Од лани станав блогерка, мојот блог за едно дваесетина дена ќе прави еден роденден.
Како што гледам наназад секој изминат месец имам минимум еден пост. Знам на почетокот бев многу поактивна и после активноста ми се намали, ама желбата за пишување си остана иста. Почнав со поезија и проза да пишувам и онака ако ми дојдеше некоја идеја за некаков друг текст го пишував.
Најпопуларна категорија ми е љубов
(некако на тоа поле најмногу имам инспирација).
Исто да се пофалам дека постовите ми се доволно објавувани од читачи, ама сепак не можам да се пофалам со голем број на читачи, околу 130 души е бројката на луѓе што ме следат.(т.е ми ја лајкнале страната на фб)
Никого не копирам, ниту имав намера да ја копирам Лајла Грејс, инспирација за пишување добив кога вака по форуми на зададени теми ќе напишам нешто и си реков ајде да си отворам катче каде што ќе си ги соберам сите дела што ги имам напишано на едно место. И така настана блогот. Пишувам за своја душа, а има многу што се пронашле во некои текстови. А, многумина ги интересира дали се што пишувам е поврзано со мое лично исксутво. А, јас одговарам дека повеќето работи не се од мое лично искуство, повеќе се плод на мојата фантазија или ликови од некои книги што ги имам прочитано па си парвам љубовни приказни и комбинации.
Немам ниеден пост поврзан со наука, но многу животни приказни или стории се кријат позади некои текстови.
А мислам дека
некогаш животното искуство и човечкиот живот се многу поважни од било која наука.