Сакам да кажам/Сакам да прашам

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
СДК
со денови фрчат расправии во критики на администрација за небитни работи.
Се прашувам како не ви досади да си ги вадите очите за НИШТО?
Доаѓа до расправии измеѓу членови(кои се разбираат)заради други членови,се дига фрка,се ствара омраза.
Ало,форум е ова,место за релаксација,креативност,дискусија,дружење и зезање,
не место за расправии.

Затоа и се вика критики за администрација. Затоа што ги има еден тон, а сепак се напишани само неколку.
Веројатно никогаш во живот не си водела форум да знаеш како е, или да си била член на форум кој опстојувал години и години .. и имал доста верни членови, и администрација која средувала се за миг.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Затоа и се вика критики за администрација. Затоа што ги има еден тон, а сепак се напишани само неколку.
Веројатно никогаш во живот не си водела форум да знаеш како е, или да си била член на форум кој опстојувал години и години .. и имал доста верни членови, и администрација која средувала се за миг.
Не сум водела,немам ни намера да водам.
Нејасно е како секогаш едни исти ликови се јадни јагниња.
Нејасно е како заради тие ликови доаѓа до расправии,настануваат недоразбирања.
Критика/предлог е едно,провокација и постојана желба за внимание е друго.
Година дена сум член овде и година дена едно та исто.
Ако на некој толку му смета таа администрација/тие членови,нека најде друг
форум а не да ствара војни измеѓу форумџиите.
На друга страна пак детали од нечиј живот(некогаш кажани во доверба)како "Легендата" е нешто што би го нарекла низок удар.
Такви легенди нема што да бараат во критики за администрација,затоа што тоа не е критика тоа е излез од "немам како сега,па вака ќе ги средам".
Толку.
 
Епа се се тие ... бидејќи тие членови биле (како што спомнав погоре) на форум кој останал во живот долго време, и се било како мед и млеко. Ако може еден да го направи тоа, може и некој друг.
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Јас сум релативно нова, и никого и ништо не разбирам. Но, почнувам да се чувствувам небезбедно, кога има вакви препукувања,или како некој напомена користење на приватни информации за други цели. Малку е одлепено, зашто ова е забавен форум , за споделување на мислења, за дискусии и дебати со факти, за ширење на позитивна енергија,за олеснување на некоја тајна или мисла што те измачува, за некој ако си пронајде некоја форумска љубов или другарство...Јас така го разбирам форумов, а ако е различно од ова тогаш мене не ми е место тука.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Епа се се тие ... бидејќи тие членови биле (како што спомнав погоре) на форум кој останал во живот долго време, и се било како мед и млеко. Ако може еден да го направи тоа, може и некој друг.
Lad, иако имаш право во голем дел во постот за критики, сепак ќе се потрудам да ти одговорам тука. Не дека Лена е во право, но во право е. Деновиве пробано е да се развие дискусија со раздвижување на темите, отварање на нови, поставање на модератори во соодветни за да се добијат нови идеи, и мора да кажам дека барем според мене сум задоволен. Тоа за преводот иако е проблем, сепак минорен и не знам колку би влијаел за некого да започне дискусија, додека сета оваа активност не би го натерала. Но нејсе. Критиките знам и зошто започнаа, баш поради еден член. Да не повторуваме но никој не е должен веќе да објаснува на член кој нема добиено за член кој има добиено негативен поен. Работата е многу поедноставна. Самиот член добро си знае зошто е казнет со поени. Работата е добро осмислена: ќе врбувам друг за да самиот не испаднам мрчатор. И ете, to lift a burden from a shoulder - или по нашки, бриго моја преѓи другоме, си се договараат двајцата да си имаат взаемна поткрепа. Работата е што другиот или нема појма, или делумно не знае за што би добил негативен поен овој првиот или ако знае, не се работи за молење за некаков си негативен поен туку за стекнување на инстант внимание... за едниот или па двајцата. Човек треба да се праша зошто најчесто има критики од двајцата исклучиво за едниот од нив.
True blood имаше право за правото на избор. После толку пишани критики за негативни поени добиени од администрацијата, секако дека постои право на избор за неследење на дискусија на форимот. Искрен да бидам, ако јас придонесувам за квалитет, но притоа администрацијата е лоша и ме има фатено на пик, тогаш по одредени неколку обиди да исправам криви дрини, би го напуштил форумот. Зошто па тој да го заслужува мојот придонес? Но очигледно тука не се работи за придонес, барем кај едниот член. Затоа што ова не е од вчера. Ова е старо повеќе од година дена.
Извртени зборови? Ти се молам.... Еве колку пати се отвори поле за квалитетна дискусија, па дури и играчница и т.н. чамче муабети беа отворени. Но нормално истите беа злоупотребени за провоцирање, иако суптилно но со задна намера. Играњето мајка тереза тука веќе не пали. Барем за овој проблем.
Исто така ми е интересно активирањето на старите членови околу овој проблем. Воедно се жалевме сите кога дискусиите замреа но еве почнаа лека полека да се развиваат, но нивната тивка активност (читање но не и дискутирање) некако ги избегнуваа темите од, за нив, квалитетен ков а се појавија во тема за делење на правдина кон одреден член. Тука не ми е јасно што би го правел форумот квалитетен - темите или пак нешто друго?
Ова општо го пишав, само дел од постот се однесуваше на цитираниот член погоре
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Saladin во ред е, се согласувам со поголем дел од твојот пост, но преводите колку и да не се потребни, се. Ипак имаме и тема за тоа, нели непреведени делови, ајде да ги средиме де, ако се забележат да се пријават. Да немаше, ќе беше она од типот „ај заеби нема зошто да се преведуваат, не отварам тема, ако ги видам ќе ги преведам, ако не пак арно.“

