Време е да се започне со подготовките на домот за Божиќ и праќање на карти.
Уживам во сето тоа,посебно пишување на картите.
Колку е убаво,кога домот изгледа декорирано и топло,додека надвор се е побелено од снег.
Милион светла создаваат убава атмосфера,
која гледана од улица го мами погледот на минувачот.
Од секогаш за Божиќ сум сакала да се шетам по студените улици и љубопитно да зјапам по прозорите на луѓето.
Кога бев мала сакав да бидам невидлив дух и да можам во сечиј дом да погледам и да ѕирнам.
Но,не би.Би видела премногу што не треба да се види,а понекогаш е подобро да не знаеш се.
По прозорите и светлото кое излегува од нив ги препознавам домовите во кои владее топлина.
Некои прозори нудат така ладна и празна атмосфера што се стресувам од помислата да влезам во таков дом.
Комшивката повторно го свири Брамс на пијано,овојпат поопуштено и послободно.
Чинам јасно и е дека грешките не прават перфектни.
Туку,кафето го испив и време е да одам.
_/|\_
Пс.Ах,ми текна нешто сега,
ако некој сака карта по пошта за Божиќ,нека ми прати адреса во ПП,со задоволство ќе ја напишам и пратам