Простор за сите вљубеници во рибите. Како го одржувате вашиот аквариум? Совети за менување и чистење на водата, какви рипки чувате, колку пати во денот ги храните, совршена температура во аквариумот, промена на филтерот, декорирање на аквариумот...
Ја имав аквариум ама во него не чував риби туку глушец Кога ми го купи татко ми бев најсреќна..Глувчето не бие вода само јаде зелка и една посебна храна што му ја купувавме..Али за жал мајка ми прозорот навечер го остаила отворен и влегло едно маче и ми го изело глувчето..и трагите од нозете му се гледаа..Од тогаш мразам мачки!
Одлично темава ми дојде како препорачана... Имам полно прашања, вчера со сестра ми зборевме сакаме да чуваме риби.
- Колку пари се, сакаме некој поситни?
- Која е цената на аквариуми?
- Храната колку пари е?
- На колку време се чисти аквариумот?
- Каде да се најде украси за него?
- Најдобро место за чување?
да у право си...
знаеш имам дома некои стакла од шофершабни на кола
може ли да се направи нешто како уникатен аквариум или слабо ???
зошто бе,никој со никого не се закача,ниту јаде,едино тревките малце ги влече тоа карасот
Оди кај некој стаклар и кажи му да ти направи. Скоро сите стаклари прават аквариуми, ќе му кажеш дека ти е за риби да ти го направи поубаво..за вода да не пропушта.
Долу стави му камења поголемки, ама пред да ги ставиш ќе ги зовриеш во вода, а можеш и песок од Pets Shop-овите да купиш, има специјална а не е многу скапа околу 200 денари е. Можеш и некои камења во боја (исто во Pets Shop-овите ги има) да му ставиш и некои тревки специјални за во аквариум..школки и такви работи. Најубаво е да ставиш вода внатре отстоена 2 недели.. Цената на рибите е од 50 нагоре..обавезно купи и „чистач“, и една пумпа мислам дека се вика нешто за водата е. Купи и специјален топломер што се става однадвор на аквариумот за да гледаш колку е водата..
Најубаво е за рибите џигери да мму се дава. Специјална храна е 70 денари кај нас..
Водата се менува на 2-3 месеца..тогаш рипките ќе ги извадите надвор во една чинија ставете ги (подлабока) и исчистете го со жица отстрана убаво и после со вода оплакнете..
Ако имате некое прашање пишете ми слободно