Прашања за акваристика

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Постапки на формирање на аквариумот:

За да се формира аквариум, мора најпрво да се одлучи за просторот, поточно со колку простор се располага. Значи доколку одите на рачно изработен аквариум, го планирате према просторот, иако денес имаме еден тон фабрички аквариуми во поснабдените аквашопови, што можеме со сигуирност да гарантираме за издржливоста , а и го купуваме со комплет опрема.


Еве еден пример, со видео како се поставува аквариум:



Опрема која ќе ви треба за аквариумот е следната:

Филтер, Греач, Украсна песок, тресет за растенија, осветлување и нормално риби на крајот.


Најпрво што треба да направите е да земете тресет. Тресетот е прихрана за растенијата, и се става доле, а над него се става украсната песок. Обично тресетот е околу 800 денари една кутија која ќе покрие површина 50 х 50. Пред се, да напоменам дека оние што се финансиски послаби или им се гледа како џабе фрлени пари, овој тресет е специјално третиран за аквариум, но сепак можете да направите DIY варијанта, како јас во 2 мои аквариуми за кои не ми достигна купечки тресет. Се зема земја за цвеќе, има различни видови на таква земја, ама битно е да земете од онаа што изгледа како ситгна песок, некои личат на гној, а некои на кој знае што но барајте од онаа за цвеќе што личи на ситна песок како од плажа. Ќе треба да ја исплакнете еднаш до двапати, па да се надеваме дека нема да има голема штета во аквариумот од неа.
Тресетот се поставува, нормално во празен аквариум со нанос ос 1-2 цм. Ова служи како долгорочна прихрана за растенијата, без ова можат само мал број растенија да успеат добро, но сепак ќе проживеат но не во вистинско светло.После тоа над него се ставаат околу 5 цм песок, украсна. Оваа си ја купувате од аква шоп, каде едно пакетче е околу 40-70 денари зависно од песокта. Боени пластични камчиња не ви требаат, скапи се и се жива глупост. Купете обична, обработена песок. Оваа украсна песок треба да се измие со вода добро за да не ја мати водата. Откако го направивте тоа следен чекор е :

Садење растенија

Растенијата што ги набавивте, потребно е да ги насадите според следниот распоред. Високите обично валиснеријата иде назад, додека анубис наните и други ниски растенија околу камењата или странично. Ваше е тука да изразите трошка уметност во уредувањето, па најдете и некоја слика на интернет што ви се допаѓа, како инспирација. Откако ги насадивте растенијата, следува:

Полнење вода во аквариумот

Полнењето вода во аквариумот гледате да биди што пополека. Водата не смее да се додава ладна, заради растенијата. Со температура од 10 + степени е океј.Откако се полни аквариумот, целосно, би требало да има мала матноќа на водата. Ќе исчезне за неколку дена тоа. Греачот го поддесувате на 26 степени, е сега филтерот го пуштате да врти, доколку е потопна, ја ставате неа во одредена позиција, гледате да е погодена за литражата, зашто во спротивно ако е помал акв. а јака пумпата ќе влече и риби и растенија и каша попара ќе го направи.


Осветлување

Ќе ви треба осветлување во аквариумот, доколку имате рачно изработен, во капакот се монтираат штедливи неонки од по 40 вати. Ако аквариумот е 80 литри 2 вакви би биле доволни за раст на растенијата. Жолта ламба избегавајте. Доколку има простор можете да купите и специјални акваристични неонки : AquaStar или други германски производители. Избегавајте кинески досега ниедна не проработила како што треба.

Вака отприлика би требало да изгледа аквариумот.Откако ќе се избистри водата и поминале 10тина дена, битно е и претходно да го регулирате денот и ноќта на аквариумот. Према мене 12 часа светло а 12 ноќ е супер. Од сабалје ја палите ламбата, а ноќе ја гасите. Растенијата би требало да се зафатат, а откако ви изгледа стабилен, време да додадете риби.

Додавање риби.


Према литражата се одлучувате за рибите. Во аквашоп ќе ви продадат и кит во аквариум од 10 литри. Сепак сакате среќни риби да имате, па затоа одберете риби што си одговараат во вашиот аквариум.

За мал аквариум, до 50 литри, се препорачува, живоротки,или неон тетри. За аквариуми до кај 80 - 100 литри можете да чувате зебри, кои сакаат долги аквариуми и простор за пливање, можете тетри, трихогастери, скалари...

Не мешајте многу видови, битно е да се информирате кои риби со кои си одговараат. Најдобро е еден до два видови да чувате, за да има добра хиерархија, така што скаларот, добро би се совпаѓал со трихогастерите, зебрите добро би се совпаѓале со зебри и како јато добро изгледаат. Неон тетрите со останатите видови на тетри би требало добро да се совпаѓаат, живоротки со живоротки итн.
Скалар и мали риби никако , знае да ги изеде.