Темите замреа одамна. Го знаеме тоа. Квалитетните членови заминаа у Швицарска. Излеваат тролови и глупости во последно време, луѓе со немам-на-што-друго-да-го-потрошам-времето-па-ќе-привлекувам-внимание-по-форум карактери. Безвезални и никакви теми во позадина. Каде е тоа што беше пред тоа ? Каде се квалитетните дискусии, дебати и остали работи кои мислам дека ги знаеш. Сега на што е се сведено ? На расправии и препукувања.

Искрено не верувам да се врати она што беше. Како што гледам на (скоро) секој форум е така. Добар почеток, но после се заминува по ѓаволите.
Можеби ќе се врати, но нема да биде тоа тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Lad, иако имаш право во голем дел во постот за критики, сепак ќе се потрудам да ти одговорам тука. Не дека Лена е во право, но во право е. Деновиве пробано е да се развие дискусија со раздвижување на темите, отварање на нови, поставање на модератори во соодветни за да се добијат нови идеи, и мора да кажам дека барем според мене сум задоволен. Тоа за преводот иако е проблем, сепак минорен и не знам колку би влијаел за некого да започне дискусија, додека сета оваа активност не би го натерала. Но нејсе. Критиките знам и зошто започнаа, баш поради еден член. Да не повторуваме но никој не е должен веќе да објаснува на член кој нема добиено за член кој има добиено негативен поен. Работата е многу поедноставна. Самиот член добро си знае зошто е казнет со поени. Работата е добро осмислена: ќе врбувам друг за да самиот не испаднам мрчатор. И ете, to lift a burden from a shoulder - или по нашки, бриго моја преѓи другоме, си се договараат двајцата да си имаат взаемна поткрепа. Работата е што другиот или нема појма, или делумно не знае за што би добил негативен поен овој првиот или ако знае, не се работи за молење за некаков си негативен поен туку за стекнување на инстант внимание... за едниот или па двајцата. Човек треба да се праша зошто најчесто има критики од двајцата исклучиво за едниот од нив.
True blood имаше право за правото на избор. После толку пишани критики за негативни поени добиени од администрацијата, секако дека постои право на избор за неследење на дискусија на форимот. Искрен да бидам, ако јас придонесувам за квалитет, но притоа администрацијата е лоша и ме има фатено на пик, тогаш по одредени неколку обиди да исправам криви дрини, би го напуштил форумот. Зошто па тој да го заслужува мојот придонес? Но очигледно тука не се работи за придонес, барем кај едниот член. Затоа што ова не е од вчера. Ова е старо повеќе од година дена.
Извртени зборови? Ти се молам.... Еве колку пати се отвори поле за квалитетна дискусија, па дури и играчница и т.н. чамче муабети беа отворени. Но нормално истите беа злоупотребени за провоцирање, иако суптилно но со задна намера. Играњето мајка тереза тука веќе не пали. Барем за овој проблем.
Исто така ми е интересно активирањето на старите членови околу овој проблем. Воедно се жалевме сите кога дискусиите замреа но еве почнаа лека полека да се развиваат, но нивната тивка активност (читање но не и дискутирање) некако ги избегнуваа темите од, за нив, квалитетен ков а се појавија во тема за делење на правдина кон одреден член. Тука не ми е јасно што би го правел форумот квалитетен - темите или пак нешто друго?
Ова општо го пишав, само дел од постот се однесуваше на цитираниот член погоре

Ај сеа јас тебе да ти одговорам зашто очигледно си замислил нешто.

Прво, раздвижување дискусија и незнамтишто е во ред и никој нема ништо против тоа. Делење казнени чисто од куртоазија е нешто сосем друго. На крај па извртување на муабетот како некој мене ме врбувал за да се бунам е навреда за мене. Друга работа, критикување само за да добијам внимание па не ми е ни на крај памет.

Изборот е тој, во ред е. Ако не ми чинело можам да си заминам. А зошто не би се потрудиле да промените малку од „објективноста“ и да согледате некоја алтернатива за решавање проблеми наместо делење казнени од ракав? Админов, ipopovski и самиот кажа дека нема доволно време, ама кога има казнува само ако има пријава, тоа значи дека треба да изнапријавам пола форум? Не е проблем ако тоа е лекот, само ипак нема никогаш да ме разубедите во неговото селективно казнување. Ако сакате докази доволно е да пролистате низ форумот и да побарате навредливи зборови, пцовки, вулгарности, навреди кон некого исл. кои сеуште стојат неказнети, а некој друг убаво си го окркал со казнени, биле бришени мислења и сл. Наместо да бидете непристрастни (општо администрација) вие давате поинаква слика, дека некому е дозволено се` и сешто, а некој да напише „А“ ќе јаде казнени и ќе му биде избришано мислењето.

