Хипохондрија

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Никогаш не сум била хипохондрик, ни сум размислувала за болести, ама во последно време имав проблеми нешто со очите (некоја инфекција) па прочитав некаде дека болни бубрези се познаваат и по очите, си ги видов моите симптоми и почнаа бубрези да ме болат невечер, после почна да ме боли глава, па уво, па фатив температура, па почнав да размислувам глупости, и почна се да ме боли до тој степен што денеска буквално ме одвлечкаа да дадам крв за преглед. Не замарам јас никого, само мислам глупости и како стареам се си мислам дека ќе станам хроничен хипохондрик.

Или можеби утре кога ќе ги земам резултатите ако биде се ок, ќе ми се изгубат овие бизарни мисли.
Кој знае?!
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Никогаш не сум била хипохондрик, ни сум размислувала за болести, ама во последно време имав проблеми нешто со очите (некоја инфекција) па прочитав некаде дека болни бубрези се познаваат и по очите, си ги видов моите симптоми и почнаа бубрези да ме болат невечер, после почна да ме боли глава, па уво, па фатив температура, па почнав да размислувам глупости, и почна се да ме боли до тој степен што денеска буквално ме одвлечкаа да дадам крв за преглед. Не замарам јас никого, само мислам глупости и како стареам се си мислам дека ќе станам хроничен хипохондрик.

Или можеби утре кога ќе ги земам резултатите ако биде се ок, ќе ми се изгубат овие бизарни мисли.
Кој знае?!

Сите патат од хистерија. Некогаш може да прочиташ нешто и да мислиш дека ти се случува тебе, некогаш ќе видиш нешто кај друг и пак исто ќе мислиш итн итн. Хипоходријаза е нешто друго, измислување симптоми од ништо (пример мочта да е малку потемна ќе помисли дека е жолтица или ако му/и` кркорат цревата ќе мисли дека е нешто сериозно и ќе крева паника, или ќе мисли дека главоболката е резултат на тумор на мозок итн. итн. итн.).

Само не мешајте хипохондријаза со Мунчхаузен синдром. Мунчхаузен е измислување симптоми кои дури и искусен лекар може многу лесно да го наседнат. Обично лицата имаат добри познавања од медицина и многу добро знаат како да симулираат одредена болест се` со цел да бидат центар на внимание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Јас сум хипохондрик само на периоди (временски интервали). Понекогаш сум тежок хипохдричен јадник, а понекогаш не ни помислувам на болести.
И јас мразам да размислувам за болести и за тоа дали имам симптоми на некоја болест, но ете...Мислам дека ми е вродено тоа. И двете баби ми се хипохондрични...
Сепак, добро ми оди борбата против хипохондријата, само на одредени периоди (на пример една недела или две) сум таква...:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lillian

Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
И јас сум хипохондрик. Во основно дури еднаш и бев на доктор, уверена дека имам заушки (ова беше набрзо откако прв пат слушнав за заушки и симптомите). Нормално, немав ништо. Со годините, и понатаму си останав таква, ама веќе не им досадував на домашните за секоја болест за која ќе слушнев. И ден денес, таква сум. Веројатно и средината влијае. Постојано слушаме за најразлични болести, смртни случаи... заради тоа постојано има некој страв во мене, како некоја опасност да ме демне постојано. Ама, знам дека некако морам да ги бркам тие црни мисли. Се трудам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen and Ghtalpo

Како успеваш да ги бркаш мислите?
 
Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
Како успеваш да ги бркаш мислите?
Не е којзнае каков метод...:giggle Си се тешам самата „Ништо не ти е, доста, не паничи! Доста си задаваш непотребни стресови!“
Мора така, мора самите да најдеме начин да си помогнеме, само ние можеме - никој друг :)
И, не дека успевам баш во целост да ги избркам мислите... Ама, како што кажав - се трудам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Мене ова ми е сосем нормална работа. Секако нели, ако е умерен тој страв. Како што е случај со мислењата погоре. И не би рекла дека тоа е хипоходрија. Нормално е да се плашиш да не ти се случи нешто, јас тоа би го нарекла само претпазливост и одговорност.
Ве читам и си мислам кој фрик сум пак јас. Абе недела дена ќе лежам болна и не ми текнува на лекар да отидам. Мразам болници, мразам лекари и можеби затоа ги игнорирам периодите кога сум болна. Недај боже некогаш да е стварно сериозно со мојата неодговорност проблем ќе си направам.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не сум хипохондрик нема ни да бидам но затоа мајка ми и за мене е. Многу е тешко да ги разубедиш, да им укажеш дека не боледуваат од секоја можна болест. Ниту еден мозок преоптеретен со такви глупости не може да функционира нормално не па да го одржува организмот. Не можам да ги разберам, како да сакаат да ги имаат сите болести, како да немаат доволно внимание па сакаат уште. Знам дека сето тоа го прават несвесно но со тоа само полошо си прават. Место да мислат позитивно и да се среќни што се здрави тие гледаат најмала ситница да најдат за да бидат сигурни дека се болни. Болни се за да бидат болни! И воопшто не размислуваат на тие што живеат со нив, што се не трпат ради тој нивни страв или што и да е. Ми се смачи веќе!
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Тоа веќе спаѓа во психичко порметување кое може да се среди. Може да се јави кај секого и во било кој период од животот.
Си умислуваш работи и добиваш напад на паника,отежнато дишење,мислиш дека го гледаш крајот на животот...
Зголеменото ниво на стрес и немањето обврски го предизвикува тоа.
За да се избегнат хистеричните мисли,треба да се направи план на денот,да се нема слободно време за размислувања... Задавање на голем број обврски и насочување целосно кон нив,правење физички вежби,релаксација со музика и комуникација со позитивни луѓе кои не се жалат секојденвно за нивните проблеми е решението на овој проблем.

(не е многу пожелно да се пијат антидепресивите на млади години,исто така и конзумирањето на големи количества алкохол)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Lena

gabi96

Полноправен Член
4 септември 2015
36
28
18
28
искрено да ви кажам многу пати во животот имам помислено дека сум болна од нешто и дека ми нема спас....
еве и сега кога прочитав за хипохондрија ми се вртат мисли во глава дека сум заболена со оваа болест постојано барам нешто по нет некој симптоми на некој болести.
ме интересира колку е опасна оваа хипохондрија?