Најпрво додавањето на риби е неколку риби, со цел да се исциклира аквариумот. Се додаваат издржливи риби, а циклирањето е фактички процес на создавање на

Полезни бактерии:

Полезни бактерии се фактички, бактерија која живее во вашиот аквариум, најчесто во филтерот во темните места. Што поголем филтер толку повеќе полезни бактерии, толку поголема филтрација.Бактериите вршат биолошка филтрација,се исхрануваат со амоњакот, кој го создаваат рибите преку изметот а е многу отровен за нив. Дококлу нема добра филтрација и циклиран аквариум рибите ќе изумрат. Доколку има полезни бактерии во филтерот, создадениот амоњак ќе се претвори во нитрат, па други бактерии во нитрит, и нитритот би требало да го соберат како краен продукт, растенијата.

Полезните бактерии може да се создадат за месец, а може и 10 дена. Затоа најпрво се купува “чистач“ како што некој ги вика, јас викам најпрво ви треба Алгари. Купете Анциструси, 2-3 се повеќе од доволно за еден аквариум. Ги додавате нив, народски ги викаат чистачи за стакло. Тие ќе ја изедат секоја алга во аквариумот, а и доволно ќе создадат амоњак. Амоњакот ќе ги поттикни бактериите да се исхрануваат и да се размножуваат, па полека ќе се намножи.
Откако ги додадовте анциструсите (чистачите) останува така околу 10тина дена. Во тие 10 дена додавате коридораси (чистачи за земја) и полека го зголемувате бројот на рибите. Битно е во тој период на циклирање да има и аерација на водата да се внесува кислород. Во целиот овој период, секој трет ден менувате по 20 /30 % од водата , и додавате отстоена вода 24 часа.

После 10 - 15 дена би требало да се има зголемено бројот на бактериите, па можете да додадете други риби. Никогаш не го преполнувајте аквариумот, што повеќе риби - толку позагаден аквариум - полошо за нив и за вас. Во аквариум од 40 литри до 60 просечно се чуваат 15-20 риби и ништо повеќе.

Е сега би требало да ви е аквариумот исциклиран, и да бидат среќни рибите. Доколку ви умираат, тоа значи дека прерано сте ги додале рибите, а бактериите не се создадени. Решение за тоа е да менувате најпрво 40-50 % од водата, па после тоа секој ден по 20/30 % се додека не видите дека рибите се во ред. Доколку пливаат како што треба сте дочекале да се исциклира аквариумот, т.е филтерот да се насели со полезни бактерии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: strasko and ipopovski

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Како функционира аквариумот?


Откако го имате веќе стабилизирано, битно е да знаете како функционира:


Рибите дишат КИСЛОРОД, а испуштаат ЦО2. Рибите јадат, и создаваат измет кој содржи отпадни материи. Доколку се зголеми бројот на отпадни материи, рибите ќе изумрат.
Откако рибите создале ЦО2 во водата, растенијата го земаат јаглерод диоксидот, и создаваат кислород, валјда сте учеле за фотосинтеза по биологија, што значи имаме биолошки круг. Далје, рибата создава измет, дел од изметот служи како гној за растенијата, додека амоњакот растворен во водата, оди во филтерот, а таму бактериите што ги спомнав горе, го користат како храна и создаваат нитрат и нитрит, кој пак истиот завршува како храна за растенијата а вишакот преку проимените на вода се отстранува. Значи ова ви е биолошкиот цикллус риба - растенија - бактерија.

Рибата создава отпад, а отпадот за растенијата е храна, додека отпадот од растенијата за рибите се вика Кислород.
Исто така растенијата од водата ги отстрануваат сите отпадни материи, па имаме кристално чиста вода, доколку нема растенија водата брзо ќе се заматува.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Менаџмент на аквариумот:

Неделно, се менува вода од аквариумот 20 - 30 %. Значи ако аквариумот ви е 100 литри вие ќе смените од аквариумот околу 20 литри вода, доколку е помал, ќе менувате значи 30 % вода секоја недела. КОлку е пооглем помала е потребата за менување вода, со оглед на тоа што е големо пространство на вода и побавно се загадува. Просек, неделно се менува 20 - 30 % и се црпи водата со црево, водата паѓа во канта доле, а истовремено сифонирате по дното.
Новата вода што ќе се додаде не треба да е многу ладна, и да има треба отстоено 24 часа за да испари хлорот.

Ова е целиот менаџмент на аквариумот, откако имате стабилен аквариум.


