Ќе дадам едно аматерско мислење за тие што поминаа понатака.
ОД кај момците беа Лукајин Ивановиќ, Перчоли,
Милош Бајат,
Армин Маликиќ,
Стефан Коковиќ и Харис Ќато.
Ги болдирав тие за кои јас би сакала да поминат. Јас денеска дури гледам дека оваа група и не е толку јака. Перчоли требаше уште од старт да лета, го држи местото на многу поквалитетни пеачи од него, тој е имитатор. Харис Ќато на детево не му има мутирано гласот, колку ли години имаше заборавив 13 најверојатно. Лукајин искрено заборавив како пееше а и не ми ја паметам фацата
Искрено од групава најмногу сум за Стефан кое гласиште го има само. Исто и Милош ми е многу добар а Армин го ставив само затоа што имам многу специфичен глас.
Од девојките-
Илма, Катарина Јовановиќ, Христина,
Александра Брковиќ, Александра Секулиќ, Тамара Милановиќ.
Илма има гласиште исто и Катарина, навистина послебно за вторава ќе е жално ако не оди понатака. Тамара веќе стигнала до финале на некое друго шоу па ете не мора на сите натпревари да стигнува до финале
. А овие двеве "лепотиците" џабе значи џабе им го фаќаат местото на други девојки кои каде каде имаат помоќни гласови од двеве. А Брковиќ Александра исто има добар глас. Сепак мислам дека Тамара ќе оди понатака, Илма сигурно и изборот ќе е мегу Брковиќ или Катарина.
Постари од 27.
Даниел Кајмакоски, Маид, Маја Новаковиќ,
Младен Луќиќ, Бојана Рачиќ, Славко Калезиќ.
Дали тоа дечкото што се кршеше на песната од Бијонсе отиде понатака?
Маја мислам дека е на Луис ќерката убаво пее можеби ќе оди и онаа понатака а ова Бојана не се сеќавам кој беше. Даниел и Маид ми се фаворити, едниот има ептен препознатлив глас а Маид исто така има страшен глас и многу е опуштен на сцена а бога ми и самоуверен.
Е сега од групите е кармар караши. Ќе ги пишам само оние што и се пријавија како групи а не овие ново формираните. Иван и брат му, Рома Сијам, Mouse Miles, Јана и Лука. Од овие сум за Иван И Кико и рапетите-Маус