Последен гледан филм со рецензија

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
The Town
Филмов очекував да биде многу подобар ама не ме воодушеви многу. Имено грабеж на банка и си очекуваш акцино- крими филм , а тоа добиваш драматична романса и криминален лик кој сака да се смени. Приказната не ми се допадна од повеќе аспекти како што се брзото откривање на тие што стојат зад грабежот иако ги уништуваат доказите. Потоа љубовната драма меѓу заложничката и киднаперот е незнам .... Во глобала ако ви се тепа време погледенете го , а дека е нешто посебно не би рекол оцена 5/10.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Еве ме и мене со горенаведениот филм на Хоуп* кој патем таа лично ми го препорача. Seven pounds да бидам попрецизен.
Вили ни е насекаде познат по неговите херојски улоги на алтруист.
Тоа што филмов пленува е целата таа скоцканост и комплетност без никакви одвишоци и непотребности. Приказната е таа, можеби за некого предвидлива, но пак ќе кажам поради таа скоцканост ќе се чувствувате комплетни откако ќе го изгледате.
Би додал истотака дека многу важно за секој филм да има одличен саундрак. Во овој има интересен опус од песни и инструменталки (иако позајмени.
На IMDb оценката му е 7 ипол што е сосема заслужено. Од мене малку поради субјективни причини добива повисока 8ца.

(хоуп, глеј го the legend of 1900 - ќе си викаш немогуќе е да се дешаваат случајности за филмови кои ги имаме во иста конверзавија)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
220px-Damageposter.jpg


Кога ќе ми текне што било поим за романтична драма пред деценија, а што е денес тоа, ми се плаче. Уште еднаш се потврдува дека јас не сум за новиве романтични комедии кои што врска немаат ниту со романтика ниту со комедија. Не знам како сум го пропуштила филмов до сега.

Damage е филм кој што изобилува со еротика и сплетки. Не би рекла дека тука има љубов, колку што има опсесивност. Има доста експлицитни сцени, така да најдобро е да не се гледа во големо друшто, туку, нели, за поинтимни собирања(wasntme)
Стефан (Џереми Ајронс) е угледен политичар кој е доста ценет, има навидум совршен живот, прекрасна жена и прекрасни деца. Еден ден, неговиот син, Мартин се засакува со девојката Ана, девојка која навидум изгледа среќно вљубена во Мартин, но како тече филмот сфаќаме дека тоа е една шарада. Заради одредени трауми што ги имала како дете, Ана е меланхолична, чудна и непредвидлива. Стефан веднаш почнува да чувствува некаква сексуална тензија кон Ана, за подоцна да сфатиме дека тоа е обострано. Една вечер, сосема заборавајќи на Мартин, Стефан и Ана водат љубов и започнуваат афера која никако не можат да ја прекинат. Нивната афера ќе стане интензивна, зависна како дрога, нешто за кое двајцата се свесни, но не можат да запрат.

Како ќе се "отплетка" приказнава, оставам на тие што ќе сакаат да го погледнат филмов.

Филм за сексуалноста, а не за сексот, за забранетото овошје, за посесивноста, за грешките во животот, за последиците од нашите акти.

Anna Barton: Damaged people are dangerous. They know they can survive.
Jaс давам 8.5/10. Сепак 10ка давам само на 3 филма досега кои ме мрднале од умот.

Следно се спремам за Тhe Age Of Innocence. Едвај чекам да видам како ќе ме бендиса.
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Eternal (2004) - Детективот Рејмонд Поуп е во сомнителен морал во потрага по исчезнатата сопруга. Неговата истрага му води кон богатиот имот на енигматската Елизабет Кејн и нејзината млада слугинката Ирина..
Многу очекував од филмов, не ни го догледав...демек е базиран по вистински докази за дејството на Елизабета која ги убивала младите девојки за да се капе од нивната крв со што така останувала вечно млада...а всушност потсетува на лезбејски порнич (facepalm)