Хранењето на рибите, се одвива 2 пати дневно, и тоа му давате малку, онолку колку што можат да изедат за 2 минути.Рибата е ненаситна па внимавајте да не ја прејадите. Ако давате многу храна, брзо ќе ви се загади водата, затоа што создава отпадни материи во аквариумот. Купувајте брендирани храни, џигер воопшто не ви треба, џигерот го користат во рибници, па само со него ги хранат рибите, со цел побрзо да пораснат затоа што содржи протеини а и премногу ја валка водата. Џигерот е за рибници а не за акваристика. Купувајте пакована брендирана храна, имате и No name рефус храна, јас земам карамин храна едно пактече 110 денари а го користам околу месец дена.
Друга храна не ви е потребна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Надолу ставам текстови што сум пишел претходно на други сајтови:

Потребно е да се знаат само неколку битни ствари и се оди чекор по чекор:

1.Позиционирање аквариумот
2. Редење на филтерот со филтер материјал, во сооднос со литражата на аквариумот
3.Додавање хранлива подлога за растенија (тресет), доволно е 3 цм нанос во висина.
4.Додавање украсен песок. Моја препорака е кварцен бел, со ситна гранулација, за полесно чистење и естетика. Пожелно е тресетот, т.е подлогата за растенија да ја одделите со мрежа од горниот слој уркасен песок, во случај на растурање на аквариумот да ги имате пак и двата вида на песок.
5.Редење на камења,дрва и садење треви.Многу битно е каменот да не е варовник, како и песокта. Тест со солна киселина едно капаче врз каменот и доколку врие, е варовник, и фрлајте го, ќе ја покачи Kh и Gh вредноста (тврдината) на водата. Битно е да е неутрален, тропските риби живеат во мека и кисела вода, освен афричките циклиди,полжавите и желките.
6.Од дрва се препорачува Red Moor Wood, или Мангровани.Доколку се добро термички обработени, нема да ја бојат водата, а ако ја обојат ништо страшно само ќе има темна боја, и ќе добие природно киселкаста средина водата, идеална за неон тетрите, и сите останати видови на тетри. (Средството Tropi, има слична функција)
7.Садење на тревите, и дополнување на аквариумот со вода. Филтерот врти 1 недела додека се исчисти водата од тресетот и се поттикне живот во аквариумот.Ако тревите имаат добро осветлување, брзо ќе се зафатат, и веќе ќе можи набрзо додавање риби.
8.Е сеа на ред е циклирање на аквариумот, во превод населување бактерија во него. Што е бактерија? Бактерија е сите како што знајме едноклеточен организам и живеат во колонии.Водните нитрогени бактерии формираат колонии, онаму каде што има животински отпад, во превод како храна го користат амоњакот, нитратот и други отпадни материи што се раствораат во водата при изметот на рибите, распадната храна, мртви риби, итн.
Амоњакот е најголем непријател на рибите. Во новоформиран аквариум НЕМА бактерија, па имаме смртност кај рибите.Во циклиран аквариум, рибите создаваат отпад, амоњакот бактериите го разложуваат во нитрат, а нитрогените бактерии во нитрит, кој не е штетен, а со повремената промена на вода 30 % еднаш неделно, се отстранува и се додава свежа вода.Исто така, битно е да се има природно засаден аквариум, затоа што растенијата најголемиот дел од филтрацијата го вршат, отпадните материи ги земаат како храна, јаглерод диоксидот го дишат а испуштаат кислород и се создава еден биолошки круг составен од РиБА - ХРАНА - ОТПАД - РАСТЕНИЈА и повторно во круг.
За да се исциклира аквариумот, како што напоменав циклирање или населување со полезни бактерии, треба да се земи вода од веќе стар филтер долго време неисчистен и истиот да се исцеди во водата или пак во коморите на канистерот. Од ова цедење со сигурност внесувате бактерија, а најмногу може да се забележи доколку сунгерот, има мирис на земја, нешто лично како после дожд што има мирис земјата. Тоа е знак дека постојат бактерии, нормално ќе внесете и нечистотија ама тоа не е битно, ќе се исчисти со тек на време:)

После додавањето бактерија, филтерот работи а следниот ден се додаваат риби но во мал број.Најчесто сум користел живоротки затоа што се извонредни загадувачи, и брзо создаваат отпад па бактериите набрзо добиваат храна и се поттикнува размножувањето, во сооднос од 1:1 во превод од една две...од две четири итн...

Што ги убива бактериите?
Многу често се случува кај акваристите, да го исчистат целосно аквариумот на погрешен начин и да се случи помор. Јас бев еден од тие, и можам да кажам дека сум потрошил повеќе пари на аквариумски риби, него што сум сервирал на трпеза:) При чистење на аквариумот, за оптимална филтрација, потребно е да се почни од филтерот, ако е канистер се вадат коморите, ако е потопна пумпа, стаклен филтер,сумп,топ филтер без разлика на видот на филтрација процесот е ист, го отстранувате сунгерот, и останатиот вид на филтрација (за него подолу) и ги перете со АКВАРИУМСКА ВОДА! Овај деле многу битен, ако ги миете со ладна, жешка, и вода од чешма, с сигурност ќе ги уништите бактериите, поготово водата од чешма содржи хлор баш за таа намена. Значи строго со вода од аквариум се зема еден сад во кој ќе го измиете сунгерот. И никогаш сунгерот, не го мијте целосно додека не стане проѕирен, доволно е површниот слој на ѓубре да се отстрани, додека останатите слоеви се колонии на бактерии.