И јас тебе саладине, а и сите од администрација нарочно, ве молам да си ги признаете сите грешки и да си живеете со нив. Кога некој направил грешка нема што да се лути кога некој ќе ја спомене истата. Пред некој ден баш твојата грешка ја посочија и ти кажаа дека не правиш така и дека си се подобрил, ама ти ја сфати поинаку позитивната критика и таму си виде она што ти сакаше да си видиш, наместо да си признаеш пред себе дека си направил грешка и дека тоа е само споредба која одеше во твоја корист.

Правилно функционирање на форум сигурно нема да биде со отворени 5 теми месечно. Правилно функционирање не е кога се прекратува дискусија ако двајца се скарале (секако, се` дур нема лични навреди). Правилно функционирање не е сигурно неприфаќање на никакви критики и да велиш „Ако не ти чини, оди си“. Ама за разлика од тоа може на пример да поработите малку колективно и да решите убаво во која ситуација како ќе делувате. Пак ќе ја посочам lady_blue како единствен супер-модератор кој знаеше како да дејствува и да реши проблем. Ама наместо да се огледате на нејзе, вие, почнувајќи од админот ви плукате по нејзе ко да ви ги киднапирала фамилиите. Сериозно ви требаат промени ако сакате ова да прерасне во здрава заедница во која ќе има атмосфера за дискутирање.

Кога споменав веќе дискутирање, дали некогаш си видел кога двајца дискутираат едниот да каже „Оп-стоп, нема вадење мои реченици кои сум ги кажал порано“?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Грешките се грешки и се трудиме да ги промениме, барем според мене ако гледаме така. Работата е што нон стоп се појавува дотичниот член да не` потсетува во дадени моменти. А тие дадени моменти не се од небо паднати, туку имаат одредена позадина. Наместо да се вклучи(те) во дискусија, во последно време се` повеќе гледам провокација. Со |o$y(|-|0$0(|@l не би се сложил дека не се налага на квалитет бидејќи има теми скороотворени од мене, хоуп (во филм) редхед, едно време и Алексис. Да не зборам за постоечките кои дремат во горно лево ќоше и фаќаат прашина. Тоа што тагираниот член го посочува е делумно и поради т.н. искажаност во некои од тие теми, затоа и се нема желба повторно да се пише од истите. Еве ти како добар познавач на музиката се кладам можеш да отвориш некоја тема за истата, а се кладам дека ќе се развие дискусија ако сите ги баталиме барем еднаш постовите што се осмислени како провокација.
За Лејди блу, можеби беше одличен супер модератор, но тоа и е... беше. Со сета должност и почит кон неа, но неколкуте наврати и натегања да се врати и да пише нешто како што некогаш впрочем и го правеше, како и тоа дека нема место за квалитетна дискусија, не е баш во право. Зошто не е? Исто како и Сајкосошал, кога форумот беше во старт, нормално е во тој момент да имаме сите по нешто да кажеме пошто сите сме нови. Тука не припаѓа ничива кривица. „Проблемот“ доаѓа отпосле, кога повеќето теми се истоштени. Но ете има нови теми. Има и цел подфорум заживеан, но покрај 5-6 членови што константно пишуваат таму другото седи во ќош. И таа грешка не треба целосно да се потпише на било кого. Мене не ми е јасно само како наоѓаме сите сила тука да пишеме вакви постови, додека не можеме истово да го преточиме во другите теми.
Истотака зошто секогаш ама апсолутно секогаш очекувате целосно заживување на форумот исклучиво од администрацијата. Ете, за отворање теми барем нема рестрикции, може секој член да го стори тоа.
Троловите се за жал секаде присутни а тоа е продукт на слаб-за-дискусија дух. Се кладам повеќето “тролови“ се подпикани од други форуми за да се уништи нивото на дискусија во овој форум. Исто како и во другите форуми што егзистираат. Наместо секој еден член да поработи на тоа да се издигне себе си како член, тој упорно се прави „глуп ко трска“ се` со цел да го намали квалитетот на другата страна, пошто хеј... не може ништо подобро да направи за себе. Затоа сите форуми ќе се кољаат ко шкотски племиња (Braveheart синдром :) ) додека сите ќе седиме во оваа жабокречина која што сме.
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Истотака зошто секогаш ама апсолутно секогаш очекувате целосно заживување на форумот исклучиво од администрацијата.

Не зборам и не очекувам теми да отвараат админите. Напротив, да ги отворат членовите, но во нив да се развие некоја дискусија. А не 2 - 3 мислења и ај темата замина у северен пол.
Од администрацијата очекувам да се грижи така како што треба за форумов. И да .. да биде доста време активна. Не цело време, но да си има мерка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin