Ми се има случено еден чуден настан, неопишливо, до основно оделение незнаев да нацртам еден прост цртеж, од прва година средно почнав да цртам икони, најпрво започнав да халуцинирам, едноставно така ми изгледаше идеалот на сликата, иако не знаев дали воопшто и така изгледаат светците, еднаш ми се случи да ја погледнам хартијата и да ги видам цртите ( линиите), што ми го обележуваа цртежот, а до душа жити се и незнаев што ке цртам, ете започнав да одам по линиите, и на крај испадна Исус со винова лоза над него
изгледаше прекрасно, за прв пат почувствував трема, не само тоа дури и се прашував како успеав оваа да го нацртам, се појави од некаде мајка ми и ме праша што правам, објаснив и кога го виде цртежот почна да се смее, ми вели па Борче ти до основно не знаеше пеперутка да нацрташ, еј па сега што е оваа?
замолчев како пес, незнаев што се случува со мене, го нацрттав и завиткав цртежот си реков сега не можам да го довршам, ке го сторам тоа по неколку дена ...Поминаа денови, си реков да го погледнам да се зачудам повторно и да го завршам да биде целосен и онака не беше, кога го отворив цртежот, тој веке беше исенчен со молив, жива слика..
си реков помалата сестра ова го сторила си играла со мојот цртеж а јас толку се трудев, но сепак убаво направено, ја прашав таа вели кога ти почна да црташ икони
, се смееше, го зедов цртежот и го покажав на моите дома, баба ми рече однеси го во црква клај го во рамка, тој не е веке твој..
Одтогаш знам само едно, го знам тоа што не го знам