После тоа за кратко изложување на светлина, воздух, и пониска температура ви погинуваат 30 % од бактериите, но не е опасно повторно ќе се вратат во живот.

Друг битен дел од менаџирањето на аквариумот е промената на вода. Зависно од литражата, зависно од бројот на риби потребно е да се направи промена на вода, со оглед на тоа што филтрацијата на овој биолошки систем е од затворен тип. Па, кога се додаваат риби, многу битна е литражата, што би дошло 1 риба на 2-5 литри вода зависно од големината. Сепак поголем аквариум - помалку риби е секогаш подобро и ни создава помалку маки и главоболки , особено кога станува збор за чистење. Доколку аквариумот е со средна голема, 150 литри, и имате максимум 50 риби во него, се менува 30 % од водата секоја недела. За помали аквариуми се менува 20 % на 4 дена, со цел да не се наруши рамнотежата, со оглед на тоа што е мала количина на вода, и лесно може да се покачи,симни тврдината на водата.

Типови на филтрација:

Механичка
Биолошка
Хемиска

Растенијата исто вршат филтрација а и со промената на водата се отстрануваат штетните материи.

Заблуди постојат повеќе, како тоа дека филтерот е за да ја прави кристално јасна водата, што е погрешно, чиста вода имаме ако има растенија кои апсорбираат отпадни материи од водата и имаме почиста вода.

Механичка е со сунгер, било потопен филтер, било стаклен, било канистер, кај канистерот 3-те вида филтрација се најдобро изразени.
Ги задржува сите видливи честици од водата, храна, отпад итн. Исто така сунгерот има и мала биолошка филтрација,со оглед на тоа што нема голем капацитет за населување на бактерија, успеваат некако да создадат колонија во потемните и ситните делови на сунгерот.

Биолошката ја вршат растенијата и филтерот.Значи сунгерот малку, а потребно е да се додаде и биолошки материјал. Најчесто популарни се кај нас керамичкие прстени и можам да кажам дека се џабе фрлени пари. Не се ни керамика туку крута смеса, и идат од кина. Еден познат производ се нарекува Syporax, прстени од синтетизирано стакло, со мали испакнатини идеални за населување голем број на бактерија. Подобри од него се Symbionit од Easy Life,досега како најдобар. Поефтина варијанта е вулкански дробени камчиња, или Sachem Purigen. Овие филтер материјали имаат различна цена, easy life symbionitot е околу 900 денари за 300 грама а ќе задоволи филтрација дури на 450 литри вода.

Хемиска е со активен јаглед, и е потребно после третман со лекови. Нема потреба да стои постојано, освен по потреба. Исто и водата ако е матна, може да се додаде активниот јаглен.

Најдобро решение за филтрација е канистер филтерот, со оглед што коморите се поголеми за филтер материјал, и не постои шанса од претекување на водата, како кај стаклените филтери, или постојано малтретирање со рацете во акваирум , со потопни пумпи. Во него имате комора за механичка со сунгери, и комора за биолошка. Лесен за чистење едноставен и скап, е досега идеално решение.Канистрите од Echeim важат за едни од најдобрите канистри со долгогодишна гаранџија, а со цената ги туркаат и Аtman.

П.С. Уште една заблуда,кај аквариумите а тоа е кога станува збор за риби на дното, познати како ЧИСТАЧИ. Ниедна риба не ја создала природата да чисти туку према исхраната се одредуваат. Кога рибите не ја дојадуваат цела храна, настапуваат торакатуми, коридораси, и други риби што се хранат од дното. Алгите што постојано се лепат на стаклена површина ги јадат алгарите како анциструси, плехостомуси, ајмонери, сае итн... па дури и живоротките. Најдобар избор према мене е отоцинклусот, и анциструсот, ради малата големина , плехостомусот расти и до 70 цм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: strasko and ipopovski

