Пак јас, со моите несоници.
Не знам повеќе што да правам со ногата. Се будам со болка, цел ден минувам со болка, си легнувам со болка. Претежно е болка со која може да се справам... ама некогаш едноставно ми доаѓа да си ја откорнам ногата. Уште немам бели влакна на косата па веројатно уште долго ќе издржам вака, ама несоницава е проглемот. Ај некогаш ноќ-две се издржува некако без сон, ама некогаш останувам и по 4 дена буден. Напорно е, болно е. Памтам времиња кога painkiller-и ми помагаа, ибупрофен ми помагаше (некогаш и дози над препорачаното, ама се постигнуваше ефект), обична масажа успеваше да ми ја намали болката. Сега се осеќам ко само морфиум, оксикодон, хидрокодон или метадон да би ми завршиле работа. Среќа што не ги даваат без рецепт и контроли од лекари. И така. Утре ќе пробам со рапидол-с + ибупрофен + аналгин... којзнае
На аптека Зегин му/ѝ се допаѓа ова.