неуспешни обиди и толку од кафето.
Зашто е тоа така? Од моја страна јас секогаш гледав да најдам некоја заедничка тема ама па кога ти враќаат само со аха, да, така е не можеш да најдеш ни два збора заеднички не па тема.
Според вас зашто така реагираат луѓето? Знам дека не сме сите совршени но кога се оди на кафе се збори, ако планираат да ќутат зашто воопшто си го губат своето па и времето на другата личност?
Дали и вие така ќутите кога ќе искочите со некој/а на кафе или па сте од тие што ги влечат зборовите?
Дали мислите дека интернетот е причина за тоа?
И некое решение за тие што ќутат?
(Насловот на темава ми е треснат од ракав, ако мислите дека некој друг повеќе би одговарал сменете го)