Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Чудни се патиштата на перцепцијата.
Не знам кога и дали воопшто сум гледал филм, сум прочитал книга или барем статија во весник каде главна ѕвезда е некој лик - кој е едноставно добар. Онака, добричина, што би рекле на север.
Можеби се работи за инфлација на глорификување на разни манијаци, психопати, сериски убијци, педофили, идиоти, Вејн Руни, политичари и секаков отпад кој добива медиумски простор, без разлика дали се работи за прикриена или отворена форма на восхит. Разни ханибал-лектори,психовци,мајкл маерси како фиктивни монструми се надополнуваат на оние реалните. Но не е ниту тоа. Добрите никогаш ги немало во етерот.

Скоро е незамисливо некој новинар да напише статија за човек само поради тоа што типот бил - добар.
Но ако некој лик заколе некого, тогаш вратите на медиумскиот простор и `15-те минути слава - се подотвараат. Добар човек може да умре а никој тоа да не го забележи. Така и бидува. Но затоа сериски убијци имаат широка фан база и groupies.

Но не е само до медиумите. И во секојдневна комуникација некако тивко, скоро со чувство на `убио ме туџи срам` се зборува за некој кој што е добар. Како да е сакат или пати од заразна болест и после едноставната констатација дека е добар (или добра, the same) понатамошен муабет околу таа карактерна особина станува непријатен....некако непожелен.

Јебе нас мозак...би гуд Џонииии...........
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ви се случува да помагате безрезервно, па потоа да сте виновни за туѓиот неуспех? Мене да.
Ако сум решила да помогнам, ќе го направам тоа од срце и најдобро што можам, а понатака твое си е што и како ќе менуваш.
Ама да смениш во погрешно, па после да е моја вина...како е можно, побогу?
Е тоа не варам. Заслугата си ја зема кога е добро, а кога не е, тебе ти ја дава вината. И тоа пази - својата.
Да не сум напишела јас на неа ко што ѝ се чинело лошо, она немало да се води по тоа и да ја покака реченицата. Логикава, еј!
А еднаш одбиј ги, абе носот во облаци и муабет ко со просјак.
Ако де, мене професијата ми е таква, да помогнам на оние што не знаат и на кои им треба...ама и тебе бре сестро, истото и тебе те чека, јас ли ќе ти проверувам кога ќе најдеш работа? Чудесии...
И после иста диплома ќе имаме и наводно ќе шириме знаење по други. Знаење што очигледно сме го преспале.

Тоа е едно од оние „не знам што да правам“ чувства, заедно во пакет со она кога си пишуваш со некој што не ти е нешто близок и темите за општ, воведен муабет ви се исцрпени, ама продолжуваш од култура за да не помисли дека ти здосадил.

Зашто луѓето сме неретко темни, еве едно цуце што топли срца.
tumblr_mvyhfo5jCe1sojmo2o2_400.gif

Јадам!!! (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Y1K991

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Electra, еднаш јас пробав нешто налик на сликава многу слично да им појаснам на одредени персони
22dr-house-advice.jpg

И они буквално ме сфатија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
СДК
со денови фрчат расправии во критики на администрација за небитни работи.
Се прашувам како не ви досади да си ги вадите очите за НИШТО?
Доаѓа до расправии измеѓу членови(кои се разбираат)заради други членови,се дига фрка,се ствара омраза.
Ало,форум е ова,место за релаксација,креативност,дискусија,дружење и зезање,
не место за расправии.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Дај вистина место расправии да отвориме некоја тема во врска со годината која е веќе при крај, нешто за нас, импресии, член што ја обележал, тема, нешто било што...
Нешто за новогодишни аватари or something...
Насочете ја енергијата за нешто позитивно, нешто што ќе не разбуди од зимскиов сон, што ќе не размрда малце.
Дај навистина не мора да бидеме толку негативно расположени, малце ли ни е надвор што ни се случува, не може ли тука да најдеме парче мир?

Кој сака нека чита што сака, кој сака што сака нека лакјува, нека пишува што сака и нека се дружи со кој сака...
Мислам нема смисла веќе, зар само за карање и натпреварување за кажан најкул сарказам ќе бидеме активни?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Дај вистина место расправии да отвориме некоја тема во врска со годината која е веќе при крај, нешто за нас, импресии, член што ја обележал, тема, нешто било што...
Нешто за новогодишни аватари or something...
Насочете ја енергијата за нешто позитивно, нешто што ќе не разбуди од зимскиов сон, што ќе не размрда малце.
Дај навистина не мора да бидеме толку негативно расположени, малце ли ни е надвор што ни се случува, не може ли тука да најдеме парче мир?

Кој сака нека чита што сака, кој сака што сака нека лакјува, нека пишува што сака и нека се дружи со кој сака...
Мислам нема смисла веќе, зар само за карање и натпреварување за кажан најкул сарказам ќе бидеме активни?

Па ете имаш идеја, отвори ти таква тема каква што си замислила.