Чудни се патиштата на перцепцијата.
Не знам кога и дали воопшто сум гледал филм, сум прочитал книга или барем статија во весник каде главна ѕвезда е некој лик - кој е едноставно добар. Онака, добричина, што би рекле на север.
Можеби се работи за инфлација на глорификување на разни манијаци, психопати, сериски убијци, педофили, идиоти, Вејн Руни, политичари и секаков отпад кој добива медиумски простор, без разлика дали се работи за прикриена или отворена форма на восхит. Разни ханибал-лектори,психовци,мајкл маерси како фиктивни монструми се надополнуваат на оние реалните. Но не е ниту тоа. Добрите никогаш ги немало во етерот.
Скоро е незамисливо некој новинар да напише статија за човек само поради тоа што типот бил - добар.
Но ако некој лик заколе некого, тогаш вратите на медиумскиот простор и `15-те минути слава - се подотвараат. Добар човек може да умре а никој тоа да не го забележи. Така и бидува. Но затоа сериски убијци имаат широка фан база и groupies.
Но не е само до медиумите. И во секојдневна комуникација некако тивко, скоро со чувство на `убио ме туџи срам` се зборува за некој кој што е добар. Како да е сакат или пати од заразна болест и после едноставната констатација дека е добар (или добра, the same) понатамошен муабет околу таа карактерна особина станува непријатен....некако непожелен.
Јебе нас мозак...би гуд Џонииии...........