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Водата како животна средина на аквариумските риби треба да исполнува одредени услови, меѓу кои најважни се:
Хемиска чистота.
Неприродните хемикалии кои се дел од нашето секојдневие (сапун, детергенти, вештачки бои и разни отровни материи) можат неверојатно бргу да доведат до помор на целиот жив свет во аквариумот.
Исто така постојат опасни отровни материи кои се создаваат во самиот аквариум како нузпродукт од метаболизмот на рибите, како и со распаѓање на остатоци од храна, мртви делови на растенијата или други отпадоци. Тоа се нитритите, нитратите и разни гасови како метан, амонијак и сл. Овие материи се многу опасни, пред се затоа што нивното присуство не може да се забележи визуелно (не ја заматуваат или обојуваат водата), а можат да предизвикаат сериозни проблеми во аквариумот. Можат да бидат отстранети со замена на дел од водата од аквариумот со свежа вода, додека за редуцирање на некои отрови може да се користи и активен јаглен. За мерење на нивното количество во водата се користат повеќе тестови (сликата лево).
Бактериолошка исправност.
Аквариумската вода во никој случај не може да биде стерилна, дури и ако како таква е внесена во аквариумот. Во неа секогаш ќе се наоѓаат разни микроорганизми, протозои, бактерии, габи, па и вируси. Од особена важност е во аквариумот да се развијат сапрофитски бактерии кои ќе ја разградуваат мртвата органска материја, а истовремено ќе делуваат превентивно по здравјето на рибите, заземајќи ги просторот кој во нивно отсуство би го зазеле некои паразитски бактерии или други патогени. Сапрофитските бактерии се важен фактор во биолошката рамнотежа на аквариумот.
Тврдост на водата - dH.
Под тврдост (тврдина) на водата се подразбира количеството на растворени соли (минерални материи) во неа. Колку количеството на растворени материи е поголемо, толку е водата потврда.
Тврдоста на водата ја изразуваме во германски степени - dH (deutcshe Harte). Еден германски степен (1 dH) означува 30mg CaCO3, или 10mg CaO, или 7,14mg MgO во еден литар вода.
Доколку ја мериме само количината на растворените карбонати ( CaCO3, MgCO3) тогаш станува збор за т.н. карбонатна тврдост, која се означува со dGH. Исто така, ознаки за карбонатна тврдост кои можат да се сретнат во литературата и трговијата се GH, или KH.
Бидејќи во водата постои и т.н. некарбонатна тврдост, практично е да се мери вкупната тврдост на водата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Според општо прифатените стандарди разликуваме:
Многу мека вода .......... од 0 до 4 dH
Мека вода .................... од 5 до 8 dH
Средно тврда вода ....... од 9 до 12 dH
Тврда вода ................... од 13 до 20 dH
Многу тврда вода .......... преку 20 dH
Тврдоста на водата се одредува со помош на тестови кои можат да се најдат во продавниците за акваристика. Мерењето обично се изведува така што во специјална кивета (која е дел од приборот) не наливаат 5ml вода и во нив се капе од индикаторот (тестот), се додека бојата, која на почетокот ќе биде црвена не се промени во зелена. Истовремено ги броиме капките. Една капка означува 1 степен тврдост. Доколку водата уште по првата капка се обои зелено, тоа значи дека во водата нема минерали или карбонати (dH или kH e 0). Доколку во киветата налиеме 10ml вода тогаш тврдоста ќе биде половина од бројот на капките, со тоа што добиваме попрецизни резултати, од половина степен.
На тврдоста на водата во аквариумот може да влијае подлогата, па затоа треба да се избегнуваат карбонатни камења или песок (објаснето на страницата Уредување на аквариум).
Во случај на потреба да се смали тврдоста на водата, тоа може да се изведе делумно, со провривање на водата со што карбонатите ќе паднат на дното во форма на бигор, или целосно, со помош на јоноизменувачки смоли.Киселост на водата - pH.
Водата во природата содржи извесна количина на супстанции кои делуваат алкално (базично) или ацидно (кисело). Дестилираната вода не содржи вакви материи, па според тоа е неутрална. Исто така, и водите кои содржат рамномерна количина на базични и кисели материи имаат неутрална реакција.
Киселоста на водата се изразува на pH скала од 1 до 14. Вредностите под 7 означуваат кисела средина, додека над 7 базна. Вредноста од pH 7 е неутрална.
Во зависност од видот на рибите им одговараат вредностите околу pH 7, што значи блиску до неутрална реакција. На пример, на живоротките им одговара неутрална до слабо базична средина (pH 7 - 8,5), на африканските циклиди базна (pH 7,5 - 8,5), додека јужноамериканските циклиди бараат слабо кисела вода (pH 5,8 - 6,8). На некои видови, како на пример лавиринтките, реакцијата на водата не им е многу значајна. Рибите можат да се навикнат на ракција различна од онаа која ја имаат во нивната природна средина, но сепак, вредностите под pH5 и над pH9 се погубни за повеќето риби и растенија. Исто така, наглите промени на бредноста, па и ако се во границите на дозволеното можат многу неповолно да влијаат на рибите (pH шок).
Тестовите за мерење на киселоста се користат на следниот начин: во кивета со 5мл вода се додаваат 4 капки индикатор, водата се протресува и добиената боја се споредува со еталонот кој е дел од сетот.
