Што откако целта ќе биде постигната?

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Сите имаме некоја цел која се трудиме да ја постигнеме.
Но што откако таа цел ќе биде постигната? Што следува после?
Нова цел?
Или пак чекање? Чекање...за што? За нова цел?
 

Estelle

Полноправен Член
20 октомври 2013
25
75
13
Одма после постигнување на некоја цел задади си друга.
Потруди се секогаш да имаш некоја цел пред очи,нешто кон кое ќе стремиш.
Но,биди и подготвена на неуспех.
Целите се поврзани со разочарувања.
За секој случај имај уште еден план Б.
Нема потреба од чекање.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Според пишаново, темава ми е некако повеќе филозофски настроена, затоа ќе ја префрлам во тој подфорум. :)

Патем, не можам да извлечам од пишаново дефиниција за цел. Каква цел?
Целта е нешто бесконечно. Не постои таа цел после која можеме победнички да кренеме раце и да речеме дека сме го постигнале она што сме го сакале. Секогаш постојат нови предизвици, а со тоа си поставуваме и нови цели.
Целта како цел е само крајната дестинација/остварување на еден план, но побитно е она што сме го научиле и искусиле на патот кон таа цел.
А тој пат може да ги одговори сите погорни прашања. Дека се чувствуваме исполнето после постигната цел, се чувствуваме, но јасно е дека е послатко она за кое повеќе сме се бореле, за на крај да успееме, а токму препреките на тој пат се оние што може да не предизвикаат да си поставуваме нови цели.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
1. Сите имаме некоја цел која се трудиме да ја постигнеме.
2. Но што откако таа цел ќе биде постигната? Што следува после?
3. Нова цел?
4. Или пак чекање? Чекање...за што? За нова цел?
  1. Точно, сите имаме цели кои тежнееме да ги постигнеме. На некој целта му е да стане премиер, а на некој само да стане родител.
  2. Постигнувањето на она за што отсекогаш си сонувал, (тоа и е целта нели) не е толку едноставно како што е поставено прашањево, освен ако целта не ти била да изедеш три кила мандарини, па после стварно не знаеш што да правиш со себеси. Ама, во спротивно, кога си постигнал нешто за што долго си копнеел, тек тогаш почнуваш да го живееш сонот.
  3. Нова цел да. Да не се разочараш себеси живеејќи ја целта. Да напредуваш, да одиш напред.. Да се направиш горд себеси!
  4. Чекање да. Секоја постигната цел во животот треба да биде старт на трката кон друга цел. Инаку, што би вредел живот без цели? Можеби на моменти ни изгледа дека живееме живот без цел, или дека можеби и сме до толку неспособни па да не можеме и да ја пронајдеме целта, но животот е чуден, моментите носат многу и не знаеме што може да не раздени утре...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зависи од перцепцијата.
Ако под поимот `цел` не се подразбира стандардното преживување, рмбање, робување, јадење, пиење, серење, е***е, раѓање и умирање со што е опседнат најголем дел од рајата без разлика на возраст, пол и замислени другарчиња - тогаш останува некаква цел која е надвор од таа матрица.:pusi

Многу мал дел од луѓето имаат воопшто некаква цел. Уште помалку имаат идеја како да стигнат до таа цел. Само дел од нив пак имаат храброст и да се упатат кон таа цел. Најмал дел се оние кои стигнуваат на целта. Која пак може и да не е толку добра како што се замислувало.
А животот врви, социјалниот притисок е голем, околината и медиумите перат мозок... можеби најтешка одлука би била човек да се упати кон идејата, кон сонот, кон целта. Да работи, штеди и си ускратува ситни задоволства во име на иднина со која можеби никогаш нема да фати чекор.

Никој не може да каже што е подобро, да се има цел или да се нема. Имаше еден муабет од Е.А.По и сметам дека држи вода. Или кај Џек Лондон во Мартин Идн... опасни идеи кои можат да однесат човек во лудило, смрт или да му подарат нешта за кои обичните смртници немаат поим дека постои.

Има славни и не толку славни примери, Амундсен е класика.(inlove)
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Човек без цел во животот, амбиции за да ја достигне истата, желби, за мене е мртов човек.
Животот ни е еден, и секој различно го доживува. Во самото битисување на човекот е запишано секогаш да се стреми кон подобро. Затоа сметам дека имањето на одреден мотив е причина за одење напред, доживување живот.
Секако ако целта која е зацртана е невозможна, карикирам одење на месечината, доведува до фрустрации, бес, себеуништување, намалена самодоверба.
Или пак ако целта е пијанчење сабота навечер и секс со што повеќе непознати, всушност тоа не го сметам за цел. Тоа е едноставно бесцелно живеење.
Поимот цел за мене значи стремеж кон подобро, борба во која јас сакам да сум победник. Борба да успеам да направам нешто, не за другите, ами јас да сум задоволна од себе. Дека со причина сум тука.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ќе се движиш „без триење“ низ животот :)
На македонски јазик: се ќе ти е полно и рамно (до некаде го доловува резултатот од постигнувањето на животната цел).
Знам луѓе кај кои животната цел им била многу поголема од самиот живот тука! И успеале да ја постигнат...

Не треба да се бркаат фантоми-желби! Една е целта кон која ќе се стреми еден човек тука на Земјата! Не се две, три или поеќе. Тогаш не бркате животна цел, бркате разно разни желби кои сметате дека се доволно вредни да се постигнат во животот.
Ако пак тие желби се „станици“ до животната цел, продолжете со работа! :D
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Сите ние секој ден си задаваме некои цели...помали или поголеми...
Мислам дека темава е насочена кон оние “поголемите“...кон оние кои тежнееме со секоја клетка од телото за да ја оствариме..што се провлекува години и години и што се чини недостижна, ама сепак возможна...
И конечно се остварува...што потоа?
Па, уживај...биди горда на постигнатото, биди горда на себе што си била упорна и истрајна за да ја исполниш целта за која си сонувала...
А после?
Сигурно ќе си поставиш нова цел, нова “локомотива“ да те влече напред и да го црпи максималното од тебе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*