Причините зошто младите „капацитети" ја напуштаат Македонија

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Тврди дека биле потценети овдешните факсови. Понатаму дека учењето немало врска со праксата.
Колку што разбрав тврди дека факсовите се ок и дека праксата е небитна. Освен ако не мислел на квалитетот на праксата, но во тој случај второто тврдење е неспоиво со првото :D

Пак ќе те прашам си бил на пракса ?
Е е грешка сум незнам како прочитав дека Џаки го цитираш :zelen
Да точно нашите факултетите се потценени дури и бизнис го направија образовниот систем и да тоа речиси што се учи на фах нема да ти послужи во праксата зш кај нас наводно ја ставија праксата задолжителна за да има кој да им вари кафиња по канцелариите или на др место.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пак ќе те прашам си бил на пракса ?
Е е грешка сум незнам како прочитав дека Џаки го цитираш :zelen
Да точно нашите факултетите се потценени дури и бизнис го направија образовниот систем и да тоа речиси што се учи на фах нема да ти послужи во праксата зш кај нас наводно ја ставија праксата задолжителна за да има кој да им вари кафиња по канцелариите или на др место.

Еве јас сум бил на пракса и баш напротив многу ми требаше она што сум го учел на факултет. Без тоа знаење ќе зјапав само и ќе ми здосадеше уште вториот ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Дека живееме во пропаст држава е неоспорно, ама и дека сме дембели од народ ( со чесни исклучоци) е факт подвлечен со црвено.
Колку што нема навистина работа, повеќе нема воља да се мрдне задник од кревет. Некако најлесна варијанта остана коментирањето дека не може бе да се работи за 200-300 евра плата и најубаво дома со скрстени нозе да се седи, да се грицкаат семки и на 30 и кусур години да чекаш мама и тато тампони да ти купат.

Јасно е дека имаме умови кои е греота да ги испуштиш да се одлеаат од држава, ама ете нажалост раководството наше е сконцентрирано на терање лични кејфови наместо вистински општествено-економски напредок. И сигурно дека тој некој кој не спиел по цели ноќи над книгата, што шета со полу обелена коса на 25 год. што јадел едно геврече во текот на цел ден за да обезбеди книги, престој ( во случај да е од друг град), што дал не 100 ами 200% од себе да заврши факс со највисок просек нема да чека да се освести Грујо или Бранко или Јанко дека вреди и да го добие тоа што го заслужува - работа и плата! Така да, пут под ноге и чао журим.

Мене парадоксално ми е што намалија партиципации за факултети, отворија низ градовиве факултети, а за што? За да креираат невработен кадар?

Е, сега сакам да напоменам и нешто друго.
Не можеме сите да имаме најубави работни места. Јас еве немам факултет. Кога требаше да се запишам, немаа моите можност од финансиска гледна точка, подоцна јас најискрено изгубив желба и си останав само со средно. Арно ама, не останав без работа.
Вистина е, на почетокот сум работела без слободен ден за мизерни пари, ама се потрудив, јајце снесов и се вработив на убаво место без ничија помош. Можеби не земав 500 евра плата, ама реално не можам ни да ја очекувам.
Никој не ми подарил ништо во животов, јас дали сум имала што да јадам, дали сум имала подочњаци од растрчување, дали сум имала пари да платам кирија, сметки никој не ме прашал ни па сум тропнала на нечија врата, дури ни од мајка ми 50 денари не сум земала.

Се окозив! Значи не знам како да објаснам дека додека сите лакираа нокти и правеа муабет за хулакопки и дискотеки, јас `рмбав.
Ама искрено, горда сум си на себе. Колку што можев постигнав и повеќе од тоа. Еден период останав без работа, зашто фирмата се затвори од приватни причини на претпоставените, ама се вработив во уште подобра фирма :)

Работам работа што ни на крај памет не помислував дека ќе ја работам и за изненадување се пронајдов максимално во истата и дадов се од себе.
По само два месеци, без претходно никакво искуство се вклопив одлично, што ми најавија покачување на плата.
Задоволна сум, сигурно дека немаше подобро да поминам ако чмаев и кукав како нема работа.