pH вредноста може да се спушта (кон кисела средина) со помош на тресет (водата се процедува низ него или се додава екстракт од тресет во неа), потоа со лимонтус, ортофосфорна киселина или специјални минус средства, а може да се подига кон базна со помош на сода бикарбона.Рибите кои ги чуваме во аквариум доаѓаат од многу видови на опкружунање во природата.
Како совесни акваристи нашата цел треба да бие што повеќе да им ги префрлиме природните услови на рибите во аквариум.
Во модернара акваристика се повеќе расте трендот кон биотопските аквариуми, што значи дека аквариумот
се базира искључиво на одредено географско подрачје, што значи дека рибите, растенијата, па дури и параметрите
на водата се совпаѓаат со истото, и ништо друго не се меша во аквариумот. Како и да е, во овој текст нема да се задржиме на
специфичните типови на биотоп, вода туку ќе биде малку поопштено, за главинте типови на вода во аквариум,
како и генерланите принципи ма хемијата на водата кон кои би требало да се придржуваме
Вода за пиење
Има неколку работи кои треба да се разгледаат кога се зборува за водата а пиење во нашите аквариуми. Колку што ни е на сите познато претпријатијата кои ја пренесуваат водата во нашите домови, во водата за дезинфекција користат хлор. Ова значи дека со ова ја прават водата квалитетна за пиење, но исто така значи дека може да има и несакан ефект кај корисните бактерии во нашиот аквариум, кои се и тоа како важни во “нитро“ циклусот во аквариумот. Има многу комерцијални средства за третиранје на водата против хлор, и другите тешки метали кои се наоѓаат во водата за пиење, и треба да ги користиме во третирањето на водата за аквариум пред да ја ставиме во аквариум. Хлорот исто така може да се отстрани со аерација на водата преда да биде ставна во аквариумот. Во некои места во Македонија во водата има и нитрати па би требало да се третира дирекно од чешмата. За ваков вид на третирање се користи РО апарат(апарат за реверсна осмоза). Овој апарат ја третира водата дирекно од чешма и отстранува скоро се од водата, хлорот нитратите и фосфатите, останатите хемикалии, и исто така повеќето минерали кои ги има во водата за пиење. Водата од РО апаратот е многу чиста која и не е погодна за рибите во аквариум, затоа се користат некои продукти кои и ги враќаат на водата потребните елементи. Значи дека пред на го наполниме аквариумот треба да се третира водата, за да може да има обезбедиме “удобен“ живот на нашите риби.
Киселост и тврдина на водата
Има две работи кои треба да ги знаема кога е во прашање тврдината на водата.
И тоа: генерална тврдина на водата која се мери на скалата за (gH) и карбонантна тврдина на водата и која се мери на скалата за (кН) .
Генералната тврдина на водата е мерката која ни кажува колку тврда или колку мека е нашата вода.
Така да кога зборуваме за дискусите дека има треба мека вода, и кога зборуваме за малави циклидите дека
им треба тврда вода, тогаш, мериме со gH скалата за мерење на тврдината на водата.
Генералната тврдина(gH) е мерка која која главно ни го прикажува присаството на калциум и магнезиум во водата,
но исто така и на други минерали но на пониско ниво. Колку поголема gH имаме толку и потврда е и водата што ја имаме.
Карбонантната тврдина на водата е мерка која се однесува на променливиот капацитет на водата,
на пр. Колку стабилна е водата во одржување на рН на водата. Мерката за карбонантна тврдина(кН)
го мери нивото на карбонати и бикарбонати во водата. Колку е поголемо нивото на кН толки повеќе ге има промени на рН. Скалата за рН ја мери киселоста и алкалноста на водата.
Со индекс 0 водата е најкисела, а со индекс 14 водата е најалкална.
Повеќето акваристи знаат дека различни риби сакаат ралична рН на водата , во зависност од тоа од каде потекнуваат рибите во светот.
Но рН е исто така врзано за карбонантната тврдина на водата, и ако добиеме дисбаланс помеѓу овие две,
работите можат да тргнат наопаку во нашиот аквариум и да добиеме “експлозија“ на рН.
Како што и самото име кажува “експлозијата“ на рН може да доведе до рапидно намалување на киселоста во водата.
Овој настан произлегува од “нитро“ циклусот во нашиот аквариум, кој исто така произведува и водород кој ја закиселува водата.
И ако имаме стабилен кН тогаш немаме пробелм, тогаш јоните на јаглерод се врзуваат со јоните на водород, кои ги спечуваат да ја закиселуваат водата.
Но проблем е кога имаме недовлно јони на јаглерод во нашите аквариуми, кога ќе се поврзат јоните меѓу себе,
и остануваат повеќе слободни јони на водород кои произлегуваат од “нитро циклусот“.
Ова води до закиселување на водата, односно намалување на рН нивото во водата.
Кога рН ќе падне под 6 тогаш почнува да ги убива корисните бактерии во нашиот филтер.
Ова предизвикува подигање на нивото на амонијак во нашиот аквариум, кој е штетен за рибите.
Но сеуште имаме време за реагирање затоа што на ниски нивоа на рН амонијакот се претвора во амониум,
кој не е толку токсичен за рибите и имаме време да реагиаме.
Рибите ќе ги прифатат горе наведените услови, но постојано ќе бидат на некое ниво на стрес, и ќе бидат многу подложни на болести.
Како може да се спречи овој проблем? Ова може да до спречиме со регуларни промени на вода, редовно додавање на СО2 во аквариумот, и со стабилен кН.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Канзуров

