Не е фер. Цело време се задржувате во внатрешноста на семејството оти немате одговор за сите трауми што ќе ги добие детето кога ќе излезе од портата на домот.
Па ете јас ти викам не треба да се замараме многу за тоа што ќе кажеле луѓето и дека секако некогаш ќе биде тоа дете осудувано и исмејувано, ти ми викаш убаво е на хартија, ама не е така, после ти викам ако има дома хармонија и благосостојба лесно ќе се надминат тие проблеми, ти ми викаш ќе се направи алкохоличар од мака.
Ете јас, подржувам хомосексуалци, подржувам и бракови и посвојување деца, се дури тие двајца или тие две се луѓе, способни да израснат и исчуваат дете и тоа дете да израсне во една психички и физички здрава особа, извајана од нив и нивно воспитување, а не од осудувањата и хировите на општеството.
Ќе биде под лупа три дена, дур не се појави некое друго чудо, па ќе биде заборавено, па ќе биде и тоа после него и после него заборавено, се со време ќе се заборави и прифати и сите ќе си живееме среќно чекајќи да коментираме и осудуваме нешто, дур не се појави нешто посвежо.
Што не сме прифатиле ние како нормално, зар ова ќе е проблем?