Сакам да кажам дека некогаш и сами сме си криви, зашто бараме работа а се молиме да не ја најдеме, ќе напоменам пак со чесни исклучоци.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Не сум сигурен дека рајата е баш мрзелива. Ако беа такви ќе беа такви и во странство. Општо, вработените тука работат далеку повеќе отколку што се платени. Покриваат практично и 2 или 3 работни места. Сериозно луѓето немаат самопочит, работат за двајца за 200 евра.
Истовремено некој е и продавач и добавувач и сметководител...многу има такви ситуации, некои ептен бизарни.
А и оваа изреката за барање работа и молење да не се најде ми е чудна....слична на онаа `џабе работи џабе не седи`. Ти си се пробила ете но има куп случаи кои `рмбаат во библиската земја 5,10....15 години и после сета таа работа немаат за што да ги касне болва. Па и оние кои се релативно стабилни...шансата за свое живеалиште им е еднаква на нула.

Не за друго, во хунзистан има 4.700 слободни работни места и 290.000 невработени, официјално. 1 место на 62 невработени. Од тие места повеќе од пола се државни виа партиски книшки или рамковен.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Еве јас сум бил на пракса и баш напротив многу ми требаше она што сум го учел на факултет. Без тоа знаење ќе зјапав само и ќе ми здосадеше уште вториот ден.

значи има разлика еве ја кај што бев на пракса еден дебил се осмели да ме прати да му уплатам спортска као наводно било понижување тој да појде зш имал мн висока функција и не било убаво таму луѓе да го гледаат :zelen а за тоа што го учев само некои одредени работи ми помогнаа а не све ...
True_Blood сега ке те ставам и тебе во таа категорија на луѓе што се задоволуваат со малце а можат повеќе кои ми се слични на тие закои велиш дека бараат работа а да не најдат:zelen Зошто да неможеш и ти да земаш 500 евра плата што се тие повеке еден фах што имат завршено а? Па сега дипломата е достапна за сите ако мислиш дека затоа не заслужуваш толкава плата ... И што мислиш сите што се на факултет имаат пари еве јас додека студирав работев и тоа неземав дури ни цели 200 евра со тоа плаќав дел од партиципацита а со стипендијата преживував :zelen ама како и да е тоа ми беше наубавиот период до сега ...
Што е парадоксално факултетите станаа бизнис тие дисперзирани студии еве конкретно во мојот град има рударски и информатика и на тој рударскиот никој немаше запишано а на тој информатика тие што се запишаа ги префрлија на некој си 3годишен смер на ПМФ да се потполнел бројот на студенти наводно...
со седење не се постигнува ништо ама верувај има и такви периоди денес ништо не е сигурно него бугарски во рака и ауфидерзен без мака :zelen
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Outrider за се што кажа си во право. Да бидеме реални, ситуацијава тука нема изгледи за подобрување, сите не можеме да заминеме во странство, така да не можеме да мрчиме константно и да обесуваме дека е тапа, знаеш чучнат ко паразит и само фучиш дека системот те е*е.
Не е тоа „ џабе не седи, џабе работи “ кое бај д веј е најголемата глупост што некој ја измислил, туку потруди се да направиш нешто. Не може бре на крај краева па за никој да нема работа.

И да, мислам дека има и тоа во голем број безделничари на кои не им се работи и освен изговори не наоѓаат ништо друго да се зафатат со нешто, да почнат од некаде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Не сум сигурен дека рајата е баш мрзелива. Ако беа такви ќе беа такви и во странство. Општо, вработените тука работат далеку повеќе отколку што се платени. Покриваат практично и 2 или 3 работни места. Сериозно луѓето немаат самопочит, работат за двајца за 200 евра.
Истовремено некој е и продавач и добавувач и сметководител...многу има такви ситуации, некои ептен бизарни.
А и оваа изреката за барање работа и молење да не се најде ми е чудна....слична на онаа `џабе работи џабе не седи`. Ти си се пробила ете но има куп случаи кои `рмбаат во библиската земја 5,10....15 години и после сета таа работа немаат за што да ги касне болва. Па и оние кои се релативно стабилни...шансата за свое живеалиште им е еднаква на нула.