Нов член
23 февруари 2012
5
3
3
29
Novo Lisice
Тоа ок, не се закачаат, ама за изгледот викам каша попара. Да ти кажам искрено, во акваристички продавници денес ќе најдеш СЕ само она што ти треба нема да го најдеш. Ете сам гледаш, си ставил пластични школки во аквариумот, а тоа е инспирација од некој кич дизајн, слика, филм цртан филм или било што, си ставил украсни камчиња и тие цефки или што и да треба да значат. И истите тие “украси“ што ги викаат ги продаваат по големи цени, 300, 350, па и 500 а немаат никаква функција во аквариумот.Тие пластични цефки или што и да се подобро изгледаат скриени, едино ќе им служат на мали риби коа се измрестени или на чистачите.. школки, боенки глупости не ти требаат, значи има разлика од таква слика, до добар акваскејпинг како овој:

nano_2007.jpg


images


images




pickby.jpg


Eве мал пример значи, со малите аквариуми, НАНО се викаат, може најдобро да се експериментира, и да се направи совршен и едноставен аква скејпинг затоа што не бараат многу деталји. Обично се редат со камчиња и ниска трева, а назад се остава поголема, или пак како оние погоре. Се што гледаш во аквариумиве е природно. И акваристиката е да го донесеш природниот баланс на природата во една мала тегла со вода. Е сеа тоа НИКОЈ не го може, но наше е да пробаме.

Зошто вистинска трева?

Тревата зема CO2 а испушта кислород. Рибите дишат Кислород а испуштаат CO2. Едноставна природна заедница.
Рибите создаваат измет, а изметот им служи на растенијата како гној. Ако нема растенија, изметот ќе се раствори во водата, и ќе се создадат отпадни материи и ќе изумрат рибите, а доколку не само ќе се мачат.
Храната распадната, недојадена, скапува и создава фосфати. Растенијата ги користат како храна. Значи со растенија, до чист аквариум. Не е чистотата во водата, туку колку таа вода содржи отпадни материи создадени по природен пат.


Према мене, незнам од кај си, ама поразбарај живи растенија што не се многу захтевни. Ако сакаш повеќе живот за растенијата ќе ти кажам финта како се прави супстрат за растенија без да даваш пари.Ќе ти треба и осветлување да земиш добро, 2 -3 штедливи неонки по 40тина вати се топ. Евтина инвестиција и добро осветлување.
Се останато ти е океј, макар што јас ако сум во прашање би го тргнал тоа генетско модифицирано чудовиште КАРАС со 3 задни перки. Тоа ти иде нешто како мачка со 6 нозе... Вистинскиот карас вака изгледа:

goldfish.jpg



За овој мал аквариум, и да немаш мака, направи го тоа погоре, и земи си неколку гупи, ксифо, платки, и така нешто само не го преполнувај. Ќе ти биди забавно:)
Абе да,јас истово го сакав коа го правев аквариумот.Читав низ разни форуми,статии и што ти не,за да го направам баш ова што е на сликиве.Ама коа неможеш да се снајдеш во нешто,коа си почетник,тоа е...Коа купував риби,му викам на продавачот кажи ми што се дали се става нешто под песокта,дали имаш растенија,што вид на растенија итн..ОН ми вика ајде бе што ке ти се растенија глупости,ке си купиш вештачки и нема да си се замараш. И ај што да правам,да те викнам тебе домада ми го направиш аквариумот? Не,си направив како што беше најлесно,рибите беа купени и нејќев да експериментирам :)
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Абе и мене исто ми викале. Ја имам горе објаснато и во други теми, дека растенијата живи се битни за биолошката филтрација. Да не беа сигурно ќе ставев вештачки, еднаш го ставам и цел живот убаво нареден изгледа, нити да кастрам растенија нити цо2 да додавам ни подлога, букваслно ништо. Поентата на ова е што прават филтрација цел отпад од рибите го користат како храна за возврат создаваат нешто што им е најпотребно на рибите во малиот сад со вода - КИСЛОРОД.
Затоа имам растенија. За природен аквариум како на сликине, не можам да ти помогнам оти немам дизајнерски способности, и мојот незнам да си го наредам, па викам луѓе што имаат сенс за уметност, за уредување да го наредат, јебига природата не дала кај мене цртање дизајнирање и слично, дала музикалност:D
Така да, ако си за природен, не ми е проблем да ти пмогнам, само пиши БУКВАЛНО СВЕ ШО ИМАШ ВО АКВАРИУМОТ И ЗА АКВАРИУМОТ И ДА ПОЧНЕМЕ:)
 