Eternal%2B%25282004%2529.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Eternal (2004) - Детективот Рејмонд Поуп е во сомнителен морал во потрага по исчезнатата сопруга. Неговата истрага му води кон богатиот имот на енигматската Елизабет Кејн и нејзината млада слугинката Ирина..
Многу очекував од филмов, не ни го догледав...демек е базиран по вистински докази за дејството на Елизабета која ги убивала младите девојки за да се капе од нивната крв со што така останувала вечно млада...а всушност потсетува на лезбејски порнич (facepalm)
Ако сакаш филм со таа тематика изгледај го овој.
The Countess
Т.е за истата грофица е ваљда Елизабет Батори, ама овде е приказната за нејзиниот живот и желбата по секоја цена, засекогаш да остане млада.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
The Joneses
Филмов ти е за група на љуѓе кои се собрани да глумат семејство. Всушност промовирајќи некој стил на живот тие рекламират производи и така заработуваат. Другото се е некоја калсика романса помеѓу мажот и жената разбирањето дека така нетреба да се живее и слични клишеа. За тепање време е добар ама ништо посебно.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
The 4th Floor

Џејн е млада,паметна и шармантна жена која го наследува луксузниот стан од нејзината тетка за кој таа долго мечтаела.Пресреќна што конечно ќе има свој дом,Џејн го одбива својот свршеник Грег во обидот да ја убеди да се вселат заедно,се вселува во станот убедена дека среќата конечно и се насмеала.Но животот не е толку совршен како што си замислуваше таа.
Уште првото утро Џејн добива писмо со предупредување за вревата која ја кренала додека се вселувала. Сите нејзини соседи се мошне чудни,мистериозни и драматични.Марта Стјуарт е озборувачка,жена која го пика носот каде што не и местото,и таа која и вели на Џејн дека останатите соседи не сакаат да бидат вознемирувани од нејзина страна и дека најдобро е да ги остави на мир.Господин и госпоѓа Брајант се недружељубиви луѓе,постојано си ја заклучуваат вратата еден на друг и поради тоа креваат врева.Колинс живее на третиот кат,се прикрадува кај Џејн и тој е единствениот кој разменува неколку зборови со неа.На четвртиот кат наводно живее стара госпоѓа Алис,за која Марта и вели дека и била најдобрата пријателка на тетката на Џејн. Подоцна Колинс го одрекува тоа, велејќи и дека старата Алис ја мразела нејзината тетка. Но личноста од четвртиот кат продолжува да ја вознемирува Џејн,а кога таа се обидува да побара помош,не и верува никој.Дури ниту нејзиниот свршеник Грег.
Несекојдневен трилер,го даваа на алфа па го загледав.Оние кои сакаат мистерија,можат да го погледнат.

51D2HA9B2HL.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Змејче

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
RED 2 -
како и во првиот дел така и во овој, одлична екипа која е во акција да го спречи активирањето на една бомба која може да уништи многу животи. Ептен добар филм.
red-2-poster.jpg


Despicable me
- многу добар
images
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Змејче and cakar_ulav

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Pacific Rim: интересен филм за милениците на СИ-ФИ акциите
се работи за напад на ( вонземјани ) кои имаат јадро во земјата и прават нешто слично ко гозила чудовишта
али тука делува по реално. Типците прават роботи и одак се кршат :zelen
интересен филм :)
images


A Good Day to Die Hard: акција филм доста интересен нешто слично како поранешните Die Hard
али ова е во русија каде што е син му и му оди на посета, а пак тој има мисија да спаси еден тип кој
има документи многу битни.
интересна приказна со пресврт на крајот
добра актерска екипа :)
die-hard-5-a-good-day-to-die-hard-poster.jpg


White House Down ( 2013 ): филмов се базира на антентат по насловот се забележува
само што овој атентат е уствари рушување на целата бела куќа, која ја местат луѓето кои се внатре во неа
филм полн со акција..за љубителите на акцијата го препорачувам :)
White_House_Down_Theatrical_Poster.jpg