Не за друго, во хунзистан има 4.700 слободни работни места и 290.000 невработени, официјално. 1 место на 62 невработени. Од тие места повеќе од пола се државни виа партиски книшки или рамковен.

И има и такви како во изреката а дури и ма и некои кои им е се сервирано ама поинтересно им е денот да го поминуваат по кафиќи дремејки као вау ја фаца сум :zelen
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
И има и такви како во изреката а дури и ма и некои кои им е се сервирано ама поинтересно им е денот да го поминуваат по кафиќи дремејки као вау ја фаца сум :zelen

Има такви... А има и онакви кои дигаат кредити за да бидат фаци во градот, да седнат на (Широк) сокак/плоштад/кеј, луѓе кои немаат вода во очи а све фрлаат на рента-на-место-под-„ѕвездите“/кладилница/рандом луксуз.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
True_Blood сега ке те ставам и тебе во таа категорија на луѓе што се задоволуваат со малце а можат повеќе кои ми се слични на тие закои велиш дека бараат работа а да не најдат:zelen Зошто да неможеш и ти да земаш 500 евра плата што се тие повеке еден фах што имат завршено а? Па сега дипломата е достапна за сите ако мислиш дека затоа не заслужуваш толкава плата ... И што мислиш сите што се на факултет имаат пари еве јас додека студирав работев и тоа неземав дури ни цели 200 евра со тоа плаќав дел од партиципацита а со стипендијата преживував :zelen ама како и да е тоа ми беше наубавиот период до сега ...

Јас знам колку сум способна и колку можам, ама знам и кај живеам. Во нашава вукојебина невесто да не се лажеме 500 евра плата е привилегија, поготово ако си дошол од пи*ку мајчину, без никој да те подбутне и сам си се бориш за парчето леб. Јас може до утре сабајле да не се задоволувам со плата од 300-350 евра ама можностите се такви какви што се, имаш избор или работи или чао, пријатно. Дали е тоа жално или смешно не навлегувам, ама во ситуација каква што моментално доживуваме сервирана од целиот економски систем, да, задоволна сум.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider за се што кажа си во право. Да бидеме реални, ситуацијава тука нема изгледи за подобрување, сите не можеме да заминеме во странство, така да не можеме да мрчиме константно и да обесуваме дека е тапа, знаеш чучнат ко паразит и само фучиш дека системот те е*е.
Не е тоа „ џабе не седи, џабе работи “ кое бај д веј е најголемата глупост што некој ја измислил, туку потруди се да направиш нешто. Не може бре на крај краева па за никој да нема работа.

И да, мислам дека има и тоа во голем број безделничари на кои не им се работи и освен изговори не наоѓаат ништо друго да се зафатат со нешто, да почнат од некаде.

Сепак може да биде и стварно да нема работа...тие се бројките. Нема работа. Ок, има за 1 од 62-ца. Практично за никој. :) И тоа ти е со акцент на Скопје (реален сектор) и книшки (паразитски сектор). Јасно дека неможат сите да си одат, но сите кои можат веќе заминале. Ќе биде весело еден ден во античкиот центар на светот:cool:
Знам дека делува чудно, но тоа е. Македонија има 400.000 раја помалку него по осамостојување. Што значи не само што немало работа ами ќе имаше и канибализам по улици ако не се иселеше 1/5 од граѓанството.

Секаде има безделничари, но не сум сигурен дека се нешто многу... а за мрчење - тоа е нормално. Ако ситуацијата е срање. Не дека нешто ќе сменат со тоа ама е сосема нормална реакција.