Аце

Староседелец
2 март 2012
68
28
618
Во зависност од IP
www.ibiz.mk
И јас имам аквариум и имам мали рипчиња. Аквариумот ми е 50цм долг, 30цм висок и 25цм широк а рибите се Archocentrus nigrofasciatus циклиди, доста агресивна риба, јака барем прошлиот пат останаа 6часа без струја :)
Еве како ми изгледаше аквариумот на почеток (сликано со телефон): http://pic.mk/images/KuFAn.jpg
Имам природна тревка како што гледате на сликата.
На почетокот им давав брендирана храна но сега откако пораснаа им давам мелен џигер (40-50денари) и обична храна која е многу евтина :). Ги ранев 2 пати на ден но сега ги ранам 3пати но по малце. Сабајле ги ранам кај 7-8 со мелен џигер потоа кај 3-4 на пладне со другата храна и кај 10-11 навечер со истата храна.
Мојот вид на риба не го обожава многу џигерот иако како што знам од него растат но доколку ги храните вашите риби само со мелен џигер нема да постигнете некој ефект освен многу мрсен аквариум и заматена вода.
Не треба многу да им се дава храна. Филтерот од пумпата најчесто го чистам за викенд сабота-недела кога сум најслободен.
Поради што е во топла просторија поставен аквариумот и водата испарува па така да редовно му дотурам малце вода. Водата не треба да има хлор па затоа најдобро е да чувате една туба вода која ќе биде преседана. Еднаш месечно им ја менувам водата.
Тоа е тоа накратко кажав.
Акваристика е интересно но и скапо хоби, прекрасно е да ги гледаш рибите и да ги одржуваш. Треба хигиена, не одзема некое големо време.
Наскоро ќе ставам некои слики од рибите, иако уште ми се мали и ги имам во голем број (некаде 30-40).
Доколку нешто ве интересира пишете може понатака и да размениме некое рипче :))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
И јас имам аквариум и имам мали рипчиња. Аквариумот ми е 50цм долг, 30цм висок и 25цм широк а рибите се Archocentrus nigrofasciatus циклиди, доста агресивна риба, јака барем прошлиот пат останаа 6часа без струја :)
Еве како ми изгледаше аквариумот на почеток (сликано со телефон): http://pic.mk/images/KuFAn.jpg
Имам природна тревка како што гледате на сликата.
На почетокот им давав брендирана храна но сега откако пораснаа им давам мелен џигер (40-50денари) и обична храна која е многу евтина :). Ги ранев 2 пати на ден но сега ги ранам 3пати но по малце. Сабајле ги ранам кај 7-8 со мелен џигер потоа кај 3-4 на пладне со другата храна и кај 10-11 навечер со истата храна.
Мојот вид на риба не го обожава многу џигерот иако како што знам од него растат но доколку ги храните вашите риби само со мелен џигер нема да постигнете некој ефект освен многу мрсен аквариум и заматена вода.
Не треба многу да им се дава храна. Филтерот од пумпата најчесто го чистам за викенд сабота-недела кога сум најслободен.
Поради што е во топла просторија поставен аквариумот и водата испарува па така да редовно му дотурам малце вода. Водата не треба да има хлор па затоа најдобро е да чувате една туба вода која ќе биде преседана. Еднаш месечно им ја менувам водата.
Тоа е тоа накратко кажав.
Акваристика е интересно но и скапо хоби, прекрасно е да ги гледаш рибите и да ги одржуваш. Треба хигиена, не одзема некое големо време.
Наскоро ќе ставам некои слики од рибите, иако уште ми се мали и ги имам во голем број (некаде 30-40).
Доколку нешто ве интересира пишете може понатака и да размениме некое рипче :))


Одличен менаџмент на аквариумот, а и рибите сигурно се среќни. Али сеа, пази имаш неколку грешки тоа се:

-Изборот на риби
-Големина на аквариумот
-Хранење


Рибите што ги чуваш, циклидите, знаат да нараснат големи па за циклидите општо познато е оти сакаат голем простор. Мој советг е сепак да намалиш како што кажа си имал 30-40 ако се од овие циклиди, премногу загадување, премногу гужва....ја би ставил само 5 риби и ништо повеќе, кога чувам циклиди ама сепак е мало, за во тој аквариум најубо е да ставиш гупи, ги има во милион верзии и шаренила, моли,ксифо, неонки, тетри , на пример емперор тетристе се мн убави и сл.

Со хранењето, избегавај џигер, тој го користат за во рибниците, кога ќе измрестат риби со цел побрзо да им растат рибите.Кога ќе нараснат идат на колење, во рибници ги ранат со црви, со џигери и се што има протеини да накачат маса па поќе пари да земат од рибата. Џигерот е за да расти , ефектот врз водата е штетен, заеби џигерот лисната давај им од оние брендираните едно паковање ќе ти трае месец дена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аце