Човек без цел во животот, амбиции за да ја достигне истата, желби, за мене е мртов човек.
Животот ни е еден, и секој различно го доживува. Во самото битисување на човекот е запишано секогаш да се стреми кон подобро. Затоа сметам дека имањето на одреден мотив е причина за одење напред, доживување живот.
Секако ако целта која е зацртана е невозможна, карикирам одење на месечината, доведува до фрустрации, бес, себеуништување, намалена самодоверба.
Или пак ако целта е пијанчење сабота навечер и секс со што повеќе непознати, всушност тоа не го сметам за цел. Тоа е едноставно бесцелно живеење.
Поимот цел за мене значи стремеж кон подобро, борба во која јас сакам да сум победник. Борба да успеам да направам нешто, не за другите, ами јас да сум задоволна од себе. Дека со причина сум тука.