Вчера присуствував на емисија за трансексуалци каде што гости беа - трансексуалец, негов преведувач (бидејќи беше глув), докторка (мислам) и новинарка. Докторката го кажа нејзиното мислење од биолошки и од психолошки аспект (која работи подолго време со dozen клиенти веќе), толку убаво ја објасни целата работа со хормоните, што верувам дека доколку човек кој мисли поинаку, ќе му даде ново гледиште на работите. Целата поента е дека не знам таму колку недели бебето е неодреден пол, а во одреден период од бременоста, хормоните се подредуваат и тогаш се создава и полот. При тоа, се случува одредени хормони да се создадат повеќе и со тоа да влијае врз полот - кратко кажано, полот на бебето се оформило во машки, но воедно добило повеќе женски хормони оттколку што требало (за малку победиле машките и со тоа добил машки пол) и поради тоа, тој е машко со многу женски хормони. Истата работа е со хомосексуалците. Во прашање се хормони. Тоа не е пореметеност во бременоста, не згрешила ништо мајката, едноставно природниот процес на оформувањето на бебето се случило така.
П.С. Нешто друго што слушнав во емисијата поврзано со хомосексуалците е дека во (не знам точко каков, веројатно на психологијата) системот во не знам точно која држава (мислам дека стануваше збор за УСА) хомосексуалноста е тргната од дефинициите за психолошко пореметување и се смета според психологијата, дека е најнормална појава. Докторката рече дека се надева дека наскоро истото ќе се случи и со трансексуалноста.
Се извинувам за "не знам точно каков/која" информациите, беше премногу тивко и не слушнав убаво.